Ех да беше така лесно... имам едно стикерче за кола, Winter is Coming, не ме остава да го ставам. Ова разговор ме потсеќа на баба ми и дедо ми ... Баба ми му вика на дедо ми: Двајцата ко ќе збораме, ти ќе ќутиш!!!
јас книгите ги добив на поклон од мм ми ги купи пред 4 години од лагуна во белград осум книги некаде околу 100евра коштаа тогаш имаше некој попуст мислам дека ги има и кај нас по книжариве ама овде се поскапи
Spoiler Најдобар момент во епизодата,бесењето на Оли.Значи не сум немилосрдна,ама еден кејф ми се напраи кога го видов ѓубрето без здив А тоа што Џон се откажа од титулата,некако не ме изненади премногу,се мислам само што му е планот,можеби ќе сака да оди Винтерфел. И на Арија и ги вратија очите,ја зајакнаа девојката,добро е. Други забавни сцени имаше кај Тирион,како и секогаш,неговите фрази се бесценети,цар е чоекот,единствен Преостанатиот дел од епизодата не ми беше ептен интересен,чекам следни епизоди да видам што се случило со сестрата на Нед и која е мајка на Џон. Дејнерис тотално небитна,е дотаму стигна,а памтам порано едвај чекав да видам како и кога ќе стигне во Вестерос. ИСтото важи и за Серсеи и Џејми,ја изгубија моќта и талкаат бесцелно
епизода 3 Spoiler Добра беше епизодата ама чекаме во следната да биде подобро. Калиси кај заглави не ми е јасно се мислев оти ќе се појават змејовите таму и ќе ја спасат. Тоа како да го гледав во трејлер како змејот улетува таму во долината. Брен ми е најинтересен лик сега, преку него дознаваме интересни приказни, а и кој знае како ќе го спремаат и каде ќе го пуштат после тоа. Брен со таа моќ од друга страна Ариа со својата моќ што ќе ја добие што ли ќе се задеси ако се сретнат. Братчето мало заглави кај Ремзи, за жал. Како можеше не ми е јасно од цел свет кај Ремзи да западне. Серсеи за сега е нула и така и треба. Ај да видиме Марџери дали ќе стапи пак на сцена таму. Санса ич не ја видовме и Теон, а баш ми се топ ликови оваа сезона. Џон ќе замине од стражата и кај ќе фати не ми е јасно, и дали воопшти знае што се случи со неговата фамилија. Санса како и секогаш што се разминува со сите осеќам оти ќе се размине и со Џон. И за крај да Оли, таа дебилна фаца заслужи да се радуваме што ја снема, исто како за Џофри што се радувавме.
Најновата епизода дефинитивно Тирион ми ја направи убава. Се изнасмеав. ВРВ е човекот. Дефинитивно ми е омилен лик.
Spoiler Во мое мислење , сцената со Умбер и Рикон е наместена, не верувам дека членовите на Умбер кој се лојални многу на Старк и кој дел од нивната фамилија беше утепана од страна на Болтони на црвената свадба сеа ќе бидат заедно сојузници... истотака мислам дека главата на волкот не е на Рикон... т.е се надевам, оти нема смисла сите волци ги утепаја... Друго, сцените со Сам и Дејнерис веќе стануваат досадни, мислам супер беа напочетокот али тапкаат во место и веќе не ми е гајле за нивната судбина, и така се бескорисни. Треба повеќе фокус на сцените од минатото и Северот, таму е причата сеа , патем морам да го пофалам го погодиле Нед старк од минатото, и глума и изглед и све. Се надевам ќе има повеќе сцени од минатото, и сигурен сум 80% дека Џон е дете на сестра му на Нед која била силувана од таргериен во таа кулата и овој намерно ќе го сокрие оти тогаш ги убивале децата на таргериен или така нешто(немој да мислите дека е спојлер,го нема во книгите, само теорија е) ќе го прикажат како шок сцена накај 4-5-6 епизода. Оли и бандата и не се радувам толку многу што ги утепаа , ги разбирам, омразата кон дивјаците ги заслепува и го губат разумот. Смешно е што пиша некој на фацебук, за секој еден лош што ќе утепате , двајца нови ќе се појават. се на се 7/10 би дал на епизодава, кој ли ќе чека до 8-9-10 епизода за шок сцените.
ЗА Брен и кулата Spoiler Кулата во која тргна Нед и Брен сакаше да оди по него. Па прашуваше што има во неа. Е па таму била убиена сестрата на Нед.
Spoiler Ииииииииии Стариот Умбер умре и синот негов го предаде Рикон и Шегидог на Ремзи. Зоштооооооо????????Зоштооооооооооооооооооооооооооооооооооо???? И зошто Three-Eyed Crow не докажа што се случуваше во Кулата на Радоста???? И кој ја обесчести Ашара Дејн за да се фрли од Старфал? И КАЈ ЗАМИНА ЏОН СНОУ???????????? Леле колку прашања се отворија.... не е фер паааа
Spoiler Умрела таму, не значи дека била убиена. Ако R+L=J се потврди, веројатно умрела при породување. Претпоставувам во некоја од седниве епизоди ќе продолжи приказната со Кула на Радоста. Ме воодушеви борбата, посебно сер Артур Дејн, штета што не го гледавме повеќе. Жал ми е за Рикон, кутриот, кој знае што го чека. За Џон, очекував дека ќе ја напушти стражата, веројатно сега ќе ги предводи wildlings и ќе тргнат кон Winterfell. Се изнасмеав за Jon's little pecker, he still knows nothing Серсеи е далеку од готова, дури сега ќе биде опасна. Се на се, ок беше епизодава.
Инаку, @Yipman2, Елиа го уби Доран затоа што тој не направи ништо во врска со смртта на Оберин. Веројатно допрва ќе видиме што спрема за Серсеи.
Се изнасмеав со видеава,екипата е прејака и офф скрин А Варис е уникатен,многу кул човече.Исто и Мелисандре,не знаев дека е толку прекрасна во реалноста И толку млада. Инаку многу ја форсираат Софи Тарнер,што знам,мене не ми е ич спешл
Spoiler Од приказната за минатото на Старкови сум сигурна дека ќе има уште. Мислам, лудо би било се' наеднаш да кажат и покажат. Засега се' ми се одвива со задоволителна брзина. Конечно. Никој тоа не го спомна и не му обрна доволно внимание - Варис and his little birds. Луѓе, имам впечаток дека Варис ќе го јаде на некој начин бидејќи го открија. Ако е толку далеку. За тоа каде се упати Џон Сноу - сигурна сум дека ќе направи војска од Дивјаците и ќе тргне на југ. Се надевам дека брзо ќе му скине вратчето на Ремзи и ќе го спаси брат му, зашто ако умре ќе биде премногу. Ги измасакрираа сите од Старк. Се' на се' добра епизода. Колку што беше досадна и бавна серијава во минатата сезона, толку е кул сега.
Spoiler e da de ne ubiena tuku imrela tamu,i jas bezveza tropam.A mislam izgleda na poroduvanje umrela aj da vidime bas vo slednata epizoda.
Spoiler Ухх... Ја би цел ден да гледам Гејм оф троунс! Серијата е во глобала ТОП! Џон Сноу лелеееееееее! Се прерадвав значи. Срцка е. Мило ми е шо ги обеси оние, време е малце да збесни да престани да е добродушен и на сите се да му трпи. Одвај чекам да видам шо ќе напрај следно. Ама претпоставувам нормално дека ќе оди Винтерфел. Дими и Мелисанде пред некое време спомна дека го виде каде што се бори во Винтерфел. Калиси цело време чекам да ја спаси некој змеј. Иначе лошо му се пиши. Интересен податок од епизодата ми беше и дека литл брдс на Варис се дечиња мали. Цело време претпоставував дека за онакви ravens станува збор. Тирион најјак! Дефинитивно треба да има повеќе сцени. Многу е интересен. Дава позитивен шмек на серијата. Ремзи.... Тешко на малиот Старк. Се надевам ќе дојди Џон на време да го спаси. Бран ми е дефинитивно еден од најјаките ликови сезонава. Многу му се интересни враќањата во минатото ја надополнува приказната. Сигурно многу работи важни ќе дознаеме преку неговиот лик. Ариа конечно сјача! Да видиме сега шо ќе дешава. Серсеи засега уште е досадна. Ја чекам да збесни да ги испоколи оние ненормалните. Овај син му па пуси. Жити кралот. Се на се супер епизода!
Spoiler Ми се насити душата заради малото копиле што го обеси Инаку во таа кулата сега ваљда Брен ќе си ја види тетка му (сестра на татко му) кај што го раѓа Џон Сноу и така ќе се дознае дека Џон не е копиле на Нед, туку е дете на неговата сестра и најстариот брат на Денерис Што значи дека Џон е Таргариен
А зошто секој пост е напишан во спојлер? Некој ако ја нема гледано епизодата ваљда не е дотолку да влезе во темава и да чита. Јас ја гледав епизодата и сега сакам да прочитам мислења од други луѓе ама сите во спојлер се и ме мрзи да ги отварам. Убаво е да си скролаш и да си читаш нормално ко во секоја тема.
@Victorian Море не е едно,по ред си се,јас ова го постирав оти го гледав во моментот Зараза е,кога ќе почнеш,немаш крај,од ликот,до реалниот живот ќе стигнеш