Интересно нешто што јас прочитав е дека Spoiler Денери ќе стане како нејзиниот татко "лудиот крал".Шансите за такво нешто биле големи.Дури си дале за слобода да ги испитаат гените на претходниците на Денери за да видат од каде доаѓа сето тоа.Се шпекулира дека Денери ќе стане луда исто како татко и.
Почитав спојлери од сценариото некој што го објавил и баш ќе биде интересно ако е така. Пишува дека во оваа сезона ќе има појаки дешавки и од Ред вединг и Батл од бастерд. Кој не сака да знае пред време нека не чита!!! Spoiler За да се одбранат од Најт кинг ќе се спојат Cersei, Tyrion, Jon, Daenerys, Jorah, Varys, Missandei, Qyburn, Euron Greyjoy, The Mountain i The Hound. Џон ќе им донесе еден вокер за да ги увери дека им прети опасност на сите да бидат нападнати. Серсеи и покрај тоа што им ветила помош се предомислува и во последен момент не им пушта војска, со што најт кинг полесно би ги совладал другите и таа би останала да владее. Со оваа нејзина постапка не се согласува Џејми кој и го свртува грбот. Најт кинг ќе успее да убие и оживее еден од змејовите кој што ќе стане како нив и сега ќе испушта плав пламен. Денерис и Џон не што ќе се сретнат туку ќе завршат и во кревет. Гили ќе дојде до информација дека Лијана била легално омажена со Раегар што значи Џон е наследникот. Ќе се појави и волкот на Ајра. Санса ќе нареди да биде погубен Литлфингер оти тој ќе сака да ја сврти Ајра против нејзе. Јорах ќе се излечи. Теон и Џон ќе се сретнат повторно но Џон нема да го убие само оти ја спасил Санса.
Во пресрет на новата сезона Ако си има уште бааѓи време Додека не се појават новите епизоди, никој не знае што не чека нас кутрите гледачи Џабе и спојлери и се, кога не е точно...Пошто ни актерите не ја знаат скриптата, а не па некој во Македонија на форум фемина
Океј, значи ја почнав пред некој ден, ја довршив првата сезона, ќе се вратам по околу месец дена со, се надевам, ниеден спојлер прочитан.
Јас среќно ја завршив Петокот серијава. Дечко ми вика имам посебен магнет за луѓе кои умираат во било која серија, па внимателно одбирам кога ќе кажам дека ми се допаѓа - да умри. Претходни серии кога гледав ми беше тешко, ама после оваа се навикнав. Додуша, два сеуште се живи, за чудно. Во глобала, кога и да е следната сезона неможам да дочекам да ја гледам.
"Your Grace, I feel I've been remiss in my duties. I've given you meat and wine and music, but I haven’t shown you the hospitality you deserve. My King has married and I owe my new Queen a wedding gift."
Очигледно немам попаметна работа во животов, па гледав како се топи мраз 45 минути И официјално 7 сезона почнува на 16.07.
Па нели поради задоцнетото снимање бидејќи сакале баш да ја доловат зимата, рекоа дека оваа година премиерата ќе биде во лето. И еве сега објавија официјално во јули.
А јас пак и силна, бев готова да напишам со прекорувачки тон дека @Tiki-lolipop има грешка и дека наместо 07 треба да стои 04...yeah, right. Има да се изначекаме.
Не се нормални Се пократко ќе трае и се подоцна ќе почнува... Се гледа крајот. Туку блазеси им на тие сега што почнале да ја гледаат и се прва епизода ќе се изнауживаат.
Сакаш и ти да си сега таму во првата сезона Инаку Игра на Тронови ќе продолжи да се снима и догодина само што дејствието ќе биде 200 год наназад од сегашното дејствие
Како што навестија од последниот брифинг,, сеуште не знаат каква популарност ќе има новото продолжение, бидејќи како што кажаа една епизода кошта околу шест милиони долари. Лично мислам дека новите продолженија ќе ја уживаат истата слава. За кого навиваш?
Нешто како серијал за ТХЕ МАД КИНГ ?! Знам дека не се по книгите последниве сезони ! Јули почнува долго очекуваната битка Winter is Coming
Како што реков 200 год пред сегашното, значи не е за The mad king, сепак тој е во оваа генерација и доста опишан. Пред него ќе биде.
Па омилени ликови ми се Арја и Тирион. Арја не се бори за тронот туку за одмазда, така да, тешко би седнала на трон. А Тирион е добар, фер и праведен човек ама може дека џуџе е па тешко би го пуштиле на трон. Денерис ми е најодвратна, а Џон Сноу ко лигуш ми личи и ете беља... моите фаворити тешко дека би седнале на трон Ти кој мислиш дека ќе победи?