Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Луѓе досадна сум,ама мора ова да ви го кажам.Значи прееска откога ја изгледав епизодата,легнав да дремнам и сонував дека се наоѓам во серијата :rofl::rofl::rofl::rofl:
    Многу беше визуелно:D
    Ама не за друго,сонував како ја утепале Санса пред да се сретне со Џон,и овој ја наоѓа мртва,премрзнатa(facepalm)(facepalm):clap:
    Значи ако се деси такво нешто,да знаете Мароска има визии и гледа во иднината,или некоја телепатска врска со сценаристи и Џ.Мартин :lol:
     
    На Someonespecial, anuskaNESTLE, PaLaVa и 12 други им се допаѓа ова.
  2. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
  3. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    епизода 3
    добра епизода ориентирана кон старкови многу ми е драго што Џон ги обеси сер Алистер и компанија си заслужија, се надевам дека нема да се оствари сонот на @Marossa :) и ќе се сретнат со Санса навреме
    Арја нинџа стана колку ќутек доби само, Брен раскажува а Рикон едвај чекав да видам што со него и тој греотица заврши кај Ремзи дали уште еден Старк ќе замине?:sweat: нели Амберовите се крвни сродници на Старкови?
    во Кингс Лендинг ништо ново Серсеи и Џејми никој не ги рецка и Томен исто што кррал ќе беше, кај Дени исто, многу бавно е дејството во Мирен.
    лителфингер фали...

    /SPOILER]
     
    На PaLaVa, Lady Phoenix, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  4. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027
    Не ми беше нешто многу интересна епизодата,некако спора.Најинтересни делови ми беа со Џон и Ариа.Ариа конечно живна и се надевам на уште повеќе акција со неа.Враќањето на Џон ми беше многу чудно иако ненормално многу сакав да го вратат а сега некако онака ми е,дали дека немаше никакво враќање од мртвите во серијава па не можам да се навикнам :D Тирион како Тирион,цар си е, ги обожавам сцените со него.Денерис ми е секогаш досадна,сега посебно.Со Серси и Џејми дефинитивно треба повеќе акција oдносно да мрднат од мртва точка. И приказната на Бран е доста интересна,се надевам ќе се открие на кого е син Џон. Се очекува битка помеѓу Ремзи и Џон па веројатно ке тргне накај Winterfell.
     
    На Marossa, Lady Phoenix, ЈеленаЏиш и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Untitled.png

    [​IMG]

    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Someonespecial, Mishela, anuskaNESTLE и 14 други им се допаѓа ова.
  6. rhcpfan

    rhcpfan Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    651
    Допаѓања:
    1.027

    :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
     
    На Someonespecial, Bender Rodriguez, Yipman2 и 7 други им се допаѓа ова.
  7. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    985
    Допаѓања:
    17.166
    Пол:
    Женски
    Сум ги изгледала наеднаш трите епизоди од новата сезона. Одвај се воздржав од спојлери, ама сега чувството ми е прајслес, тројна доза добиена и одвај чекам понеделник... Секоја наредна епизода ми е подобра од претходната, што само по себе е добар знак и ветува добра сезона. Нема смисла да се навраќам со коментари за прва и втора епизода, затоа само ќе се надоврзам со последната...

    3та епизода - со еден збор прејака! Борбата кај Tower of joy маестрална сцена, ја враќав на неколку пати. Флешбековите на Брен се посебно интересни и интригантни, таман доаѓа она битното и прекинуваат. Во наредните епизоди, можеби и крајот на сезоната тоа ќе биде, очекувам продолжение на сцената кај Tower of joy и конечно да се открие вистината за Џон, се надевам нема да одолговлекуваат со тоа до наредна сезона.
    Џон очекувано беше да ја напушти стражата, не залудно беше воскреснат. Во свој стил замина и Алистер, доследен на своите принципи и верен до крај на стражата. Тоа со доаѓањето на Рикон кај Ремзи се чини дека е само Тројански коњ, испланирано со Лорд Умбер за да го решат болесникот, и онака излезе спојлер дека оваа сезона Ремзи ќе умре. Арја конечно прогледа, Денереис се подосадна и подосадна, Тирион заглавен во Мерин ми е некако off spotlight, во Кингс Лендинг не се знае кој јади кој пие... Неколку непотребни сцени како на пример таа кога Сем повраќаше 10 минути, очајниот обид за хумор на Тирион со Мисандеи и Греј Ворм, ама ај да не цепидлачам повеќе... Се на се одлична епизода! 9.5/10
     
    На LollySky, Elena69221, PaLaVa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Колку само се менува цела сцена... уз таа песна:rofl::rofl:
    Папата бе и Кардишајн.:D
     
    На Bender Rodriguez, Marossa, Legadema и 3 други им се допаѓа ова.
  9. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Луѓе, се подзамислив малце!
    Како што кажав, ги пречитувам книгите, и нормално почнав од првата A Game of Thrones, и стигнав до моментот кога Џон Сноу и ренџерите најдоа две тела од екипата на Бенџен, смрзнати и нели, се претворија во wights кога ги одведоа во Castle Black.
    Џон се бореше со едниот, Отор, во обид да се спаси себеси и Lord Commander Mormont и со газиена ламба запали завеса и ја фрли врз Отор.
    Меѓутоа :!: се изгоре, на десната рака и тоа убаво е прераскажано во поглавјето, како Maester Aemon му ја преврзува раката, па го боли, го пече, па не е сигурен дали ќе може да ја користи и да држи меч кога Мормонт му го подарува Longclaw...
    Ако R+L=J, и Џон Сноу е пола Таргариан и Azor Ahai Reborn, достоен да лета со змеј, зошто би имал мака од изгорената рака?
    Нели Денерис влезе во кладата на Дрого и излезе неповредена?
    Хм....:^)
     
    На Victorian, zhap4e и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  10. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Ќути сега, според сценариово воскресна, па којзнае што ќе се случува. :D
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    But it's soooo confusiiiiiing.....
    Можеби до пред да воскресне ги немаше тие способности, сеа... кој знае. :rofl::rofl:
     
    На Lady Phoenix му/ѝ се допаѓа ова.
  12. BoneMachine

    BoneMachine Популарен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2014
    Пораки:
    862
    Допаѓања:
    3.382
    Koлку што знам во книгата пишува дека Џон Сноу е дете на Едард Старк и неговата прва љубов(не ми текнува како се викаше), нема ништо спомнато дека е Таргериен. Со серијата тоа е изоставено, по се изгледа и сменето. Можеби грешам, ама мислам дека е така. Исто во серијата се целосно изоставени некои ликови како на пример синот на Раегар итн.
     
  13. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Да, Едард го претстави Џон како свој син, а името на мајката не го претстави.
    Но, цело време се сеќава на неговата сестра, на која и вети нешто на нејзината смртна постела.
    Исто така, повеќе пати се спомнува дека Лијана умрела во bloody bed, а според другите ликови и дијалози тоа значи на пораѓај.
     
    На BoneMachine му/ѝ се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    На ЈеленаЏиш, Lady Phoenix и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Кај сте бе троновииииии
    Конечнооо Санса се сретна со Џон, сигурно ќе тргнат во поход против Ремзи. Теон се врати дома а Калиси успеа да направи да и се покорат сите калови дрогови и слично. Ремзи пак шлакнат како и секогаш. Го очекував и појавувањето на литл фингер, ама како би и помогнал пак тој на Санса, како што е за никаде мисли ли оти пак ќе ја намсети нешто. А и братучедот на Санса не е поарен :worried::worried: ретарда тешка. Незнам зошто ич не го дадоа Брен оваа епизода, баш сакав да влезе во кулата, и Ариа исто ја немаше па ќе ги чекаме до следната епизода. Конечно мислам оти време е Серсеи да ги среди тие од судот оти стварно сите граници ги поминаа, како е можно кралиците да ги затворат да ги мачат, а кралот никакво право да нема.
     
    На Lady Phoenix, LollySky, Elena69221 и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    Сега веќе има напредок,се собираат војски од сите страни.Џон и Санса се сретнаа,фала богу редно беше,таму има 2000 војници, а како што гледам Литлфингер ќе им помогне со војската на Арин,се разбира за свои лични интереси,што не е битно засега,се додека го заземат Винтерфел.Можно е и Грејџој да се вклучат,се разбира ако Јара седне на тронот,и Теон покрај неа.
    И Дејнерис мрдна од мртва точка,сега има цела армија Дотраки и се разбира го има Тирион до неа.
    А и Серсеи нешто планира,не се откажува лесно. :D
    Одлична,одлична епизода.
     
    На Someonespecial, Victorian, anuskaNESTLE и 13 други им се допаѓа ова.
  17. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Нажалост, не сум јас. :rofl:
    Имам еден поранешен колега кој е позагрозен од мене, ја изработи макетата на Вестерос.
    Лудак.

    Инаку ќе се пријавам попосле со спојлери.... сеа сум приклучена од 3г хот спот и крапи интернет леле мори мајко.
    Поздрав Андалчиња, се читкаме попосле.

    :f::f::f:
     
    На Bender Rodriguez, Lady Phoenix, Elissa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    795
    Допаѓања:
    2.947
    Пол:
    Машки
    Хајлајтот од епизодата е Џора д аБдал виде цицки :D
     
    На Someonespecial, anuskaNESTLE, Bender Rodriguez и 2 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Искрено епизодава најдосадна досега ми беше од цела сезона, едвај чекав да заврши, воопшто не ми привлече внимание. Единствено јако беше дека Санса и Џон се сретнаа, и последната сцена со Денерис не беше лоша. Друго се беше онака (n)
     
  20. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    :D:D:D
    [​IMG]


    6x4
    Епизодава ќе добие 7/10 од мене.
    На момент помислив дека ќе има сценарио каде Санса доцни и не успева да го види Џон, драго ми е што после 6 сезони конечно некое од децата ќе успее да го најде Џон.
    Castle Black сцените пак ми беа најомилени ,
    - Тордмунд ми се допаѓа како манијачки ја гледаше Бриена и јадеше пилешко, ме потцетува на моите манијачки погледи кога сум во кафана. Истотака го чекам моментот кога ќе дознае Давос која ја изгорел принцезата....

    Друго што ме изненади е одлуката на Littlefinger да им помогне на Старкс, зашто? , кој му е аголот во ова незнам...што ќе придобие он од сето ова, бидејќи сигурно не им помага од што е добар човекот, заради него и почна голема војна и све е утепано.... истотака ако успееш да го придобиеш кралот со поклонување на птица , нема надеж многу за тоа кралство...пиши пропало таму...

    Теон и Сестра му се заедно , конечно, сега ќе треба да се држат заедно оти чичко Еурон ќе дојде, и се надевам Теон нема пак да брца со прстето каде што нетреба.

    King's Landing ништо ново , се договараат 515191 дена да утепаат старец со 200 подржувачи... али Марџери, леле да седиш во затвор со најлоши услови и пак да изгледаш преубаво ..... мојата машка гот страна се надева дека и она ќе шета гола како Серси , мојата разумна гот страна се надева дека ќе преживее и ќе ја утепа Серси.

    Тирион држи мудри преговори кој сигурен сум кога ќе дојде Денерис со 100 илјади војници ќе пропаднат.
    Добра сцена пред све беше и завршниот дел, горењето и придобивањето на илјадници ....

    Замисли доаѓа во Вестерос со змејови со коњи со копја со све , растур правење.. само уште да се реши да тргне.

    Тоа е тоа епизодава, немаше многу акција , повеќе беше бистрење политика и спремање на големата битка помеѓу Џон и Рамзи и борбата за Винтерфел.


    Него прашања што ме замислија читајќи и по форуми и остало.

    Бран може да патува низ времето нели, истотака може да варга луѓе и животни, што ако патувал во минатото и варгува некој човек, што ако Ходор е ходор бидејќи овој уште во минатото го варгувал за нешто и му оставил трауми??
    Или пак ќе има ли нешто како со Хари Потер во третиот дел што беше, кога на крај откри дека сам себе си се спасувал цело време, патувајќи во минатото.
    Може ли да смени нешто?
    Замисли он да му шепкал на Лудиот крал да гори луѓе .....

    Друго Грејџој , што следно ќе прават?, еве во preview следна епизода ќе гласаат кој да биде следниот крал, но што понатаму? , ќе војуваат со кого?

    Што е со Валдер фреј , со блекфиш , со дечкото што го оженија на црвената свадба, со братството, со чичко му на Џон , со мал милион други луѓе што беа 2-3 епизоди и после ги снема.
    Подобро барем ако ништо друго нека ги посетат на 10 минути нив да видиме што се случува, подобро тоа него да ги гледам разговорите помеѓу Серси и компанија, утепани разговори....

    Можат многу , многу подобри приказни и судбини да разгледаат и да ги снимат, може без проблем да трае уште 10 сезони ама ете.... поважно е плачковцине кралски да ги глеаме што муабет прават....
     
    На Someonespecial, Mishela, Victorian и 10 други им се допаѓа ова.