With all the power vested in me... одобрувам Мојт. Кујзнае. Бриана рече дека го убила, ама дали? Ништо чудно да го „оживеат“ кога ќе им затреба играч на другата страна...да пополни некоја дупка во сценариото Од тизерот што го видов синоќа... интересна ми се виде следнава епизода. Можда ми се причини или ќе се појави Gendry, коп*кот на крал Роберт (едит: а, не грешка..не сеуште) Spoiler Интересно нешто ќе се дешава со Серсеи и Ланистер убавецот и Бриана. Чекам јас уствари, Серсеи the bitch да се обузда и да се врати во своја првобитна положба. Ја сакам силна. Старката и ја поткрши кичмата ок.... нека да испадне оваа шлаканица...а wake up call.
Бриен го уби Станис. Ја покажаа таа дцена, не е само да веруваме на збор. А златно правило во ГоТ е дека некој умира само кога ќе го видиме дека умрел. А понекогаш и не. Само откако го видов трејлерот за следната епизода, сега сакам да ја преспијам целава оваа недела и да се разбудам во понеделник. Не можам да дочекам. Иначе, фала на кој и да беше шро пиша повеќе за Блекфиш, зашто јас имам меморија на рипка, па стварно не ми беше јасно што е поентата. Во превод - се' сум заборавила.
епизода 7 Spoiler епизодава чинам затишје пред бура , ама мора да има и вакви повеќе зборувачки епизоди за да се знае подобро кој, што и како Пукнав од смеење кога Лејди Мормонт рече дека им дава 62 војника , кој знае колку очекуваа.Нормално е дека куќите заколнати на Старк не ги подржуваат Санса е Болтон(беше Ланистер) и многу арогантна а Џон е копиле башка го прекрши ветувањет дадено на ноќната стража и тешко дека ќе соберат северњаци освен ако не им помогне некоја војска од југот (онаа од долот или на Црна Риба) И војнициве(синовите) на Фреј беа жив циркуз така тргнале да го освојат замокот Кучето е жив едвај чекам да видам како ќе се пресмета со Планината За Аарја потскокнав многу ја прободе оваа кравата искрено се ндевам дека ќе и врати Марџори многу умно постапи има таа некој план а пак баба и како и го плесна на Серсеи свака част едвај чекам да излезе следната епизода ,
Според книгата Кејтлин ја утепаа на Црвената Свадба а Црвен свештеник што е член на братството без знаме ја оживеја како што направи Мелисандре со Сону а Црната Риба излезе случајно од свадбата и така се спаси е сега како сценаристите замислиле ни останува да видиме како што кажаа членките погоре во ГОТ дур не видиш леш или летната глава нема гарнција дека некој е мртов
Има ли теорија Кејтлин да е жива ова прв пат го читам јаоо. Инаку ај кажете ми што бара Бриен кај Џејми, до тука ли дојде од нив помош да бара а тие цела беља ја направија се живо убија. Роберт, Нед, Брен го унаказија и од нив ли помош, од пакосниците ради кои се тргна наопаку.
И покрај тоа што не видовме како Бриен го докрајчи Станис, сепак се сомневам дека е жив. Имаше тој своја улога, доста му беше. И да е жив, се сомневам дека би му помогнал на Џон Сноу, оти сепак го сака тронот за себе. Уште сплетки претстојат, ама сега веќе не знам што да очекувам. Верувам дека Арја ќе се извлече, мислам дека ќе и помогне онаа актерката од театарот... барем колку да се оправи... не знам кој друг би и помогнал таму каде што е.... За Бриен и Џејми ќе видиме во наредната епизода... Гендри не го видов во трејлерот за наредната епизода, кај го видовте? (некој спомна погоре). Мислев дека со него е завршено.
Сакам само да споделам една интересна фан-теорија, која иначе се појави на форум 6 дена пред излегувањето на последнава епизода - за Арја и другата no-one девојка која ја прободе на крајот од епизодава: Плус, надоврзување на оваа теорија, за кое веќе знаеме дека (најверојатно?) нема да се оствари, ама сепак ќе беше прилично awesome: Spoiler Заклучок: Сценаристи на серијата и Џорџ Мартин, читајте малце поише по форуми (може да ѕирнат и на нашава фемина ) какви идеи и теории имаат фановите - шансите се дека се подобри од она што вие го имате смислено.
Да, знам за тоа ама нема правила во серијава. Многу работи не се случуваат баш како во книгите, освен тоа, ова е само уште една од многуте теории на фановите. И јас се надевам дека ќе ја вратат Кејтлин. Бриен не отиде кај Џејми туку ќе се сретнат кај Блекфиш. Уште Литлфингер фали да се телепортира таму. Тој па како временска машина да има, како брзо се шета од едно место до друго низ Вестерос.
ради сликава мислам дека ќе ја вратат Кејтлин во серијата може таа ќе е Лејди Стоунхарт може не кој знае како ги скоцкале натамошните дејства
Ааааа луѓе ајдееее се спремаааааа! Скроз сум возбудена од серијата! Одвај чекам понеделник да дојди таман и последниот колоквиум и нова епизода гејм оф троунс. Со Ариа многу ме интересира шо ќе се деси. Не е можно да умри. Мислам се е можно, ама ај не. Не знам што се жалите побавни биле последните две епизоди, па не можи секоја епизода да биди врв. Мора да има некаква кулминација на крајот. Баш затишје пред бура. Мене воошто не ми е досадна ни една минута од серијата. Леле она малата Лејди Мормонт или како беше. Хаха badass. Се изнасмеав кога му рече 62 војника ќе му даде. Срцка. Хоунд океј, ништо чудно не ми беше очекувано. Ја чекам Серсеи да збесни да ги испоколи сите оние ненормалните. Санса почна по малце да ме нервира, јесте ја чекавме да збесни ама малце бичи ми е на моменти. Се надевам ќе се деси нешто јако во следната епизода. Леле нејќам да завршиииии
Баш пред некој ден читав теорија за Арја, дека тоа девојчето што ја мрази и што ја повреди всушност е втората половина на Арја т.е. No one...и сега кога ја повреди, фактички "no one" ја повреди Арја, т.е. преовладува желбата да стане НИКОЈ. Тоа девојче никој не го гледа освен самата Арја, и оној главниот што ја вежба. Ете и тогаш кога беше слепа, таа идеше и со стап ја тепаше, а никој во близина не реагираше...мислам стварно нема логика никој да не се замеша да ги раздели, ако видат дека некој со стап толку насилно тепа слепо девојче што проси. Луѓето околу ја гледале Арја сама како мафта со стапот. Кога ја читав теоирјата имаше нокоја логика, па ај ќе видиме...се е можно. Или крај краева ако постои девојчето, тогаш оној главниот е направен како Арја па таа го рани него т.е. тој го жртвуваше животот за Арја...а Арја е веќе избегана.