Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    Ауу аууу епизодава! Да бидам искрена, не ја очекував волку добра да биде.
    Немаше ниту еден досаден и небитен момент, максимално искористени минути.

    Прво со Денерис, конечно акција, па и тие пусти змејови конечно ги видовме за што се способни. Мислам дека веќе пополека ќе почне да се движи накај Вестерос, а богами и време и е. Мислам нема народ што не го ослободи и придоби, нема веќе што да бара таму.

    За биткава што да се каже, а што веќе не сте рекле.
    Санса ме изнервира кога толку ладно зборуваше за веројатноста Рикон да умре. Мува не ја полазе. Најбитно и беше она да не се врати таму ако изгубат. Можеби преживеа свашта, ама па не е единствена во цела оваа прљава игра за тронот. И од секогаш си била себична лигла што само за неа си гледала. Уште од кога се затреска во Џофри ми е иритантна и се беше јасно во врска со неа. Потегот со Литлфингер и беше можеби добар ако гледаме краткорочно. До некаде и се претпоставуваше дека они ќе ја спасат цела ситуација, ама како што и досега кажавте...ништо од тоа нема да биде џабе. Да не речам газот им е под кирија.
    Инаку @Lady Phoenix истото си го помислив и јас кога стоеа Санса и Литлфингер на брдото и кога гледаа што се случува доле. Толку беше задоволна што ни на крај памет не помисли брат и каде е во цела таа гужва и дали е жив. Ја грееше помислата дека она не се враќа кај Ремзи...уште еден доказ за нејзината себичност.

    Многу беа добро снимени сцените, ептен живописно. Сите тие судири помеѓу војската, убивањата, моментот кога Џон го газеше стампедото...толку добро го доловија што мислам дека ретко кој не остана без воздух на таа сцена.
    За Тормунд и мене ме застана здивот, си викам ваљда нема да умре и он. Заслужуваме уште некоја шмекерска акција со Бриен :D

    Ремзи...прво не знам што толку напна со тоа копиле, та копиле....кога и он самиот е копиле. Демек признат беше од татко му, ама реално тао ништо не смени. Искрено не очекував да умре во оваа епизода. И ми беше страв кога ќе умира да не биде тоа недоволно измачувачки. За момент помислив дека Џон ќе о убие со голи раце, што немаше да биде воопшто фер. Шуќур не! Мислам дека убав дел од се што правеше му се врати. Како почнаа да го корнат кучињава, виде како е да те дерат на живо...специјалноста на Болтонс.

    Инаку срцето ми се наполни кога ги ставија знамињата на Старк. После толку сезони, конечно мрдна малку работава на поубаво.

    Наредна епизода очекувам Сер Давос да се одмазди за принцезата што ја запалија. Треба некој и неа да ја одмази за идиотштината што ја направија.

    Не знам друго што да кажам. Одлична епизода како и сите други 9-ти. Се гледа дека доста време, труд и пари вложиле. Буквално не се штедело на ништо и алал да им е.
     
    На Legadema, ...Arthemisia..., Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.021
    Littlefinger не сакаше да ја уценува Санса, сака само да ја земе за жена, бидејќи била иста како мајка и ама со нејзе не успеа па ајде со ќерка и ....се води по фразата каква мајка таква ќерка.

    Него денешниот MVP , не ни кажа збор , само даде поглед и го освои срцето на публиката.
    [​IMG]
     
    На ЈеленаЏиш, Legadema, Victorian и 6 други им се допаѓа ова.
  3. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Лелеееее!

    Дефинитивно крајот на епизодата ми беше најпореметеното нешто што ми причинило толкаво задоволство.
    Значи имав насмевка на лицето од 8ка до 8ка. :D
    Охххх џастис фајнли!

    Прво Калиси. Фала Богуууу мрдна жената. Конечно ги видовме змејовите малце да покажат колку се јаки. Предобро беше. Готова е таа тргнува сега има бродови има се...
    После battle of bastards. Насловот скроз on point.:lol:
    Браво! Врв беше битката! Значи толку живописно беше прикажана не паметам друга битка на филм или серија толку реално да била прикажана. Од органи да летаат, коњи да се судираат...
    Ремзи пичка најголема!!! Остана од страна да гледа кај шо се тепаат бе. Па уште и на крајот демек со стрели по Џон маваше.
    Искрено убава му беше скроз стратегијата него, арно армијата на Лидлфингр дојде.
    Сигурно има тој некакви задни намери се знае тоа кај него... Ќе видиме. Одвратна ми е помислата Санса со него да е во брак.
    Кога сме кај Санса, бичи стана чупето в крај.
    Ама каква насмевка на крајот удри... Мераклиска. Многу ми е мило дека Ремзи умре на начинот на кој што умре си реков јас брзо ќе го убијат се уплашив. Она нешто за со пинцета кубење е делче по делче...
    Рикон... Логично. Се знаеше дека нема да преживее. Ама начинот... Болен. Џаст лајк Ремзи.

    Џон Сноу ми станува омилен лик од серија/филм/книга ЕВР!
    Толку е силен и чесен. Душа има.
    Каков кеф ми се направи кога ги ставија знамињата на Старк на Винтерфел...
    Finally! Доста беше 6 сезони ги отепаја Старкојте. Малце да им тргни.

    Истовремено одвај ја чекам другата епизода, и ми е в крај жал шо ќе завршии сезоната аман па многу кратки се.;(;(
     
    На Legadema, Victorian, Elissa и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    Дечки Санса знаеше дека нема спас за Рикон, еве и таа и Џон да се предадеа и сите јасно беше оти Ремзи сите ќе ги испотепаше. Еве да речеме тие да се предадеа за местото на Рикон, да му го дадеа Винтерфилд и таа и Џон и Рикон и сите да останеа под негово покровителство, што ќе ги снајдеше??
    Мислите дека така ќе си шеткаа слободни низ дворецот, ќе уживаа во животот ли.
    Едноставно немаше спас, или само Рикон ќе загинеше или сите, оти со Ремзи си имаа работа, немилосрден психопат кој го уби сопствениот татко а тек па Санса што ја чекаше ако му се врати и да ја среди.
     
    На PaLaVa, Legadema, Victorian и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.881
    Допаѓања:
    5.217
    Пол:
    Женски
    Санса испадна стварно кучка! Можеше брат и да загине исто како што загина скоро цела војска и не му кажа ништо за писмото што го прати. Сега најверојатно ќе си бидат заедно со Питер Бејлиш.
    Дени конечно почна активно да се залага и најверојатно доста ќе постигне во 10тата епизода. Би требало да и се приклучат Мартелс, бидејќи сакаат да се одмаздат за Оберин, а и Елиа Мартел била мажена за брататот на Дени. Тешко на Ланистерс.
    Од привјуто за 10тата епизода, ми изгледа дека пак ќе има нешто како Ред вединг, само овојпат Џејми би требало да доминира.
    Серси сигурно ќе има план да се спаси некако од трајалот, најверојатно со војна. Син и и Лорас Тајрел најверојатно ќе умрат.
    Ме копка изграчката што ја најде Давос, таа што и ја даде на на ќерката на Станис.Можеби ќе му признае на Џон што направила Мелисандре, иако не сакам таа да умре.
    И ме плаши можното појавување на Вајт Вокерс.
     
    На ЈеленаЏиш, Victorian, Yipman2 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
    :o:o:rofl:
    [​IMG]
     
    На Legadema, Victorian, Yipman2 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. IronLady

    IronLady Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2014
    Пораки:
    2.081
    Допаѓања:
    34.504
    Пол:
    Женски
    Е, не можам појќе :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    received_10206856422824909.jpeg
    Едвај ја чекам и 10та епизода, ама после цела година кој ќе чека за друга сезона :/
    Многу ми се напрае мерак како умре гнсното копиле Ремзи.
    Исто, тој негов поглед кога дојде војската ....се усра од страв :devil::devil:
     
    На Leela, PaLaVa, Legadema и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    damn.jpg

    10ка.
     
    На ЈеленаЏиш, PaLaVa, Legadema и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Интересна епизода.

    За Даенерис, искрено очекував дека змејовите ќе ги спалат сите бродови, што ќе беше поспектакуларно, но и непромислено. Вака, запали еден брод, а другите си ги присвои. Well played. Но, од друга страна, Дени е позната по носење непромислени и драстички одлуки – како на пример идејата да ги запали сите градови на The Masters, сосе жителите и робовите. Дефинитивно Лудиот крал не полудел само ради тоа што Бран му чепкал по главата – има тука и некое генетско лудило у семејствово; најверојатно поради праксата на мажење на сестри и браќа кај Таргериените. :D

    Инаку, само мене ли ми беше чудно што град како Мерин нема никаква одбрана од напад преку вода? Нешто као катапулти, требушети, топови? Мислам, градов има огромно пристаниште, дали претходните владетели не предвиделе дека некој, некогаш, ќе се обиде да ги нападне од воден пат? Worst city defense ever.

    За битката на Џон и Ремзи – повторно, морам да прашам – дали само мене Џон ми изгледаше како најлошиот водач икад? Санса го предупреди дека Ремзи ќе се обиде да го испровоцира и да го доведе у стапица и он беше као, „Аха, добро, фала ти Captain Obvious“, за на крај кога ќе го види Рикон да заборави на сите планови за битката од претходната вечер, кога нели се договараа дека мораат да ја намамат војската на Ремзи да дојде кај нив, за да не дозволат да бидат опколени и за да имаат некакви шанси во битката итн., и што направи? – јуришаше сам накај војската на Ремзи како мува без глава.

    Океј, сфаќам дека се работи за брат му и не му е сеедно, ама човече, не заборавај дека 3000 луѓе зависат од тебе у биткава – колку wildlings и други луѓе загинаа беспотребно, поради тоа што тој не можеше да си го заузда гневот? Некој рече дека Санса била бесчуствителна кога кажа дека Рикон секако ќе умре – не беше, беше само реална (за разлика од Џон, нели).

    И така, Џон јуришаше, му го убија коњот, падна на земја, мавташе лево-десно со мечот, го изгазија, го потрупаа со тела, едвај извлече жива глава и преживеа само поради dumb luck и тоа што Литлфингер се појави у последен момент. Прав херој, богами. Храбар е, тоа е неоспорно, ама како тактичар и командант на војска нема појма. Мислам, кога Санса има подобра стратегија за битката од тебе, можеби е време да признаеш дека не те бива.

    Поради неговата непромисленост, војската му беше во хаос, изгинаа стотици души скроз безвезе и следејќи го него (затоа што немаа избор), Ремзи ги тури у killbox, опколени од сите страни, од каде што едвај 10-ина души извлекоа жива глава. Кога конечно влегоа у Винтерфел – Џон, Тормунд, џинот и уште два-тројца, сериозно се запрашав дали се тоа сите што успеаа да преживеат од војската на Џон.

    Ремзи можеби е кукавица, меѓутоа у биткава се понашаше као прав војсководец. Командант на војска не треба да трча као лудак у првите редови, наоружан само со меч и boner for murder, туку треба да стои во позадина и да командува – нешто што Ремзи одлично го правеше, за разлика од Џон, кој не ни знаеше кај му е војската ни што прават (spoiler alert – гинат ко прости).

    Се чинеше дека Старкови беа тргнати во самоубиствена мисија и не им беше баш гајле дали ќе преживеат. Џон и рече на свештеничката да не го оживува пак ако умре, а Санса рече дека нема шанси да се врати жива кај Ремзи. Океј, Stark suicide squad, сето тоа е во ред, ама сте помислиле ли дека на луѓето кои се борат за вас и не им е толку сеедно дали ќе преживеат или ќе умрат? Ама битно никој од луѓето кои ги знаеме не умре – Тормунд, сер Давос, девојчето од Бер ајленд, а другите – кој ги ебе.

    Се на се, пирова победа за Џон, и тоа не по негова заслуга.

    Иначе, да прашам уште нешто – ми се чинеше или војскава на Џон беше практично ненаоружана? Ај што немаа коњи, океј, ама човече, немаа ни копја ни штитови, ништо. А за џинот, немам зборови. Можеа барем да му дадат еден трупец, за да мавта наококу, а не да го остават да се бори со голи раце!

    Искрено, кога Џон го предизвика Ремзи на дуел и овој одби, помислив дека има шанси да се оствари моето предвидување од прошлата недела – дека Ремзи ќе ја загуби поддршката од некои од семејствата од Северот, кои у последен момент ќе се кренат против него. Ама, јок. А да не се фалам, ќе беше поинтересен и неочекуван пресврт.

    Не очекував дека Ремзи ќе умре и искрено, жал ми е – серијава остана без еден одличен негативец. Ги хранеше кучињата со луѓе, па Санса ги нахрани неговите кучиња со него – карма, што би рекла една членка на форумов. :D

    И не ми се веруваше колку лесно џинот ја проби портата на Винтерфел; испадна дека местово е fortified као селска фарма. Како и да е...

    Се на се, добра епизода, со доста акција и супер сцени, особено во битката за Винтерфел.

    Следнава епизода очекувам да биде малце антиклимактична и помлака од оваа – да ги видиме малце другите Старк-дечиња – Арја како патува накај дома, Бран како трипа на ЛСД, Сем и Гили – се надевам не, можеби и Серсеи како го заебува Септонот со некоја Г-6 финта. А можеби и White Walkers, како „тропаат“ на ѕидот. :D
     
    На Lolipop23, Tiki-lolipop, Legadema и 12 други им се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    White Walkers како тропаат на ѕдиот би било најдобар начин да ја завршат сезонава:D
    Најмногу ми се свиѓаше моментот кога Санса тргна да си оди и се предомисли, се врати да го погледне, Рамзи, уште еднаш, како го касапат неговите кучиња. Да не ја засакам, на крај.:D
    Она: „беа лојални, сега се гладни“ .. ми беше занимлива реплика.:) Ко увертира ќе му дојде, можеби:D
     
    На PaLaVa, Legadema, oblace1 и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.592
    Допаѓања:
    201.855
    Пол:
    Женски
    Ама си има вистина и во тоа... лојалноста паѓа во вода кога е во прашање опстанокот, барем така размислуваат животните... Ремзи си го доби заслуженото, Старкови го вратија Винтерфел... и што после?

    Епизодава не ме разочара, се шушка дека следната (последната) ќе трае час и половина... можеби ќе ни се разјаснат доста работи, ама се сомневам.
     
    На PaLaVa, Legadema, 1209 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    10.244
    @Elissa значи мислам дека на сите ни беше јасно дека Рикон ќе умре. Премногу небитен лик беше за на било кој да му е гајле. Ме изнервира што толку ладно го кажа тоа, па колку сака нека е реална, малку гласот да и затрепереше само...брат и е, ако не го видела сто години. Не знам, можеби мојата слика за неа како лик ми е генерално лоша и сите нејзини постапки поинаку ги анализирам и сфаќам.
    Друга работа, его огромно има. Се навреди што не ја прашаа за стратегија, а во животот јаболко не си излупила сама, а не луѓе да убива. Така си е поставена како дама, како принцеза, везе гоблени, се поклонува и сл. Но, никој немаше да ја спречи да си каже свој став ако истапеше. Никогаш не била прекината или омаловажена од никој на северот. Особено не од бандава на Џон. Сите имаат почит за нејзиното потекло, или нејзината крвна поврзаност со Џон ако ништо друго.
    Го пушти брат и да се тепа за неа, а не му даде ниту најмал хинт дека не мора да биде толк лошо. На крај краева он отиде заради неа да се бори за Винтерфел, не дека на него многу му се бореше. Постојано и потенцираше како е преморен од борби и убиства. Како што рече и Бендер, Џон спаси глава поради некоја луда среќа. Настаните течеа така што беше премногу веројатно дека ќе умре. Летаа мечови и стрели од сите страни.

    Ако веќе го анализираме и Џон, вистина е дека и он себичен испадна кон своите следбеници, но Ремзи го фати на емоција и тоа е тоа. Брат му му беше на дофат и одеднаш го виде прободен со стрела, на само чекор од него. Мој впечаток е дека он не беше ни свесен што му се случува во моментот, толку многу беше повреден и побеснет. Само мафташе со мечот, касапеше, крв леташе, а он извикуваше "No", "No". Не е чудно човек да доживее шок после таква траума. Вистина е дека Џон е емотивен и постојано има фаца како да ќе заплаче, но многу пати ја докажал смиреноста и разумот кога требало. И секогаш со пиетет зборувал за своите пријатели и соборци...не верувам дека му е сеедно што испогинаа сите.

    Санса дека е подобар стратег од него не е, она само извлече глава, но тек ќе си ги види последиците од таа одлука. И повторно ќе бара помош од некој и нема да биде способна да се носи со своите одлуки.

    Ремзи беше одличен стратег и негативец, навистина добро изграден лик. Да не беше толку добар, немаше да ни биде ни толку одвратен. Но редно беше да му се стави крај, пошто лека полека сите ќе ги одереше. Неговата брилијантно извитоперена психа едноставно го достигна својот врв и тоа е тоа. Па уште од Теон кога го мачеше па наваму, нема што не видовме. Мислам дека доста беше и убаво го суредија, да не речам достојно :D

    За наредна епизода засега немам претпоставки, уште сум под импресии од оваа :smoke:
     
    На Legadema, Elissa, Yipman2 и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.197
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    :rofl::rofl::rofl:
     
    На Lella, ЈеленаЏиш, Lolipop23 и 14 други им се допаѓа ова.
  14. ...Arthemisia...

    ...Arthemisia... Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    276
    Допаѓања:
    808
    Пол:
    Женски
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    @Giovanna и јас за емоциите се согласувам, не покажа жал за братот нешто да плаче да кука, ама во филмот стварно емициите се испуштени. Многу ретко прикажуваат жал, тага, плачки, Санса од почеток ми беше закочена, пасивна смотана не знам што да кажам во неа не гледав никаква надеж дека некогаш ќе отвори уста а не пак да превземе иницијатива.
    Ама мило ми беше што отвори на крај, може оти премнгу се изнапати, премногу ја омаловажуваа ја влечеа ја мажеа ја малтретираа фамилијата пола и повеќе и ја убија и сега конечно стана имуна на се. Таа арно му рече на Џон да ја прашат, оти она помина сито и решето и виде како се одвиваат работите посебно со Ремзи. А и како што му кажа на Џон така излезе се од збор до збор.
    Реално да не дојдеше литлфингер готови беа сите, значи секунди беа во прашање како што беа потиснати од војниците на Ремзи. Не знам како можеа Џон и екипата туку така да улетаат во битка без никаков план и стратегија и никаков бек ап. Чудно, како малите деца камај камај да играт.
    Како и да е моментот со Ремзи колку време го чекавме и го дочекавме, за ова живеевме нели :smirk:, после Џофри. Ама Ремзи ми беше омилениот негативец, без него не е интересно сега.
    @Kitten умрев од смеа со гифот баш така беше Џон хахахахахахаах ште се чудам како го поминаа сите како да не го гледаат.
     
    На Kitten, PaLaVa, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  16. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Не, напротив. Не мислам дека се испуштени емоции во ГоТ. Сите ликови се различни карактери па и им гледаме различни емотивни состојби, варирања, промени...различно растат, созреваат:D зависно што преживуваат или преживеале.
    Џон е добродушен, праведен дури и наивен. Ко што викаше еден мој другар: „го гледаш човечево...добро, добро дури муталаво“. Ради таа емотивност, праведност на Сноу.. доживеа доста работи. Дури и го убија.. дури и ќе умреше сега, во битката... да не беше Давос да ги прочита реакциите на Сноу и да нареди да тргнат во борба. Сите ќе изгинеа напразно, заради таа негова наивност и емотивност.
    И најдобра стратегија да има човек во битка, таков лик ти е ко слаба карика. Ок е храброста во битка, тоа што е претставен ко добар мечувалец.. ама, мораш да имаш некаква стратегија, прво неа ја испробуваш и веќе кога си во тесно, нема излез.... тогаш можеш комотно да бидеш камиказа:D и да косиш дур нозе те држат и дур некој не те покоси тебе.:D
    Санса, ете, сега ја градат како лик кој преживеа доста малтретирање, изживување.. баш ради тоа што беше будалесто девојче кое не се сеќираше за ништо. Шиење, везење, фризура.. сега е друг лик. Посилна. Порешителна. Полукава. Па и помалку емотивна. И нормално е. И очекувам и посурова да станува, потаинствена:) пошто, по сето она со татко и, со Литлфингер, Џофри и Ремзи.. нормално е да не верува веќе никому и да не споделува многу, многу.. да си го чува грбот и да крои планови во позадина.. even to go in bed with the enemy:D ако целта е повисока.:D
    Затоа и ми се свиѓаше репликата за кучињата дека беа лојални, сега се гладни. И луѓето се такви. Она е сега таква.:) И допрва можеби ќе го гледаме нејзиниот глад. Therefore, не очекувам лојалност.:D
     
    На IronLady, Bender Rodriguez, ЈеленаЏиш и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Legadema

    Legadema Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    279
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски
    многу добра епизода чиста 10ка
    од понеделникот сум под импресии не можам да си ги соберам мислите а вие се сте пишале
    Дени дојде до бродови ваљда ќе тргнне кон Вастерос интерресен договор направви со Грејџоите
    Биткава врв, се глед дека не штеделе за епизодава ја мислам декка Џон полуде кога виде како Ремзи го уби Рикон пред негови очи се скрши нешто во него затоа така глупо се пушти во битката и заборави на стратегијта од претходната вечер ипак Рикон му е брат порасна со него
    Санса дури сега ми стана симпатична во последната сцена , кој знае сега Лителфнигер што се ќе бара за возврат
    Толку многу ми беше драго што Ремзи го стрефи смрт иста како што тој ја даваше на другите
    Не ми се верува дека остана само уште една епизода и после цела година претопставки и теории

    п.с пијте козјо скиселено млеко за да бидете силни ко Тормунд :D
     
    На Yipman2, IronLady, Bender Rodriguez и 10 други им се допаѓа ова.
  18. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Јас дојдов до заклучок дека режисериве Д&Д не можат да состават еден кохерентен карактер.
    Дури ни Нед Старк не издржа и потклекна и наместо да вика дека Џофри е абоминација од инцест, последните зборови му беа дека е предавник.

    Џон - храбар, го држеше Зидот против дивјаците на Менс, го наследи The Old Bear Mormont, одличен стратег и креативец, а сега летна ко мува без глава, као ќе го спасува Рикон.

    Дени - од спасител, мајка, миса, калиси - сеа ќе пали градови, ќе убива деца, ќе ги „готви“ витезите во железен оклоп... Лудача. (во книгите имаше опишано една фантазија дека нејзиното кралство ќе го направи нешто слично како Water Gardens of Dorne.)

    Мелисандре - Станис, Рилор, Станис, Рилор, Станис, Рилор, Џон.

    Само Давос е срцка, си остана приземен од почеток до крај.

    Санса ... ех, за Санса... морав да ја гледам претпоследнава епизода 2 пати за да запазам детали.
    Прво, го излажа Џон дека се сретна со Литлфингер и ја испрати Бриен во Mission Impossible за да скрие трагови. Зошто не кажа дека имаат шанса со Витезите од Долината?
    По втор пат пиша писмо за помош и пак не кажа.
    Се степа на воениот собир дека никој неа не ја прашува за мислење, сепак била доволно време со Ремзи за да го запознае, а не кажа дека среќата ги чека малку појужно, со армијата на Литлфингер.
    Кога Тормунд кажа дека најголем проблем е што овие немаат коњи, а Ремзи е добро вооружен и има коњаница - тишина.
    Кога го пердашеше Џон да почека затоа што немаат доволно луѓе, и кога тој ја праша Добро, О Стратегу, што да направам? Кога ќе имаме повеќе луѓе? - Пак тишина.
    Сигурна сум дека Џон немаше да гледа во забите на подарениот коњ и ќе почекаше со нова стратегија.
    Го пушти Џон и неговите луѓе на касапница, и отстрана посматраше покрај Литлфингер со самозадоволна насмевка, не затоа што донесе помош, туку затоа што Ремзи ќе изгуби.
    Буквално не и беше гајле дали Рикон ќе преживее, да не правиме муабет за Џон (кој отсекогаш го третираше како копиле).
    Пред да одат во војна, тој и вика I'll protect you, I promise - а она мртва ладна, као, нема ти шо да ме заштитуваш, си имам јас заштита.
    Глупава искористувачка лигушка, се смета дека е супер паметна и дека ја научи играта на тронови, а никако да научи од сопствените грешки.


    И да редактирам - да беше вистински Старк - ќе го обезглавеше Ремзи сама, исто како што Едард би направил. Оваа Санса не е Старк - повеќе е суштество на Литлфингер.
     
    На rhcpfan, Marossa, PaLaVa и 7 други им се допаѓа ова.
  19. Papillon.Papi

    Papillon.Papi Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    3.245
    Допаѓања:
    9.699
    Пол:
    Женски
    FB_IMG_1466593576479.jpg
    Не сум пo кoнзервиве зa кучињa, пoвеќе сум пo свежa исхрaнa (нештo кaкo вo епизoдaтa), нo ќе гo oстaвaм oвa тукa. :lol:
     
    На mimiiiii, Legadema, ЈеленаЏиш и 9 други им се допаѓа ова.
  20. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Последна измена: 22 јуни 2016
    На Legadema, Yipman2, LollySky и 3 други им се допаѓа ова.