Се плашам дека Санса му е веќе потпадната под влијание и дека и тоа како би го предала Џон. Мене идеален хепиенд ми е ако Дени и Џон се заљубат, па заедно владеат понатаму. Сепак имам некое чувство дека Џон ќе загине
Абе Џон на Денерис и е внук од постариот брат ако се заљубат, пак ли инцести ќе гледаме? Ако дознаат некако дека се фамилија барем нема да се убијат меѓу себе. Еден нека застане на трон, другиот десна рака. Може Брен да им каже дека се фамилија (или како и да се викаше детето од Старкови што не може да оди). Нели тој има моќи, па кога се врати во минатото виде чиј син е Џон. И јас мислам Џон ќе се жртвува некако, за сама Денерис да остане.
Едит: да додадам уште нешто што ми падна на памет. Можеби ќе се заљубат па Џон ќе загине, така некако, па ќе се врати после како wight, ама ќе се сети на вистинското потекло (и љубовта кон Денерис) па некако ќе направи да се помират луѓето со wights и white walkers. И пак ќе се земат со Дени, и ете ти Songs of Ice and Fire, mission completed! Па што знам за инцестов, цела династија Targaryen им е базирана на инцести, ваљда и тоа нема да им смета.
Јас мислам дека white walkers ќе стигнат до Kings Landing и дека многу тогаш ќе ја сфатат опасноста, а не претходно. Сезонава очекувам да умри Церсеи и/ли Џејми. Дури и можност тој да ја убие кога ќе му се смачи од нејзиниот булшит, а него да дојди ситуација да мора да го убие Бриен. Го очекувам ова, а не би сакала да се случи. Џон мислам дека нема да умри пак, барем не сезонава, зошто тогаш би се вратил во живот? Откако ќе направи нешто поголемо можеби ќе умри после тоа. Литлфингр колку и да е добар ако не оваа сезона, очекувам да умри или пребега некаде, можеби и другата. Исто така очекувам Санса да заличува се повеќе на Церсеи. Не за оваа сезона, но за следната, очекувам да умри Арја, безразлика колку многу порасна како лик, но очекувам да умри како херој борејќи се покрај Џон. Очекувам дека ќе има нешто меѓу Дени и Џон, но не би била среќна поради тоа, а и очекувам Церсеи наскоро да ја прифати понудата на рок ѕвездата. И што сакам, но не очекувам да се случи е борба помеѓу д Хаунд и она што остана од д Маунтаин.
Еве уште еден интересен ФАКт : Серијата се снима по книга, а од книгата ни трага ни глас... Дебел еден...
Мислам дека изјавија дека последните две сезони нема да се според книгите, со оглед на тоа дека уште пишува, ама секако ќе бидат под влијание на писателот.
Сеедно, нема логика серијата да заврши пред книгите, или пак да не ја следи книгата и всушнот сценаристи да ја пишуваат, а не Цаци. Уствари, има логика - пари...
Одлична прва епизода, сцените на Арја и Калисито беа врв Се надевам дека сезонава ќе го вклучат повеќе Брен во приказната, за WW се гледа дека почнуваат да добиваат поголема улога, Серси очекувам да ја скинат наредниве епизоди иако доста контроверзен лик е, Санса трга по нејзини стапки ама уопште не ја можам колку лигаво створење е, во серијава е останата само ради фактор на среќа, онаа малечкана Мормонт е ѕверка. Мелисандрето не ја видов, што се деси со неа уопште не ми текнува дали остана живаа баш си ја сакав. Настрана сите теории, јас очекувам на крај ко што се чукнати на тронот да застане некој ко Сем, Бриен оф Тарт, или The Hound, не за џабе ги чуваат толку. https://9gag.com/gag/a1KXOxb?ref=fbp Реакцииве се врвот.
Серијата ќе заврши пред книгата да излезе тоа е јасно како ден, HBO ќе заработи дебели пари од последната сезона а тука спаѓа цела една позадина заедно со Мартин кој исто така ќе заработи дебело.. Според тоа што серијата се базира на клучните случки кога отпосле ќе излезе книгата ќе има многу поголема интересираност за деталите отколку таа да излезе прва па сите да ја прочитаат и на никој да не му е гајле за серијата за која патем се вложени гастрономски суми да се сними.. Се е цакум пакум испланирано, без гајле пријатели.. Маката е во тоа што треба да чекаме уште цели 2 години до крајот, живи били па видели, чувајте се јадете здраво и пијте многу вода
Парите се побитни од верните фанови Некој со години го читал и му купувал книги, а тој вака им врати...Прво серијата да заврши Дебелко еден...
Само да кажам дека едвај чекав да ја гледам епизодава и кога ја пуштив, цело време се наежував. Имаше доста добри сцени, доста добра музика, а крајот, иако Калиси не ми е меѓу омилените, беше една слика - илјада зборови. Гримасите, гестовите, емоциите кои беа доловени зборуваа погласно отколку да имаше дијалог. И музиката беше... Втора омилена композиција ми е после The light of the seven. Се' е битно за да еден филм или серија биде комплетен, квалитетен. Од глумци, глума, сценографија, костимографија, до (позадинска) музика. А Рамин Џавади завршува одлична работа. Костимот на Дени ми беше прекрасен, со крлушките и суптилните боцки кои светкаа. Штета што повеќе внимание не посветуваме на тоа како гледачи, зашто навистина многу е вложено во костимографијата и е преполна со симболизам и детали. Доведена е до совршенство. За тоа дека е серијата пред книгата - не ми е јасно зошто ви пречи и се водат полемики. Нас и овие неколку месеци одложување ни беа премногу како гледачи, а камоли да чекаме Мартин да ја напише книгата, која можеби ќе покрие само дел од сезона, па да се снима. Книгата е секогаш добредојдена, па дури и пожелно е да биде поразлична од сценариото што моментално оди. Што корист имаше што 3-та и 4-та сезона беа снимани по книгите, кога беа ултрадосадни? На серијава и' требаше размрдување, динамичност, а тоа се деси со ланската сезона и гледам дека продолжува во тој тренд. Освен тоа, Мартин е дел од сценарискиот тим, така да... Се' е под контрола. Се' на се', ежење додека не ми отпадне кожата.
Ако веќе мора да гласам, сепак би да победи Ајра Старк. Омилена ми стана после оние култни сцени со маските. Многу моќен лик, доста добро реализиран, солиден борец. Ако не она Тајрон. Он не е борец, но е мудрец и тактичар... Во суштина, не сакам никој да умре од седумте кралства, ама баш никој зошто сите ги засакав на посебен начин, и било кој од нив кога ќе го губи животот во следните епизоди многу тешко ќе поднесувам, па дури тоа да е и Серси. Калиси исто така ми е меѓу омилените, ама го нема она тој агресивен жар, тоа мало огниште кое фали за победа. ..Заборавив да пишам дека многу се смеев за фацата на братот на Серси кога овој ја побара за жена, тоа беше епик!
Јас мислам дека на крај никој нема да седне на тронот и ќе биде shiity завршеток. Сите ќе испоумрат и ќе се распадне целото кралство. Што се однесува на ликовиве, или Џејми ќе ја убие Серсеи зашто ќе му прекурчи, или она ќе го убие Џејми зашто ќе и иде во контра, пошто целата е забегана. Како и да е, очекувам сезонава тоа да се случи. Арја исто така очекувам да загине во некоја херојска битка и ќе ги спаси сите од некоја голема трагедија. Литлфингер пак ќе направи некоја сплетка и ќе се извлече. Мислам дека Санса ќе тргне по него, бидејќи ќе сака да делува надвор од одлуките на Џон Сноу, ама нема да завршат славно бидејќи ќе направат некоја непромислен чекор. Дебелкото Сем, ќе има најголема улога сезонава. Он ќе открие све, меѓутоа се плашам дека од Цитадел ќе го скинат зашто е многу љубопитен и нема да стигне да им пренесе све во Винтерфел. Споредниве ликови, Тхе Хоунд, Грејџој, Мелисандре и сл. ќе имаат некоја улога, ама ако не сезонава, наредната ќе ги снема и нив. Тирион Ланистер ќе биде мн голем херој, ама ќе има многу тажна смрт. За Џон и Дени немам сеуште претстава, мислам дека ќе останат живи и дека ќе се изборат со WW. А што понатаму немам идеја, ама мислам дека целото тоа уредување со 7 кралства ќе се укине.
А што мислите за Брен? Јас мислам дека направија грешка што го поминаа преку Ѕидот и малку сум збунка. Малку ми е во магла неговата "мисија", кажаа дека во оваа сезона неговата улога ќе има големо значење.
Јас мислам дека штом Брен помина преку ѕидот дека сега white walkers ќе можат да поминат, да го уништат или нешто така.
Да и јас затоа се збунив, ама од кај да знаеја овие што го пуштија за ова... Ќе биде интересно во секој случај.
@Mishela шознам, можеби и Брен не е свесен за тоа, ама би требало да биди. Нели the Night King го допре и му остави отпечаток. Тоа е причина поради која мислам дека ако го помини ѕидот и дека кога овие ќе се доближат ќе можат да го рушат. Најбезбедно ќе беше ако останеа каде што беа. Можеби немаше да биди најбезбедно за Брен, ама ќе беше доволно безбедно да white walkers не го преминат ѕидот.
Па да, ама што знам, поентава на филмов е да влезат, па да ги нападнат, па да има битки низ кралството итн..