Spoiler Можи да има некој маж повеќе жени во седумте кралства? Зошто сем ако можи така, друг начин нема како да е Лиана легално негова венчана жена зошто тој имаше веќе сопруга и деца. Ама ако Лиана не му беше венчана жена на Рејгар тогаш прво право на трон ќе имаше Висерус, ама умре тој нели. Кога затрудна Валда со наследник, Ремзи како нелегитимен наследник отпадна ако детето е машко, што значи дека ако нема жив машки брат или дете Рејгар треба Џон да биди легитимен наследник. Како и да е се крчкаше на интернет дека Ејгон, синот на Рејгар, дека е жив. Искрено многу сакам и околу Рејгар да се сврти малку приказната. Доста интересен лик е.
На wiki of ice and fire читав дека Таргеријанците можат да имаат повеќе жени, бидејќи не се поклонуваат ни на бог, ни на човек, како нивните змејови. Во тој случај Џон не е bastard и е вистинскиот наследник. Сега, ако Регар и Лијана не биле венчани, дали Денерис, женското дете на кралот, има предност, или неговиот bastard внук? Мислам дека Денерис има.
Јас сепак мислам дека не зошто женско наследник во серија е ептен ако е last of her kind. Пример после Џофри беше Томен на ред за тронот, а колку што паметам Марсела беше постара. Сепак мислам дека се дава предност на деца на најстариот. Едино можи да се зафркни ако Ејгон е навистина жив. Би бил тој ем од венчана жена син, ем постар. Само така е споменуван низ серијата, можеби и е само некоја гласина.
Сепак мислам дека безразлика што е или не е бастрд, му даваат предност на машките. Ама дури и да стигни избор меѓу нив двата мислам дека Џон неќи да биди крал, а од друга страна Дени сака да биди кралица, па можеби ќе се договорат некако.
Shall we begin? Јас мислам дека Серси е пандан на Н.Г. Остана со празни раце, ама уште си блада дека е краЉица на седумте кралства. Гревче. Гоу тим Денирис (и Тирион), оти Џон Сноу ме нервира во друштво на Санса.
Spoiler: ep1 Не знам зашто толку ја напаѓате Санса кога и таа има исто така право да донесува одлуки, сепак е следна на ред да раководи со куќата Старк. Со Џон ме потсетуваат на Нед и Кејтлин, и секогаш Џон бил сличен на Нед, а сега и Санса наликува на мајка си. Дени не прозборе ни збор во епизодава ама беше една од најмоќните сцени до сега, а уште повеќе со музиката. Денерис планира напад кон Серси и Кингс Лендинг ама мислам дека тој план ќе почека ако дојде Џон да и каже дека се наближува една поголема закана кон Вестерос, а тоа се шетачиве. Тоа е проблемот што другите куќи, дури и Цитаделата не се свесни за доаѓањето на шетачите и повеќе се занимаваат со железниот трон кога имаат поголема закана што доаѓа надвор од ѕидот, веруваат во ѕидот да ги спаси и мислат дека е невозможно да се пробие, дека стражата ќе се справи со тоа, а до сега на ниеден крал не му било гајле за луѓето од стражата и што се случува таму, дали се тие доволно спремни за нешто такво.
@prettyliar Не можам да речам дека не си во право, ама мене актерката ми е многу фригидна и антипатична, а со тоа ми ја руши сликата за ликот на Санса кој го имав добиено читајќи ги книгите. Далеку е од Кејтлин, сè уште.
Афтер ред вединг имаше ред мекици ... убав почеток тек ќе се мрсат сплетки. Ми се свиѓа како Џон Сноу си владее иако од двете страни треба да се чува. Што повеќе жртви во седумте кралства повеќе војска за ундеад. Џејми се гледа дека здраво размислува ама Церси е отидена скроз мислам дека ќе има нејзина смрт во сезонава. Летс бегин
Нека не го чепка оти нема да стигне до Кингс Ландинг, ја ќе ја убијам пред она да го убие Ед И мора да остане жив because of this: "Only way to justify Ed Sheeran's #GameOfThrones cameo is for him to greet Bran with: "When your legs don't work like they used to before..." https://twitter.com/Charlie_Potter/status/886778381953576961
Арја дефинитивно најјак лик. Заради неа најмногу ја гледам серијава...Нормално сите улоги придонесуваат за да се создаде ваква серија, ама Арја ми е посебно драга. Убав почеток имше епизодава за баш да те внесе и да ти задржи внимание. Малку сцените со Сем кога ги чистеше НОКШИРЧИЊАТА беа А баш сите фанови нешто грицкаа дур ја гледаат серијава, па пријатен апетит Не знам што да одвојам за да искоментирам, скоро се сте опфтиле вие од сабајле што сте гледале Јас дури сега имав време да ја изгледам, а и не ми задржа нешто посебно внимание за да се помочкам од среќа.....Освен Арја п.с. Мислам нема потреба да пишувате во спојлери. Пошто некој што ја нема изгледано епизодата сигурно не влегува во темва, а некои јаки спојлери од иднината сигурно не знате.... пошто никој не знае Да не се мачиме да отвораме спојлер по спојлер. п.с2. Баш кога летаа земјовите, влегува татко ми во соба, па виде на екран што ми е пуштено и ме прашува што се тие...Му викам: Змејови летаат Си замина вчудоневиден Се осетив ко на тешки дроги да сум
Spoiler Мене па Санса и Џон ми се топ комбинација, ги обожавам и конечно да се заедно и никој да не ги потценува и зеза. Санса толку се изнапати во животот што мислам оти и се отворија очите, едвај чекам да го среди литл фингер.
На крај Little Finger ќе седне на тронот. Сите поголеми сплетки тој ги прави...Тој го уби Џофри, и се умилкува на Санса а под контрола го држи она детено што им е братучед на Старкови (што цицаше од мајка му, а има 12/13 години) Зошто се ова го прави? Да седне на трон. Опасен лик е, треба да се обрати внимание и на него... Не е за потценување. Ако не тој, или Денерис или Џон Сноу ќе бидат сигурно. Кај и да е Серси ќе ја убијат.