1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    У право е Трендафилка, стварно ова војнава трае ли трае, овој на Старкови, Роб само под шатори, Ланистер спрема тактики, Ајра служи и тоа е тоа.
    Џуџево и таа курвата негова у секоја епизода мора да ги има, и Серсеи исто, а они па баш и не ми се нешто посебно интересни. Денерис у последнава епизода само на момент ја прикажаа, а имам чувство дека она понатака ќе бида главна со змејчињата.

    И Кал Дрого ми фали, многу секси ми беше, јез да и копилено на Старкови не е лошо, и оној Роб такоџе, али Дрого беше оргазмичен само ко ќе се појави у кадар.
    Ја послушав Реин си ги симнав книгите, али ќе си ги читам летоска, сега сесија иде па мора да се учи ;) .
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се гледа сеијава од оној грозен пингвин „кралот“ Џофри.Ми се повраќа значи од него, буквално.Јас најмногу го сакам џуџето.Ма го обожавам, така од ќеф, пошто е една опасна ѕверка.
    Теон, ѓубре.
    Денерис никаде ја нема, ретко ја прикажуваат а тоа ми оди на нерви, таа ја правеше посебна серијава.
    Малку ја тупат работата.Нема толку акција како во прва сезона,сите ми се некако флегматични, неорганизирани...
    Се надевам дека овој пат крајот ќе го скраси делото, оти во спротивно...лошо.
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Немале доволно буџет за да има повеќе акција па мора да се ориентираат кон дијалози.
    Али какви пејсажи има, човече. Па мислам ич ништо да не се дешава во серијава, јас ќе си гледам 50мин и ќе уживам :)

    И плус продуцентиве штедат за последната епизода, буквално молат за
    пари за големата битка што треба да се случи
    во последната епизода.
    Ако сакате да прочитате повеќе:
    http://www.torontosun.com/2012/03/30/ga ... of-thrones

    Со оглед на тоа колку се обемни книгите, а колку е скапа серијата, јас сум презадоволна од она што го гледаме. Ах, кога ми имале неорганичен буџет, ќе гледаме совршенство :)
     
  4. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Ова џуџево какви идеи му текнуваат тоа е чудо.... Штета што умре ? наместо шупакон Џефри.... Rainbow да не умре џуџено? леле срамота втор омилен карактер по ред ми умира у пм

    и да коначно некоја битка да видиме :rofl: , све само почеток и крај гледам сеа малце и тепање

    Ме потцеќа на битката од 2ра светска војна кога ги напаѓаа плажите на Нормандија .... (само наместо митраљез имаше стрели тука ) :D :D
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Ти одговарам на прашањето дали умре џуџето.
    Не, не се секирај, долго ќе го гледаме. :lol:
    Леле страшно добра епизода, не трепнав додека ја гледав, битка конечно.
    Јес да некои ствари малку беа испомешани, треба сеа да барам да се потсетам што и како беше.
     
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.017
    Пол:
    Женски
    Значи со оглед на тоа што фимов малку почнува да ме иритира најинтересни моменти ми се со џуџето,колку е паметен значи другиве се глупаци у споредба со него,а и никако да ја заборавам омилената ми Калиси :)
    Фимов ме нервира зашто сите добри ликови ми испоумреа и тек ќе умираат |( а и башка што режисеров очигледно има малку застарента сексуална жичка го отупе веќе.Секоја епизода МОРА да има голотии да ми се манда некој со таквиот пред екран или да се ... проституткине.Разбирам дека сакал да ја долови изветопереноста на луѓето од тој период али се со граници.Сепак во книгите не е до толку тоа изразено како во филмов.
    И да во секоја епизода се повеќе навивам да му летне главата на оноа кралчено Џофри (сигурна сум дека и во приватен живот никој не го сака :rofl: )
     
  7. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Регуларно си отспивам едно 10-20 минути по епизода, |-) ако ја покажат Денерис, дечко ми ме буцка и јас - ааа, што, :yawn: загледувам и пак паѓам во кома.
    На крајот ги догледувам последните 10тина минутки, секоја епизода ми е поочајна од претходната, најмногу возбуда имаше кога
    и ги украдоа змејчињата на Денерис и кога ги обезглавија сите на масата во градот кај што престојуваат.
    И тој типот што и е телохранител, ако нека си ја сака, убаво е да се сака, :D ама како пар се целосна утка, малтене како некој чичко и внука. :puke: Ако ги спојат, убичу се.

    Изгледа само мене Џон Сноу ми е неубав, а? Ми има тотално селска фаца, со тоа косиштето, плус во новава сезона и здебелен, заоблен... абе невинашче. :D

    Роб ми е фаворит, знаев дека ќе се плесне со онаа "докторката", надри-лекарка, како да ја наречам, и таа фина фаца.

    Џуџето и Серсеи ми се едни од поинтересните.
    Џуџето внесува свежина во серијата, а Серсеи за мене е една многу интригантна особа.
    Колку епизоди ќе има сезонава?
    Слабо, за разлика од првата многу бледо и слабо.
     
  8. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Па ако само се ориентираш кон еден карактер и само тој го следиш, нормално дека нема да ти е интересна серијава.
    Не е само за еден лик, сите ликови се главни, секој лик може да допринесе кон пресврт, колку и да се чини незначаен. Затоа убаво треба да се следи секоја епизода, ако веќе некој се решил да ја гледа серијата. Инаку подобро да не си го губи времето.
    Ми се допадна говорот на Тирион, како ги мотивираше.
    They say I'm half a man. But what does that make the lot of you?
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Па не може искрено да оформам мислење или симпатија кон некој лик кој го даваат на 20 секунди што се вика.
    Што мислење имам за Станис, или онаа што го роди ѓаволешкото суштество, црвенокосата?
    Ништо не појаснија, ниту покажаа.
    Тие што ги читаат книгите може им е разјаснето и ок, мене искрено не ми, серијата моментално е расплинета на 100 страни, сакаат на сите да им се посвети внимание, а не успеваат.

    И некои беспотребно тупави моменти како Џон Сноу во снегот со онаа што успеа да го зароби... |( кога си легнаа еден покрај друг, што беше потребно толку долго да ги гледаме нив? Суптилно навестување дека Сноу е невин уште? Знаеме де.
    |(
    Реално, сезонава има повеќе глупави моменти, отколку значајни и интересни.
    Барем за мене.
     
    На tinkerbelll му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Rainbow да кажам ова е еден од ретки постови кој си ги пишала и ми донеле радост во моето срце :inlove:

    За момент помислив дека ќе се откажам од серијана , нема смисла ги убиваат јаките и добри карактери а оние кукавицине ко Џефри ми бегат кај мамичка :fubar:

    Како му се местеше таа :lol: :lol: :lol:



    И да ќе се сложам со Тренди за тоа дека не прикажуваат све , барем малце да се концентрираа да ги објаснат улогите на сите главни карактери, и во првата сезона беше лесно кога ги покажуваа 3те фамилии (старк , ланистер и таа со змејовите) и убаво објаснија кој што улога и дали е добар или лош у серијата

    А сеа ни Станис ни таа што раѓа црни арапини или пак за тие шетачите и другата раса што се горе малце да појаснат би било убаво ....

    Чим ми завршат колоквиумите ќе почнам пак од прва сезона и втора таман ќе заврши , малце да ми биде појасно што како и кој што ќе прави

    И да епизодата кога Џуџено ќе умре , ќе биде епизодата кога ќе престанам да гледам , сега навивам само за него оти најчовек се покажа од сите таму....
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
    Мислев џуџето е мртво, пцуев се живо и диво и се колнам ако не прочитав тука дека ќе го гледаме уште долго немаше веќе да гледам!
    Конечно акција и добра, одлична епизода.Што беше до мене можеа слободно сите да изумрат и Станис и Џофри посебно.Јас единствено живи ги сакам џуџето, сер Давос(кој не знам дали е мртов),Санса и курвата на џуџето, значи таа девојка ја обожавам, ако нема којзнае каква улога.
    Потресна беше сцената кога седејки на тронот, Серсеи сакаше да се убие со синот, ако не ја сакам, има храброст жената.
    И така со душа ја чекам последната епизода.
    П.С.Кога ќе биде новата сезона, најавена ли е?
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Дечки, само да прашам... дали има некој торент кај што ги има сите епизоди од вторава сезона?
    Да не ги симнувам една по една, сакам сите наеднаш. Ако некој знае, нека стави линк. Однапред благодарам. :) :) :)

    Јас не ја гледам серијава, мажот ми почна да ја гледа, и успеа цела прва сезона да ја изгледа во еден ден :^) како му успеа, и јас не знам, ама кога немаш друго што да правиш, а си на службен пат, не можеш да шеташ поради тоа што не е безбедно, и неработен ден е - најверојатно резултатот е таков. Сега морам да му ја симнам вторава сезона, оти пак заминува, па да има што да прави во слободно време :D
    Јас прво книгите ќе ги читам 8)
     
  13. evelyn993

    evelyn993 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2011
    Пораки:
    488
    Допаѓања:
    314
    многу добра серија. толку многу ликови, дејствиа, одмазди, крвишта, лаги, превари. првата сезона одлична. но вторава некако ме разочара. глупаво малку во една епизода да ги отупат се едни исти ликови и дијалог долг пола епизода.
    али како и да е, нема да се откажам, ќе си ја гледам до крај :)
    најмногу ја сакам арија, ѓаволче е.а данерис ауууф јака :). не беше фер за нед и за дрого. вештерицата не ја сакам, оваа кралицата што праве инцеси и синчето нејзино ми се иде да ги удавам. и едно големо ура за тајрон мислам беше џуџето, паметен итар и праведен :)
     
  14. LaBella

    LaBella Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    1.083
    Пол:
    Женски
    Едвај чекам да му го скинат главчето на Џофри... лигуш на мама :devil:
     
  15. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
  16. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Од текстот ( не го ставам споилер оти не открива дејството само кој ликови ќе се појават)
    Досега е потврдено дека во третата и четвртата сезона ќе се појават кралот на дивјаците, Менс Рајдер, војникот Дарио Нахарис, братот и сестрата со посебни моќи - Џоџен и Мира Рид, витезот Берик Дондерион, црвениот свештеник Торос од Мир и други ликови, но Бениоф и Вајс се уште не сакаат да откријат кои актери ќе ги толкуваат улогите.

    WTF кој се па овие сеа бе лелеееееееееееееееее...... колку има тамо карактери и кралства ...


    Сега ако сватив од овие сезони 2 , само 4 кралства се појавиа? , плус кај што е Daenerys Targaryen Девојката

    Од тие 4 кралства видов само 4 кралеви од кој 3ца ги убија а 4тиот за малце


    Патем еве една интересна стварчица за мапата на Game of thrones

    :lol: :lol: :lol: :lol: :lol:

    (Za da go vidite celo stistnete desen klik> Open image in new tab)

    [​IMG]



    И да ја замолам Rainbow да ми објасни кој све кралства од овие 7 се појавиа (osven winterfall kings landing i stanis) и кој ќе се појават понатаму

    [​IMG]
     
    На 1209 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Мило ми е што во две сезони ќе биде поделена третата книга. Се надевам нема да биде ептен набутано, туку ќе можат убаво да ги претстават сите ликови. Ќе има смена на ликови пак, не ви кажувам ништо да не ви биде уништена цела сезона, ама ќе има промени. :)
     
  18. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.011
    Допаѓања:
    198.824
    Пол:
    Женски
    Јас вчера најдов некои од книгите во Икона, се разбира, на англиски. Ја немаше само првата, „Game of thrones“, а другите ги имаше. Продавачот ми рече дека авторот планирал седум книги, а за шестата не разбрав дали уште ја пишува или е во печат. Како и да е, сакав да ги купам... ама по цена од 699 ден. за книга... се подзамислив, оти сепак, имаше 5 книги (без првата), па не можам да си дозволам да лупнам толку пари наеднаш... некаде на друго место да ги има, по пониска цена? :$
     
  19. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Виножитке а ќе има ли битки во 3та и 4та сезона? , мислам повеќе тепање освојување на кралства да не биде само шетање и зборење цел саат



    Во 5та сезона очекувам Змејовите да спалат некој :rofl:
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.790
    Допаѓања:
    65.498
    Пол:
    Женски
    Не ми текнува на се, одамна ги имам читано книгите, ама ќе има ептен дешавки, Денерис ќе направи конечно движење, ќе биде интересно.
    Мене уште 5тата книга не ми е читана, треба да ја почнам кај и да е.