Малце чепкав на нет , извадив неколку сликички со смешни содржини па ете да ги споделам со вас бидејќи се едно 20 слики ги ставив вo spoiler На повеќето бев патос Спојлер Овде само со Нед старк Спојлер
Уффф Шетачите коначно да видам како изгледаат и сега ќе треба да чекам вечно за 3та сезона И на Тренди и се најпраи ќеифот , ја виде Daenerys повеќе од 5 мин
Многу, многу добра епизода и завршница. Лелееее пак сега една година. Јас од сите најмногу сакам Денерис да биде кралицата која ќе остане да владее. Она и змејовите, другите да си се вратат сите кај што им е местото и така среќно да си живеат. Спојлер И жал ми беше за Тирион, која храброст ја покажа, а се тоа е заборавено, а он отфрлен. Барем му кажа евнухот кој сакаше да го убие.
Се надевам ќе има неколку инсерти од тоа што се случувало во минатото со Mad King и како сето тоа било , отприлика знам од тоа што збореа во 1ва сезона али сепак подобро е ако се види
Почесто ќе треба да урочувам некои ликови, таман реков Станис не го даваат ич и не може човек да оформи мислење - пап, ете ти го, главен фраер во 9та и 10та епизода од сезоната. Мене ми беа најинтересни овие две последниве, од целата втора сезона. Очекувам и се надевам на подобра, поинтересна и поквалитетна трета. Сфатив дека најдебилен лик ми е Џон Сноу. Ужасно ме нервира, мекотелско суштество. После него, Санса. Колку ми е жал за неа, толку и ми е глупава, добро бе девојче, Спојлер кога ти понудија за време на нападот да избегаш со тој ненормалниот што им вадеше црева, па каде ти е паметот? Остана бре со цел памет во дворецот. И живее во заблуда дека сега, откако Џофри нема да ја земе за жена е - безбедна. А онаа што Џофри ќе ја венча, мислам дека му е единствениот пандан во ненормалноќата. Во очите ѝ се чита дека е лукава и манипулаторка, мислам дека нема страв од ништо, жената си е на мисија како и сите други - да застане на тронот (тоа беше патем жената на кралчето што умре, педерот, така?) Дали сите деца на Серсеи се од брат ѝ? Џофри, девојчето што го испратија, малечкото што сакаше да го отруе? И многу ми е мишто сто Роб Старк не ја послуша мајка си. И се венча со надри-доктурката. А мајкава, како го испрати Џејми Ланистер за размена за ќерките, кога ниту има некаква информација за нив (поим нема на пример дека Ариа не е ниту во дворецот). Толку непромислен и неорганизиран потег. Сцената со Денерис беше најдобра, излишно е да се зборува понатаму. Исто како и сите останати, на мисија е да го заземе тронот, и никој и ништо нема да ѝ го попречи патот. А можеше да си остане во House of the undead, со Кал и детето, ако сакаше. И друго нешто си коментираме по дома додека ја гледаме. Нели има различни покраини еве да ги наречам, секој си управува со својата, има своја земја, народ, поданици, Станис, Старкови, Денерис и лудакот исто имале, Ланистерци... а сите се тепаат за кралскиот престол. Фактички - кралот ги управува апсолутно сите? Принудени се да му плаќаат данок и давачки? Ако не е така, борбата за тронот би била без поента, секој мирно нек си живее во својот дел.
^Да сите деца се на брат и таа не сакаше да има деца од Роберт бидејки не сакаат да им се смеша крвта, вака се чистокрвни со педигре . А Санса, ми е жал да речам дека е глупа од толку што е жална. Да, оној кој седи на престолот има апсолутна власт, оние кои се главни на другите „кралства“ нему му водат сметка.(Барем и јас вака сфатив оти и самта кажа онака нема поента целава војна) Зар брат со брат би се колеле ако немаат огромна корист од тоа
Спојлер Да, да, тој што седи на престолот е главниот во целиот Вестерос. И сите деца се на Џејми, Роберт има само копилиња. Мене не ми се свиѓаше што се венчаше Рон со таа, многу непромислен потег и од негова страна, има толку луѓе за кои треба да мисли, а он си ја стави сопствената среќа на прво место. Исто како и мајка му што направи, така направи и он.
Јас сега стигнав да ја гледам епизодата. Е значи уште неможам да се соземам, луд е и авторот и режисерот и мајке ми серијата е проклето генијална! Спојлер Овој завршеток ми беше подобар од оној на прва сезона. Кои страшила се овие белите шетачи или како и да се со оној пискалото на чело, уф језиви многу. Ми се допаднаа дешавките со Денирис, пуштив некоја солза, море не некоја повеќе на сцената со кал Дрого и бебето, најемотивна сцена ми беше од цела серија.Најдобар пар ми се. Знам може сум досадна ама колку моќно и стојат змејчињата Јас сакам таа да заврши на престолот, не само што и крвно по правило е нејзин, туку таа и најмногу се грижи за својот народ, ќе биде исто така грижлива и со сите други. Колку жал ме падна за џуџето, по толку храброст го уништија и го заборавија како никој и ништо.Го сакам бе и него и девојка му, предобра глумица е и го обожавам карактерот иако ретко ја има во кадар, ретко ама квалитетно.Мене не би ми пречело и тие да го делат тронот. Мило ми е што овој нема да ја жени Санса, ама колку е глупа што мисли дека сама ќе се снајде тоа е едно чудо.А онаа новата жена на „кралот“ значи органски неможам да ја смислам актерката, толку антипатична фаца ми е, лицемерна и подмукла(само ради неа прекинав да го гледам Тјудори) кога ја видов и тука реков аман. Ме остави без зборови и сцената со Џон и Полушака, добар план имаше овој смислено, ем да не умре од раката на дивјаците ем Џон ќе биде прифатен.Одлично. Одлична епизода, ненормално интересна ми беше и еден куп емоции ми измеша.Боже колку се соживеувам Е да и Арија мислам дека е квалитетен лик и дека ќе има во наредна сезона повеќе активности од нејзина страна, а и типот што и помагаше, одличен е, како глуми. Тешко ми беше кога гледав како Винтерфел гори и на овие сцени си поплачав малку. Се на се одличен крај.Само сега кој ќе чека година за одличен почеток
И јас ја загледав серијата и се навлеков на нејзе. Две епизоди за вечерва, а едвај чекам да продолжам да гледам. Интересна и возбудлива. Омилен лик ми е Денерис. Совршена е. Исто и Арија. Одвратен ми е принцот, не се сеќавам како се вика. Тоа лиглото. Јас најмногу се чудам на инцестот помеѓу близнаците. И претпоставував дека сите деца се нивни. Си личат бре .
Лелеее сите буквално сите навиваат за Денерис, е што ти значи да си најубав лик во серија Мислам и мене ми е убава мила и посебно харизматична, ама за тоа дека она е вистински престолонаследник нема апсолутно никаква врска, Таргериен како прво немаат вистинско право на престолот зошто и они си го зеле на сила со змејовите. Според тоа, кој и да победи во војнава има потполно целосно право на престолот. А според правдата (многу се чувствувам ко судивка ) треба или некој од копилињата на кралот, или Станис, како следен на лозата на Баратион. Спојлер затоа и мислам дека многу клучен лик во серијава е тоа копилето на Роберт, што се заедно со Арја моментално, заедно што избегаа А за Санса дека е глупава, не е, само е претпазлива. Не може туку така се согласи да замине со тој Песот, кога тој буквално пред 5 минути беше поданик на кралот, значи не знае дали е тоа стапица или не. Плус што може да ја силува кога сака ако замине со него. Вака си седи мадро да не оди модро Инаку новата жена на кралот иако сега ви изгледа антипатична, многу ќе ја засакате во трета сезона, и не кажувам понатаму Јас си навивам за Арја, и за Нимерија секако и се надевам дека ќе се сретнат повторно.
Почнав да ја гледам серијата пред една недела, стигнав до 5 епизода... Прекрасна серија, прекрасна приказна и одлични ефекти - Браво за HBO ! Тие сцените со борење и колење ептен реално делуваат, се згрозив кога видов како еден манијак ова де витез ја пресече главата на коњот ! Но најмногу се згрозив кога ги видов тие близнаците Ланистер, What the hell ?! Омилени ми се Едард Старк и целата негова фамилија, и ептен ќе ми биде мило ако Едард дојде на тронот
Now I know what you wanted to say Ги изгледав сите 10 епизоди од прва сезона ! Абе го мразам тоа копилето Џофри ... ИДИОТ !!! Се познава дека е правен од брат и од сестра, мозокот не му е во ред стварно ... ПСИХОПАТ !!! А цело време си мислев дека Едард е главен лик во серијата, и дека тој ќе дојде на тронот ама ништо А омилен лик ми беше у пм веќе ! Сега сакам Денерис да дојде на тронот, барем ќе знае како ПРАВЕДНО да владее !
Значи просто се заљубив во серијава!!Ги изглеав двете сезони во изминативе две недели. Дефинитивно ја препорачувам, одлични глумци, приказната неам зборови генијално! Спојлер Еве ја ќе речам, не навивам за Денерис, мене баш ми е антипатична. Си мисли дека само ако го помине морето, одма ќе и дадат престолот и ќе и се клањаат, затоа што нејзе крвно и припаѓал Санса постапи многу глупо со тоа што не си замина со оној големиот. Ако мисли дека сега е безбедна, баш напротив сега може што сакаат да и прават, затоа го направи и тоа Кралицата, рече дека може Џофри да се ожени со таа другата, сака да ја тргне Санса од патот, се глеа дека ја мрази, зашо е Старк. Арја се надевам дека ќе стигне кај брат и и мајка ми, девојчево е стварно храбро. Најодвратен лик ми е Џофри, значи го мразам детево, колку се сили дека е крал, а уствари поголема кукавица од него нема А најомилен лик ми е Џон Сноу, најубав е И многу е добар, чесен, не може да убие жена, иако тоа ќе го чини. Многу ми е срцка. Крајот на вторава сезона ме остави ваква ..многу добро осмислено, значи имало цел град таму, ја мислев воопшто нема луѓе позади ѕидот, само whitewalkers Нешо не ми беше јасно на крајот, дали кога ги покажаа the whitewalkers, одеа накај ѕидот?? мене така ми изгледаше, ко да ќе го напаѓаат Ѕидот Кој ќе чека до другата година за нова сезона, па ќе заборавам до тогаш П.С. Ја обожавам музиката кога почнува. Многу е моќна! http://www.youtube.com/watch?v=s7L2PVdr ... detailpage