@JollyGirl Хаха ме насмеа за Тирион. Дека џуџе па нема шо да извади на маса Овој нели штитоносецот на Бриен се покажа како најспособен ако се сеќаваш ;D Серси is my favorite, низ што се не помина женчево абе да го грабнеш и да бегаш е. Цел живот се бори против она што и е речено. Ни самиот Џејми не ја заслужува. Најмногу во серијава ми се допаѓа шо нема лоша и добра страна. Секој си се бори за себе. Гледајќи ја другата страна, и самите бели шетачи имаат некоја цел и одмазда. Совршенство е според мене. Иако навивам за Серси, сметам дека малиот прст ќе ја стави Сеанса на тронот откако Џон и Денери ќе ги изгубат војските борејќи се со белите шетачи кои очекувам да ја срамнат со земја Серси, и студот конечно да завладее во нејзиниот град. Очекувам и Санса да го изневери брата си. Се на се едно убаво доживување со вистинската личност покрај тебе е филмот. Секоја препорака за секого кој го прочита ова.
16.07, бар знам како ќе си врвиме годишнината со дечко ми. Ни мојот омилен лик не би седнал на тронот, the Hound, а и не мислам дека некој воопшто ќе седни на тронот зошто сите се караат меѓу себе и никој не ја гледа вистинската закана која иди од зад ѕидот и нивната необединетост сметам ќе биди причина да ја изгубат војната против белите. Доколку ја победат војната некако мислам дека голем дел од северот нема да постои, но ете можеби Денерис би седнала на тронот и ако мислам дека не сигурно, ама можеби би станала како нејзиниот татко. Да таа засега има причина за своите избори, но сепак мислам дека е на прав пат да го замени татко ѝ. Џон го сакав првата сезона после се уверив во она "You know nothing Jon Snow" и се надевам не би седнал на тронот. Најтажна би била доколку Бриен го убие Џејми, а имам некое глупо чувство дека ќе биди така, не сум сигурна дека ќе можам да се помирам со тоа. Би било интересно доколку Арја ја убие Церсеи со лицето на Џејми, ама мислам тоа е невозможно зошто веќе се случи нешто такво слично. И за крај, не би сакала да е последното што го видов во Бравос од Никој, навистина се надевам дека он е некој, пример принцот Таргеријан без неговото Руби, малку остарен па помага на Арја зошто ја потсеќа на Лијана, а подоцна гледа дека се и роднини. Пусти желби, после кучево тој ми е на "листата" омилени.
И јас да се прикличам на темава Инаку летово ја изгледав цела серија од прва до последна сезона, по толку слушање за неа решив да изгледам една две епизоди и не згрешив, се случуваше до сабајле да останам да гледам а и маж ми го заразив стигнав до 4 сезона и после со него пак од прва ама пак ми беше интересно дури приметував раб кои првиот пат не сум ги приметила Имам хбо и пред една недела ја изгледав 6 сезона се спремам за 7 Мн раб можат да се случат во 7 сезона. По се што видовме во претходните, никогаш барем јас не сум била во право за тоа кој ќе седи на тронот, кој кого ќе убие, тотално непредвидливо па и затоа е интересно Останува да почекаме до јули да видиме што ќе се случи а се надевам уште 10 сезони ќе има
Лани летото од што ни беше досадно со братучед ми секој ден на плажа гледавме епизоди, сите сезони по ред Осеќам и летово пак така ќе биде. Инаку само јас сум што ги шипува Даенерис и Џон Сноу? Јас и книгите ги читав првите 3 се горе долу истите како серијата со мали промени, Џон Сноу во книгите е исто како Брен, warg. Aли веќе нема да биде серијата според книгите така да едвај чекам да видам како ќе се одвива. Јас немам некој фаворит за тронот инаку, само се надевам дека нема да биде Серсеи.
Трејлеров ништо не кажува а еден куп прашања отвара. Едвај чекам! До толку што почнав од ново да ги гледам сезоните
Еве ме Петте сезони ги изгледав во еден здив, дури кај шестата се свестив и гледав по една епизода на ден само. Толку редовно и дисциплинирано си читав во темава, со проверување air dates, со внимателност на датите, со сè, ама пак наидов на паметњаковци кои ги читале книгите. Не наидов на масовни спојлери сепак, освен тие кои ги знаев и пред да ја почнам серијата. (Фамозната смрт на некој на крај на петта сезона) Фантастично финале, ама нема смисла дури сега да го коментирам, затоа ќе кажам општо. Она што ми се допаѓа е тоа што има многубројни ликови, а сепак секој од нив е посебно развиен и има посебна приказна. Исто така ми се допаѓа што мал број ликови се црни или бели. Сите имаат добри и лоши страни, освен нели дежурните негативци и Ходор. Патем, Ходор е единствениот лик кој во ниеден момент од серијата не ми одеше на нерви. Омилен ми е, секако, Тирион, но не мислам дека ќе го освои тронот, нема смисла. Омилен негативец ми е Ремзи, иако го мразев до срж, дефинитивно има навистина посебен, уникатно развиен карактер. Бабата Тајрел и Брон се рефрешот на серијата, ги обожавам. За Денерис имам измешани мислења, не навивам за неа, ама би сакала да ја видам на тронот. Џон Сноу, ми е океј, не ми толку одвратен како на некои , дефинитивно интересен лик, допрва мислам дека ќе гледаме што може да извлече. Арја е ѕверчиште, а и нејзиниот Џакен. Санса од почеток до крај ме нервира, чудно, но кога му се придружи на Џон, уште повеќе ми оди на нерви. Серси е паметна, ама многу злобна и импулсивна жена, мислам дека кратко ќе биде на тронот, некој ќе ја убие. Марџери ми беше интересна, ама малку небитна за да се потресувам. Станис е вејка на ветрот, Мелисандре фанатик понекогаш без осет. Литлфингр ми е исто еден од омилените, се чини како само тој да знае да ја игра играта на троновите. Spoiler Единствен логичен завршеток би ми бил white walkers да ги испоубијат сите и да завладеат, со оглед на тоа што на никој на крај памет не му текнува на нив. Нема да се жалам ако е така, искрено. Подобра опција би била, од, да речеме Денерис пристига во Вестерос и автоматските сите ѝ се поклонуваат. Исто така, многу ми се допаѓа светот во кој се наоѓаат, градовите, областите, морињата, династиите... Ланистер како куќа најмногу ми се допаѓа (wow, не Старк, какво чудо ), нивната песна ми е на рингтон, а и мотото и знамето ми се допаѓаат. А многу повеќе сакам да знам за историјата на Таргеријанците, ама тоа веројатно во книгите. Веќе ги нарачав, на пат се.
Постојано се смеам на странава. Ајде не уште долго. Баш ме интересира да видам до каде ќе ми тераат омилените ликови. Вистина долго издржаа, дури си мислам можи нема да умрат.
Јас веќе заборавив како заврши сезонава и што се случуваше последно. Ме мрзи да симнувам последни епизоди за да се потсетам... Ќе чекам да почне новата сезона, па тие ќе ме потсетат
Се исповозбудив одма ми иде да се фатам за мечот што ми седи налегнат на бирото,до столот Ајде нека почне веќе и јас заборавив како заврши, што се случуваше,кој умре,кој преживеа