За торентот од thepiratebay треба да имаш utorrent програма за да можеш да го симнеш, затоа можеби не ти успева.
Стварно а која е оваа Мелисандре , сега првпат ја гледам која е нејзината улога? И од машка страна вака ми се допаѓаат обичаите кој ги има главниот на селото што си ги мажи керките И волци и змејови и зомбиња(т.е шетачИ) и бродови и иљадници војски и преубави кралства SOUNDS FUN
Мелисандре Спојлер е свештеничка, му се покорува на Богот на Огнот и сенките, не верува во старите богови во кои веруваат другите. Таа верува дека Станис е воинот што ќе ги порази сите, кој е испратен од Богот на огнот. Инаку многу моќна жена, исто така и маѓесничка. Има многу трикови во ракавот. Станис е буквално заслепен од неа и слуша се што ќе му каже.
Ја изгледав цела прва сезона во еден здив и морам да кажам дека сум воодушевена од актерите, од приказната, од целиот концепт! Спојлер P.S. Огромна благодарност до сестра ми што ми ја препорача серијата!
И јас Станис не го замислував вака. Го замислував некако помажествен, по моќен...незнам Денерис каква е преубава, посебно со змејот на рамо. Од невин и наивен лик ја ставија во центар, ќе биде изгледа најголем бед ес мадафака. Само ве молам тие што сте ја читале книгата да не пишувате ништо што и како ќе се деси, да не ни се расипе уживањето на нас што не сме читале и што чекаме епизода за да видиме што и како ќе биде. Добра беше епизодава, немаше многу акција, ама му доаѓа како еден вовед во она што не очекува. Тој кралот Џерфи каква антипатична фаца е. Абе сите актери ми се погодени, како ги доловиле ликовит, алал да им е. Ми недостасува Нед, ко да не е целосна серијата без него. А Дрого ми беше еден од омилените ликови
Да, точно, помажествен и јас го замислував Станис. Ама од друга страна Сер Давос ми е совршен. Уф толку многу работи, толку ликови, а малку време. Башка имаат додавано свои сцени, ваљда поради тоа што не можат се да прикажат, па полесно да се снајдат гледачите.
Изгледа дека нема толку долго да чекаме за втората епизода... http://extratorrent.com/torrent/2654796/Game of Thrones S02E02 WEBRip XviD-3LT0N[ettv].html Колку што читаме од интернет someone leaked it.
Снимката е ужас невиден, жал ми е да ја гледам така. И плус голема работа ако сега не чекаме една недела, тогаш за наредна епизода пак ќе чекаме 2 недели
Хмм се изненадив кога видов 2ра епизода на замунда , се разбира у топ 5 , поточно на второ место у симнување .... ќе ја гледам оти немам трпение да чекам оригиналот следниот понеделник којзнае можеби цела сезона ќе ја "ukradat"
Втората епизода не е „украдена“, туку на HBO GO што е канал достапен само за САД, ја давале како екслузивно и што ти знам
Помош ! Ќе може да ми дадете линк од првата сезона? Т.е. не знам дали ги спуштате епизода по епизода или целосно. Исто не сум во тек - втората сезона е излезена целосно или ги спуштате епизода по епизода? Благодарам
Повели линк за првата сезона http://kat.ph/game-of-thrones-season-1-complete-t5585630.html Инаку дури од 1 април почна да се емитува 2-та сезона и досега две епизоди излегоа
Според мене да, барем сега за сега. Многу се различни сериите, неможе баш да се споредува. Ама оваа е далеку поквалитетна, и кастиг и сите тие работи, поголем буџет. Тјудорс е историска драма, стварно постоечки ликови со извртена постоечка приказна. Некако таму акцентот ми беше на љубовните приказни на Хенри и неговите жени, деца.... Оваа е сосема различна, измислен свет со измислени кралства и борба за тронот. Многу повеќе ликови, борбата е во преден план, и сојузништвата меѓу кралствата. Али ако си ја сакала Тјудорс мора да ја сакаш и оваа
you dare ask such questions you shall kneel and beg for forgivness or the winter shall come in your house as well
Лиѓе јас се загубив малку, Станис кој беше, мислам видов кој е во епизодава ама не ми текнува каде владе тој?
Станис e Лорд на Каменот на Змејот. Спојлер По смртта на брат му, кралот Роберт, Станис како најстар има право на престолот и се прогласува за крал. Нели, Кралот Роберт немал свои деца со жена му Серсеи, па така Станис се бори за престолот.
Сношти ја изгледав првата епизода. Не знаев точно што да очекувам, па постојано бев на штрек (да не ми излезат некои чудовишта, плашлива сум). Како и да е собрав храброст и продолжив да гледам. „Боромир“ глуми - немам гајле! ~ Аман бре, шо ќе беше она блудничење? Премногу нападно и без осет. Се згрозував на сцените. Како животни бре! Вечер, втората епизода.