Spoiler Добра епизода, па не мора сите епизоди да се wow спектакли. Всушност последната сцена беше jaка, неочекувана. Добра финта им направи Дени. Тирион е дефинитивно jaк политичар. Вешто ги изведе преговорите всушност купуваjки време дури се врати Дени. Какво такво, решението е наjдобро во моментов, инаку ке го изгубеа и Мирин. Уште еден опасен играч е Petyr Baylish. Тежок манипулант, се гледа дека преку будалетинкана всушност тоj управува со Еyrie. И нормално, знае да процени дека наjголема корист ке има ако ги поддржи Санса и Jon Snow. Го припремаат полека теренот за epic battle за Winterfell, ама не ja очекувам пред таму негде 9-10 епизода. Едит: да додадам само дека ова е прва епизода во коja Санса не ме нервираше. Конечно порасна, стана храбра и самоуверена. Сцената со Jon Snow ми беше ептен емотивна.
Холи факинг шит!!!! Spoiler Или ја ги спуштив минативе две сезони критериумите за серијава или нешо не е у ред со мене штом секоја епизода од оваа сезона ми е ненормално интересна и возбудлива! Санса, Санса, Санса... Каде беше до сега, турурутке една?! 5 сезони ретардација и конечно просветление!!! Леле, ама убрзаа, страв ме фаќа. Криво ми беше што Оша ја закла Ремзи-психо, а морам да признаам дека и писмото му беше поетично на вулгарен начин. Брррр! Гледам нова љубов на повидок - Тормунд и Бриен. Хахаха, колку беше фасциниран. Питер Бејлиш е убедливо најмистериозниот карактер во серијава. Дури и на Варис му ги дознавме тајните, ама Питер мора да има некој дебел интерес штом се реши на овој чекор. И Калиси, ооооо, Калиси! Се разбуди од зимски сон. Шуќур. Башка и цицките и' ги видовме пак. Историјата се повторува. Повторно ќе се издигне од пеплиштата. Ахххх, што правеа цели 2 сезони? Ни ги направија цитрони од досада. Ова е тоа што се бара.
Уф! Секоја епизода се повозбудлива. Едвај ја чекам новава епизода, а за старава - горе се сте кажале, убава епизода, интересен почеток и завршеток, ама сцените со Ланистерови и High Sparrow ми се ептен досадни.
Spoiler Ништо посебно епизодава океј си беше ама не ми е нешто wow. Навистина не очекував дека ќе се сретнат Санса и Џон,мислам редно беше ептен убава сцена. И да Санса конечно звучеше паметно и посамоуверено покрај Џон. Денерис мрдна од мртва точка,навистина интересна сцена беше но не е нешто што го немаме видено.Друго некако се ми беше онака.И заборавив за Ремзи значи го обожавам глумецот како така ненормално добро го претставува со ептен лудачки фаци. Не очекував дека Оша ке ја снајде тоа Најдобар момент беше оваа, каква Денерис и слично Тормунд омилен ми е Love at first sight уште кога стигна
Spoiler Се превозбудив! Конечно, кооооонечно Санса и Џон се сретнаа! Конечно значи! Цела серија се сите на сите страни растргани и никако да се сретнат и се прерадвав дека се сретнаа. Џон сексич е со новата фризура уште поќе . Тирион срце бе. Дипломат невиден. Успева да ги држи под контрола сите дури да се врати Калиси. Ремзи сик фак. Очекувано ми беше нешто вакво уште при самиот почеток на сцената... Знаев дека ќе ја заеби некако Оша. За Санса многу ми е ќеф дека конечно збесна малце се разбуди почна заби да покажва. Сега покрај Џон мислам дека прејако ќе биди. Ќе го еб*т Ремзи! Литлфингр иди напомош дими иако ми нема смисла каков му е планот, и мислам дека со неговата војска и оваа на wildlings ќе успеат да го земат назад Winterfell. И најголемото изненадување во епизодава- Калиси. Мадр оф драгонс. Hell yeahhhh!!! Порано ми беше омилен лик скроз беше badass ама во последно стана напорна и досадна и некако омекна. Ова ми беше баш јако, дека така се постави. Сега и со војската на дотраки ќе биди уштееее појака! Плус му ги видовме цицките . Многу уба е пустата Не знам како не ви е возбудливо и како ви се досадни епизодите... Мене скроз ми се прејаки посебно оваа сезона онака уште од прва епизода јако тргнаја... Дури онака гледам и паузирам, испуштам неартикулисани звуци аууу иииххх леееелеее... Уживам во серијата скроз! Нејќам никогаш да заврши.
многу добра епизода редно беше нешто да се дешава сите веќе се пишале се што се поиздеси мене посебно ми е драго што конечно нешто се случи со Денерис ептен беше во мирување две три сезони и тадам стана пак од пепелта сега на она нејзиното и така долго име Денерис олујородена.....итн......мајка на змејови треба да си додаде и непепелосана
Spoiler Ја вчера почнав да ја гледам епизодата, денес завршив (заспав на сцените у KingsLanding, ептен досадни беа) Немате поим колку бев среќна кога се видоа Џон и Санса и кога се изнагушкаа, ова е вистинска братско/сестринска љубов... Lanisters take notes Очекувам сега да го одерат Ремзи и потоа да го фрлат на неговите кучиња Инаку овој Робин некако благо ретардардиран ми стои, среќа па Литлфингер е таму да управува Знаев дека Даенерис има наследено некој психо ген, се виде конечно во епизодата. Која лудачка насмевка ја имаше додека палеше (да не беше мајка на змејови ќе мислев дека е пироман), ама ако Фали типот во серијава
Spoiler Од цела епизода би ја издвоила прегратката на Санса и Џон... И начинот на кој Тормунд ја гледаше Бриен. Оваков Океј беше епизодата, ама сега ме интересира која е намерата на малото прсте, и зошто сега се вклучува во војната... кој е неговиот интерес? Санса? Винтерфел? Инаку Робин е малку драснат, па лесно е да го манипулираш. Жал ми е за Оша, мислев дека конечно ќе се ослободиме од Ремзи, ама не може да биде толку едноставно во Гејм оф Троунс. И да, сцените во Кингс Лендинг се многу досадни, се осетив дека едвај чекам да завршат. Подоцна прочитав неколку теории во врска со сојузот меѓу Серсеи и Олена, се надевам дека Серсеи не дозна дека Олена го уби Џофри. Денерис се покажа дека е ќерка на татка си, Лудиот Крал обожаваше да пали живи луѓе. Јас прво си мислев дека ќе го викни Дрогон, ќе дојди змејот од некаде и ќе ги потпали Каловите, тоа таа ги запали. Арно им направи, племе вулгарно.
Ја симнувам сега Еве за некој што му треба торент Spoiler: епизода 5 https://kattorren.com/game-of-thrones-s06e05-leaked-webrip-czt-t12641626.html
Солиден за ликната епизода. Не знам што да напишам за епизодава во спојлер, без зборови останав. Многу работи си доаѓаат на свое место.