Luge help .... ako nekoj ima soznanie od kade moze da se simne elektronska verzija na knigata Igra Prestola(taka glasi naslovot na srpskiot prevod)bidejki makedonski tesko deka ima.... da mi dadete link....ili eventialno ako nekoj ja videl po knizarive da mi kaze....thanks
http://www.baneprevoz.com/autori/george ... artin_724/ Тука ги има сите книги на српски. И те замолувам да пишуваш на кирилица.
Game of Thrones BREAKING: Game of Thrones has been renewed for a third season. Share this update and spread the word across the realm.
Не е подобра. Ако веќе дошле да се споредуваат, Тјудорс е историска серија, колку и да додаваа, пак суштинските работи не се менуваа и беше базирана на факти. Игра на тронови е со многу висок буџет и затоа е толку најавувана па се крева фама околу неа, а во врска со приказната, првата сезона ја изгледав целосно и не видов ништо посебно. Искрено, јас лично не знам што толку гледаат во неа луѓе, имало и има многу подобри американски серии. А кога ќе подразмислиш најверојатно и сцените на благо порно придонесуваат за нејзина популарност. А сеедно, ако си љубител на Господар на прстените или.. Хари Потер .. изгледа ќе ти се свиѓа. Мене не ме воодушеви. А, да.. велат книгите дека биле добри. Можеби да ги прочитав ќе бев поголем ентузијаст при гледањето, ама вака сама по себе.. серијата не ми привлекува внимание.
Со задоцнување ја гледав последната епизода Што тоа свушност искочи од црвената вештерка ? и јас сакам такво
Сериозна си Игра на тронови е дефинитивно подобра.Јас сум фан на историски филмови и претежно гледам такви, и слободно можам да кажам дека Тјудори не е добра колку останатите историски.Актерската екипа неможам да ја сварам, да ја изгледав прва сезона чисто ради тоа што е историска серија и не беше толку лоша ама Игра на тронови(тргнувајќи го фактот дека не е реална приказна) е далеку далеку подобра.Остај буџет, актерите се кој од кој подобар, совршена актерска екипа,ефекти исто,сценографија, костимографија и се останато, совршено.А и приказната е толку добра...јас пак не сфаќам како може да не му се допаѓа некому, али се е вкус, јас сакам приказни, со змејови и чуда па може затоа,но уште еднаш ќе кажам само жанрот не одредува колку е добар еден филм, серија и сл. Ќе кажам мене ми се допадна донекаде и Тјудори, ама не се мери со оваа дефинитивно.
Не сфаќам, кој дел од напишаното делува како да се зезам? Јас не ја искритикував актерската екипа на Игра на тронови, туку реков дека самата приказна не ми е ништо посебно. Книгите нели кажав, не сум ги прочитала за да знам какви се, но серијата после изгледана цела сезона не ме фасцинира. Високобуџетна е и нормално дека ќе ја најавуваат и експонираат, тие пари мора да се вратат некако, а кај поголемиот дел од јавноста сигурна сум дека упали поради сцените со насилство и експлицитен секс. А инаку што и фали на актерската екипа на Тјудорс? Освен тоа што Џонатан беше премногу младолик, всушност млад за ликот што го играше..? Не е темата за Тјудорови, ама не разбирам што им фали на Сем Нил, Питер О Тул, Натали Дормер , Џејмс Фрејн..? Не е дека Тјудорови е најдобрата историска серија што јас сум ја гледала, уствари повеќето серии од тој жанр многу не се разликуваат, ама оттука и тој што не го интересира историја, може да се заинтересира да научи нешто. Во Игра на тронови навистина не гледам поента. И не е дека не сакам фантазија, ама ова.. не ме влече. Е, да сцените со Дотраките ме засмејуваа.. Не, се уште не гледам која е 'магијата' во серијата
Спојлер Што беше чудото што го роди црвенокосата?Колку беше морничаво само. Сакам да ја прокоментирам епизодава.Ќе почнам од Денирис, колку само ја обожавам, прекрасна ми е и совршено си одговара со змејчињата покрај неа, ама Дрого фали, беа одличен пар.Кога ќе пораснат змејчињата мислам дека ќе биде помоќна од сите заедно. Овој Џофри значи неможам да го сварам, кога го гледам ми се иде да му пукам у фаца, значи толку одвратно лице.Јас мислам дека е педер мајке ми, не сака жени,ги мачи, психопат, колку само ја понижи сиротата Санса, многу ми е криво за неа, најмногу од сите настрада таа. Некој ми спомна дека серијава(или книгите) ќе завршат доста морничаво, нешто како ќе изумреле сите или ќе станале од оние белите Некој има сознанија за тоа или само муабети слушам.
Мојата омилена серија Првата сезона ја изгледав најмалку 10 пати, но бидејќи веќе немам дома МахТВ може ли некое спојлерче да ми кажете што се случува во вторава сезона? Нетрпелива сум
Ако веќе споредуваме ниту Тјудорови не го прерипна експлицитниот секс. А и кога сме кај тоа што упалило, тогаш кај јавноста Тјудор упали со Џонатан. Не оти му беше погодена улогата, него што се попаливме по него Да не претеруваме со споредби, реално ако го оставиме вкусот на страна на кој што му се свиѓало и што сакал, факт е дека Троновите е далеку подобра серија. Почувајќи од деталната обработка на приказната, деталното доловување на карактерите, толку многу карактери а за сите имаме доволно објасување кои се и што се, не само површно нафрлани, кастиног, секој глумец е совршен за улогата, нема промашување, сценографија, визуелни ефекти... И не, не ја гледам зашто била форсирана или високо буџетна. И теранова ја форсираа и потрошија 8.000.000 за само првата епизода, ама еве ја откажаа. Коа нешто не го бива - колку сакаш форисирај го. Јас ги најдов книгите ама нема да ги читам, несакам да си го расипам уживањето во секоја нова епизода И не се замарајте што и како ќе било или како ќе заврши после неколку години. Гледајте и уживајте
1209 ако сакаш во л.п ќе ти пишам што ќе се случи понатака ги имам прочитано книгите т.е 5 од 7 шестата и седмата сеуште ги пишува( така видов на википедиа) следуваат интересни случки а серијата е ептен добро направена иако знам што ќе се случи во оваа 2 сезона со нетрпение чекам понеделник за да ја симнам новата епизода
Страшно добра епизода, серијава е се подобра и подобра. Арја како глуми. Арја и Тирион ми се најдобри. Уф и Денерис ја заборавив, преубава е значи вака средена во Карт. И Џон. Да заврши сезонава па ќе ја читам 5тата книга, не сакам сега да ми се помешаат брзините.
+1 фан на серијава. До втора сезона сум, сега ќе ја почнам. Првава сезона ми остави голем впечаток, одлична изработка имаат, се гледа дека HBO си ја знаат работата и технички можам да кажам дека е една од поквалитетните што сум ги гледала. Ликовите се исто така одлично избрани, нема некој да глуми лошо. Шон Бин како Нед беше добитна комбинација во серијава, штета што така заврши. Калиси е одлична, го има оној невин изглед помешан со желба за да биде главна. Кралицата е исто одлична, кога ја гледаш ти доаѓа оној нагон дека навистина е лоша, што значи дека успева во улогата, кралицата да ни ја пренесе како еден од поголемите негативци. Синовите на Нед се сите супер, Џон како за неискусен актер дури и повеќе од очекуваното се покажа. Децата се во ред, Ајра ми е најмила, таа постарата за ќотек плачеше. Но омилен лик ми е џуџето Тирион, секоја чест за глумецот, сосема заслужено си освои награда. Ова е најзакон сцена досега, каков ќеф ми се направи кога го удри ова животново од принц/крал http://www.youtube.com/watch?v=m0qjl9PfbSw Имам само мала замерка, а тоа е дека на моменти забораваат дека некои од нас го гледаме само филмот, а не и книгите, на почетокот ликовите ми изгледаа пренатрупано, мораат да внимаваат убаво на тоа. Втора работа, според мене на серијава не и требаше 10тата епизода, т.е финалето. Според мене кулминацијата беше кога ја отсекоа главата на Нед, доволно ќе беше така ако завршеше, па да дадат можно сценарио за 2ра сезона, односно тоа да предизвика војна. Вака во финалето само моментот кога Калиси се разбуди недопрена од огнот со змејовите во рака беше одличен момент. Одлична се на се, ама од историски ниту една не може да ми ја надмине Спартак. Воопшто не се споредуваат, немаат ни исти тематики, но Спартакус ми е една и единствена, можеби заради тоа што Енди уште не можам да го прежалам или заради уште покрвавите и побртуални сцени, не знам. Како и да е, серијава вреди да се гледа, тоа е факт. Ќе ве стасам кај да е
Одлична серија! Премногу е интересна! Започнав да ја следам пред извесен период и сеуште ја немам заврешно првата сезона, но сепак...навистина е добра!
Еве ја веќе седмата епизода од втората, а мене целава сезона ми е малку тапа. Првата сезона ме воодушеви, приказната, ликовите, сите имаа подеднакво присуство, а во вторава премногу е раштракано наваму-натаму, Денерис со исклучок на претпоследната епизода, општо ја имаше премалку, претпоставувам внесуваат од се' по малку, затоа што приказната е богата, и на некој начин се разгранува, но мене епизодите не ми го задржуваат вниманието и едвај ги догледувам. И тоа, жал ми е да признаам, со исклучок на некои сцени, за мене лично серијата затапка малку во место. т.е. се' се случува - и ништо не се случува. И реално, без Нед Старк, а посебно Кал Дрого, не гледам никој друг толку силен и впечатлив лик да го одржи балансот или интересот. А кутрата Санса навистина најмногу си пропати. Наравоучение - не се залетувајте ко мува без глава за пари, моќ и престол, ќе се покаете.
И немој да имаш идиот од дете кое ќе седи на престолот и врска нема да има од владеење Ја бидејќи не ги имам читано книгите не ги знам многу што како и каде се дешава па се случува по 2-3 пати да ја гледам да убаво видам целата ситуација ... И во право е Трендафилка дека малце тапка у место .... се надевам ќе видиме некој опасен пресврт наскоро Иначе се обложувам дека Девојчено ќе биде на тронот на крај
Има некако и многу непотребни сцени. Ко Џофри со курвите. Спојлер И денес не им требаше целиот дијалог со Џејми и братучед му, кога и така го утепа. И Сноу го затапкаа некако, ама ајде, ваљда ќе ги вжестат работите.
И јас сум фан на серијава, ептен се навлеков... И не знам зошто, ама сите омилени ликови од филмовиве ми ги убиваат или умираат во случајов Дрого и Едард Старк. Од негативниве ликови многу ми се јаки Тирион Ланистер и Брон
Нема поодвратен лик од Џофри, мајке ми, освен можеби Теон, тука негде ми се, ептен конкуренција. Овој малиов барем таков си е, а Теон неодлучен, кој како сака го команда, идиот. И онаа сестра му одвратна.