Јас не мислам дека ја брзаат сега серијава, туку дека претходно многу ја забавија. По цела сезона ништо не се случуваше. Ваква динамика и треба да има за да биде интересна. Патем, мислам дека Јурон е премногу луд, а Серсеи е жедна за крв, па не им треба никој од непријателите жив. Ако не се лажам, женава од Дорн беше набодена, а Јара беше обесена на клунот на бродот, па мислам дека така само ќе ги однесе почураспаднати како доказ за лојалноста. Ништо чудно и да се сложи Серсеи после да се омажи со овој. Санса и Бејлиш уште од минатата сезона си праќаат чудни погледи, така да... Нешто смрди. Џон конечно оди кај Калиси, па конечно секс, па, колење и све со ред. Интересно е, едвај чекам да видам што ќе се случува. Ежењето продолжува.
На крај ги покажаа тие двете што ги уби овој лудиот од сестрите. Значи тие беа на бродот забесени. Едната со мајка и е уште жива, како и Јара.
Не, дефинитивно тие две беа Sand snakes, и тоа Нимерја и Обара. По облеката им се познаваше Обара е втората, таа што е жедна за убиства како мајка ѝ, што веднаш се согласи за убивањето на Мирсела во Дорн. Нимерија е третата, што одвај се согласи. Таа што остана жива со мајка ѝ е Тајин (Tyene), ја памтиме по тоа што му се соблече на Брон во затворот. Многу слаби карактери, воопшто немаат обрнато внимание на нив, како и на целата приказна со Дорн. Патем, јас мислам дека Серси беше решена да се мажи со Јурон, ама сакаше да го искористи пред тоа. Сега на двете им следува мачење и според претпоставките, Серси би ја убила Тајин пред очите на мајка ѝ. За Јара не се знае, веројатно Јурон ќе ја мачи неа, не Серси.
За првото, односно брзањето, како да не брзаат е прашањето? 2 од 7 епизоди поминаа, што значи има уште 5 од сезонава. Ако одолговлекуваат тогаш крајот на серијава нема да го видиме уште 3-4 години. Според мене сосема оправдано, и мене лично прескокнувањето време не ми смета, и не мислам дека ја уништуваат серијата со тоа. Инаку би требало да чекаме години за да се развие дејството. Oд самиот почеток на серијава има такви скокања во време, не се случувањата во континуитет, и тоа веќе го имаат потврдено и D & D. Второво т.е. гол Greyworm.. што ќе видиш кога нема ништо? Мислам дека се гледаше делумно кога легнуваше врз неа дека нема ништо само stub. И последно, Теон. Како да не се исплаши кога човекот има претрпено тортура, заложништво и сигурно страда од PTSD. Најреална реакција претставена беше, дури да направеше нешто ќе требаше да се чудиме, а не тоа што избега. Алал да му е на глумецот, мислам дека на лицето му видов како од Теон се претвори во Рик. A, подобра одлука од скокање во вода немаше. Ако го нападнеше Еурон, шансите да преживеат беа 0. На овој начин и тој и сестра му остануваат живи, плус ќе има некој кој би се вратил кај Денерис да каже што и како се случило. Јас мислам оваа сезона ќе биде борба за престолот, а следната борба против WW. Не ми се верува дека има уште само 5 епизоди.
Па всушност и јас сакам вака кога брзаат, пошто инаку ми е досадно кога не се случува апсолутно ништо. Е сега, си требаше во сите сезони да има исто темпо, за да не дојде се одеднаш да прикажуваат. Има многу дупки во последнава епизода, како да фалат сцени а некои па безврска се додавани...Сигурно вака ќе бидат и следните. Но, мене воопшто не ми смета, баш напротив...Сакам што побрзо војната да почне. Туку заборавив дека и Брен влезе преку ѕидот, плус и Арја се упати накај Џон и Санса, што значи сите деца Старкови конечно ќе се соберат заедно. Само најмалиот и најстариот брат ќе им фалат Инаку мислам не го покажаа за џабе волкот на Арја, може ќе се појави одеднаш во војната и ќе им помогне Сега го дадоа за да знаеме дека е жив т.е. жива де п.с. Се надевам Сем нема да се зарази. Многу ми е добар човекот и стварно жал ќе ми биде
Best thing I've read today Spoiler: S07E02 Бев убедена дека обесена на клунот на бродот беше Јара, but after rethinking има логика да беа Обара и Нимерија (секоја од нив со своето оружје убиена). Еурон имаше great entrance ама ќе ја измачува Јара & I hate him for that. Одличен крај за него би било доколку Теон го убие и му покаже дека what is dead may actually die За Теон не би рекла дека е кукавица, иако можеби изгледаше така Реално после целата тортура со Ремзи да падне во рацете на друг лудак ...no thanks Џон е Даенерис се прави кралица ама да не е small council, џабе и е се. She's unfit to be queen и едвај чекам Варис да го стави Џон на тронот кога ќе види колку е неспособна. Team Jon for the Iron Throne duh Unlike повеќето, мислам дека Санса нема да заебе работа. Сега виде колку Џон и верува и не верувам дека во моментов Литлфингер може да направи нешто за да го уништи тоа...well I hope not Мисандеи и Греј Ворм Знам дека беа ептен запалени, but jeez close the door ALSO: Инаку мислам дека продуцентиве упорно ни го тестираат желудникот со одвратни сцени (или многу го мразат актерот што го игра Сем). Не знам како ја преживеав првата (endless) монтажа ама после втората, кашкавал не сакам да видам веќе
Уште весла типот? Колку сезони веќе, 6? Немаат книги сега за да ги влечкаат, затоа одат побрзо. Ама и поарно е вака, барем побрзо да се случуваат работите. Немам коментари, само чекам да видам што ќе се случува. Вака или така, скоро се' бидна како што беше очекувано. Инаку не верувам дека Арја ќе оди кај Џон и Санса иако тоа и' беше планот. После средбата со Nymeria ќе тргне накај King's Landing. Ќе си остане на намерата да ја убие Серси. Дали ќе успее, ќе видиме допрва.
Ама некако подобро ми е да биде така. Оти ова со reunion-от ми е некако премногу ко од бајка, а тоа не ми е специфично за серијава. Ајде баш ќе видиме како ќе склопат на крај. Јас сакам некоја урнебесна битка со WW и нешто повеќе од приказната на Брен, тоа ми е многу интересно.
Па така и ќе биде. Арја сфати дека мора да си тера независно од Џон и Санса, ќе има reunion на крај, ако останат живи, of course. Nymeria не сакаше да си ја напушти глутницата за да остане со Арја, оти глутницата е нејзиниот живот. Така и Арја, не може да се врати на она што било.
После вторава епизода, ептем смешно ми беше што во фб фид, главно ми се извртеа некои статии од типот на wow, GoT прикажаа consensual sex! Се смеевме дека не е единствен, аман. И Серсеи со брат и'. Та тоа што беше? После па, некаде налетав настатија дека по епизодава најбаран збор на Merriam-Webster или не знам кој од дигиталните речници бил: евнук. Луѓе размислувале околу тоа, колку кастриран бил кастрираниот војник Ејгиди.
Spoiler: Еп2 Мене не ми е јасно само зашто Брен не е дојден дома до сега, сигурно стражата и Винтерфел не се толку далеку па гавранот на Денерис побрзо да стигне од Драгонстоун. Варис, Калиси, Џон, Тирион, Давос и Мелисандре се squad goals и мислам дека заедно здружени ќе имаат големи шанси против Серси и Јурон, единствено ми е жал за Џејми, еден од поомилените ликови ми е, а сигурна сум дека ќе умре сезонава. Калиси има многу голема предност во однос на Серси, со војската и Дортораки и плус 3 змеја, мора брзо да напаѓа затоа што ако ја остави Серси да си скрои планови тешко дека ќе го добие Кингс Лендинг. Не ве сфаќам тие што навивате за Денерис и Џон да се заедно зашто Денерис кога ќе дознае дека уствари Џон е the rightful heir ќе го замрази ама тоа е сигурно, не за џабе 6 сезони се бори да дојде до Вестерос, за после да се појави син на Регар од нигде никаде и да и го земе тронот. Давос кога ќе ја види Мелисандре мислам дека ќе му се сврти, сегде му се појавува. Мелисандре ми е многу интересен лик, мада некогаш мислам дека и таа не знае што прави со нејзините prophecies, сега испаѓа нешто ко Денерис да е огнот, Џон мразот и ќе се борат против шетачите. Неможам да преминам преку фактот што направија Џон да му е син на Регар, требаше да си остане Старк.