Па различни се, не се толку исти, боите ги издаваат воглавно иако зависи нели каква е снимката/осветлувањето. Дрогон ми е омилен како си ја брани Дени, да не беше он одамна ќе ја преболевме мислам. Патем, Дрогон е најтемниот, Рејгал е зелениот и оној на В мислам беше е најсветлиот. Запази им ја бојата на внатрешната страна од крилјата, така најлесно се распознаваат кој е кој, тоа сум приметила. Дрогон има црвеникави крилја, нема шанси да го промашиш.
@Mishela Вајсерион е кремасто-златниот Тој што го именува по брат и Висерис.. Инаку да змејовите се разликуваат, во историјата на Гот нема ист змеј, сите се сами по себе уникатни со единствена комбинација на бои и шари..
Spoiler: S07E05 Епизодава беше досадна но доста напната... Прво, јупиии Гендри се врати. По спојлерите што ги исчитав до сега не верувам дека ќе има некоја значајна улога но сепак, јупии. Може ќе го спојат со Арија Зборувајќи за Арија, не ве разочарува малку од малку? Ако еден Литлфингер успеа да ја изигра, како ли тогаш планираше да ја убие Серсеи? Според промото за наредната епизода дури и ги сврте една према друга со Санса... Што лик ќе беше, ме нервирал од самиот старт на серијава. Пропаст на куќата Старк е тој ама ајде... А Сем, зошто замина од градот? И што беше со делот што го читаше Гили за Регнар? Осеќам нешто битно беше, а тој будала не обрна внимание... Уште колку епизоди останаа, 1, 2? Бргу поминаа... Едит: А Џон со змејчето, а а а што имате да кажите за тоа
5 епизода Spoiler Епизода без акција ама многу договори. Сите некако се во контакт и знаат еден за друг што им се дешава. Змејот го сака Џон оти се роднини, внук од тетка му е змејчето . Гили дозна дека Раегар го има прекинато бракот со првата жена и е оженет со друга. Ќе им текне сигурно тоа, Сем ми е надежен лик во расплетот на историјата и дешавките. Литлфингер нема да помине така, не се веќе наивни Старк женските, ќе го средат. Најт кинг ис каминг, навистина каминг. Леле уште две епизоди и што попрво, безвеза. Можеа 10 да направат барем, цела година чекавме
Spoiler Серси е трудна со дете од Џејми. Сега не верувам дека пророштвото ќе се исполни и дека он ќе биде тој што ќе ја убие. Арја беше изиграна од Литлфингер, искуството го прави своето.. ама се уште се надевам на некој пресврт тука. Иначе, со кој памет Џон оди да се соочи со Армијата на мртвите, сите мисли да ги потепа? Во промото на наредна епизода видов дека се борат и на крај трчаат, најверојатно накај ѕидот. Малку неорганизирано (или пошто се брзаат сезонава па као ај демек се организирале). Сите имаат со нив меч од Valyrian steel? Ми се допадна моментот со змејот и Џон и сознанието дека Раегар и Лијана се венчале. Winter is here. Yay
Spoiler Не читам веќе спојлери - сите спојлери прочитани! Значи не е фер, до сега сите видеа испаднаа точни, тоа значи дека скриптата што ја leak-наа уште пред да почне сезонава била вистинската. Епизодава ми беше океј, немаше акција ама затоа имаше reunions. Малку awkward ми падна кога Дени го гушна Џора пред Џон, и после како го загледа кога Џон рече дека ќе оди кон Eastwatch, погледот што и го упати Џора, always in the friendzone. Џон и Дрогон Си осеќа змејчето Targaryen blood. Баш сакам во иднина и Џон да лета еден змеј. Сега конечно со откритието на Гили, дознавме дека Џон е законски син на Регар и Лиана и по правило он е наследникот на тронот. Ама тоа дури во 8 сезона ќе го открие, не верувам сега. Гендри сум го заборавила како изгледаше, доста пораснал и набил мускули Ама врвот ми беше Давос со "I thought you were still rowing", yes indeed, сите тоа го мислевме. И малку ми беше смешно, колку брзо стигнаа во Еastwatch, да не беше претпоследна сезона мислам дека дури после 2 епизоди ќе стигнеа, а не вака, знам дека ги забрзуваат работите, ама можеше наредна епизода така да почне, сепак Драгонстоун и Eastwatch се на различни страни.
Spoiler: S07E05 Spoiler: Брон... пак (sorry) Кхм... Знам дека напнав со теоријава, ама дали приметивте? Just sayin' Се сеќавате на муабетот што го правевме кога излезе првата епизода, за тоа дали Џон би имал подобар claim за тронот од Денерис ако е bastard? Ете, се потврди дека не е битно, бидејќи е highborn. Туку, кога ќе чуе Денерис за ова којзнае како ќе реагира. Јас мислам дека првичната реакција ќе ѝ биде end him, ама Тирион ќе ја разубеди да се омажи со него. Ама тоа веројатно при крај на последната сезона ќе се разоткрие, што значи дека можно е Џон и Денерис да се сплеткаат пред тоа, па отпосле да дознаат. Интересно би било. Мислиш братучед? Сем реши да фати пат од библиотеката, wow, многу паметно, грабни пет-шест рандом книги и надевај се дека ќе го спасиш светот со нив. Литлфингр во негов стил ги изигра Арја и Санса. Крајот на овој plot го гледам во тоа ептен да се испокараат тие две и на крај да сфатат дека тој е крив и да го убијат. Но додека Денерис не се согласи да ги пушти змејовите горе Литлфингр ќе живее, бидејќи неговата смрт значи дека the knights of the vale ќе ја остават Санса, а засега тие им се најголемата војска против мртвите. Не знам како стои пророштвото на Серси го „добрите“ вести, мислам дека не треба да има уште едно дете. Јас мислам дека го манипулира Џејми бидејќи знае дека не може да ја поднесе веќе. Новиот план на Тирион ми е втф, како ќе ја убедат Серси за што било, нема шанси да поверува. Туку прво нешто што ќе направи е да пушти неколку assassins на северот. Не отидоа да ги убиваат, туку само да успеат да извлечат еден, за да ѝ го однесат на Серси и таа да поверува, па да се свести за вистинската опасност како што викаат. Ама не ми се верува дека сите живи ќе излезат од таму. 90% сум сигурна дека Торос и Берик ќе умрат, а 60% за Џора. Also, Тормунд, sassy. Исто така, Џон си најде бести. Се надевам дека Гендри нема да умре пред да се сретне со Арја. Еепизодава веројатно беше последна од оваа сезона пред пак да ги видиме Џон и Денерис заедно. П.С. Ако уште некоја „теорија“ се потврди од извесни скрипти, fuck all of y'all.
Spoiler: 7x5 Што ви реков за Сем? Значи знаев дека ќе ја покраде цитаделава и ќе кидне Сега се дозна дека уствари Jon Snow има повеќе право на тронот отколку Дени, ама во сликата спаѓа и Gendry пошто и он е наследник од страна на Роберт. Кога Џон го погали змејчето многу ми беше слатко Littlefinger типичен сплеткарош, се знае дека таква му е улогата, редно беше нешто да направеше сезонава Многу брзо летаат епизодиве, уште 2 и кој ќе чека после пак
Spoiler: 5 Се утепаа од давање на знаци за Џон Таргериен и веќе и досадно ми стана, ај барем веќе знаеме дека не е бастард, да чекаме да дознае некогаш и да се прекине со овие знаци, подзнаци. Гледав видео каде што дечково ја знае скриптата што ја ликнаа уште на почеток и скоро све се исполни, и рече дека во 7ма епизода Spoiler Брен со помош на Семвел ќе дознае уште многу работи за Џон и ќе слушне што Лиана му шепнала на Нед, а тоа било да го крсти бебето Aegon Targeryen. Многу голема грешка и беше на Дени што ги уби Тарлиевци, од една страна можеше подруго да изигра, на нејзин начин,а од друга страна не треба да ја осудуваме што ги користи змејовите да убива затоа што Серси да ги имаше, немаше само луѓе да гори, туку цели градови. Како и да е, Калиси не е никако the rightful heir затоа што Џон Таргериен, а вака кога гледаме од лозата на Роберт Баратеон, по мое мислење Гендри е бебето на Серси И Роберт што Серси викаше дека го изгубила кога и кажуваше на Кејтлин и значи Гендри е исто така the rightful heir. Ама како што запнале со Џон и Денерис ќе ја омажат Денерис за Џон и така ќе се случи чудо и ќе бидат и двајцата на тронот затоа што почнаа да исполнуваат желби на фанови. Ќе биде интересно ако Арја стварно наседне на игрите на Литлфингер, а Санса му ги открие злобните намери и испадне попаметна од Арја, затоа што Санса нели беше таа глупата и неталентираната. Семвел Тарли ја обели епизодава иначе ќе беше total waste.
Spoiler: S07E05 Не разбрав нешто...Писменцето што го скри Литлфингер, што пишуваше во него има некоја врска или блефира за да ги скара сестрите? И зошто го вратија Гендри, што битна улога би можел да има. Син на Роверт е, но е копиле.Ниту го носи неговото име, ниту има право на престол. Коначно дознавме дека Џон не е копиле на Регар. Па така тој има најголемо право на престолот. Моментот кога го галеше змејот ми беше многу емотивен, се наежив, најдобрата сцена во епизодата Змејот ја надушка крвта на Таргеријанс Сем ми станува се поинтересен мислам дека тој ке ги разјасни многу работи. Мислам дека со Гили и синчето се упатија кон Винтерфел.Сега од како ги убија татко му и брат му тој останува единствен наследник на куќата Тарли. Прочитав еднаш едни спојлери и досега се се случи како што пишуваше...Прочитав и за последните две епизоди Сега ми е криво што читав, али пуста радозналост
Spoiler: S07E05 Омг! Омг! Омг! Pardon my french, ама свршавам додека ги гледам новице епизоди!!! Да имав пенис, константно еректиран ќе ми беше од возбуда. Предобри, прејаки и поминуваат дур да трепнеш. Е не, ќе се заебаваме, една сезона = патување од едниот до другиот град. Подобро да има побрзо темпо и да трае помалку сезони, отколку да го тупат, па да се чудам што сум гледала лани. Погоре све сте кажале, инаку. Многу трогателен ми беше моментот кога Џон го галеше змејот. Исто и кога Серсеи кажа дека чека дете. Ама не верував дека Џејми ќе продолжи да ја слуша сестра му. Што љубов ќе беше?... Моментот кога Гили го прочита она за Регар - priceless! Ама сепа не очекував Сем да ја напушти Цитаделата. За Бејлиш не знам што да кажам, само знам дека Арја ќе му го најде крајот, зашто му фрли пик уште одамна. А и за Санса не знам што да мислам. Не сакам да верувам дека се заљубени со Бејлиш и дека коваат завери. Нњ ја гледам целта Серсеи да ја убедуваат дека има walking dead на Северот, мислам дека баш и' е гајле. Ама доволно е Дени да ја уверат и ќе мириса на печено месо. Мило ми е што се појави Џендри. Време беше. А и како се испосретнаа сите... Лудница. Туку, од каде испадна теоријата за Џендри дека не е копиле? Дали јас нешто сум пропуштила, дали е теорија само или е од книгите? Леле, многу сум возбудена!
Spoiler: s07e05 Ми се смееше дечко ми дека за Џора сум плачела. Во глобала не многу интересна епизода.
Spoiler: 07x05 Џон во една епизода тргна и стигна на sидот а мртовците никако да стигнат до него, а веќе колку епизоди маршираат кон sидот? Во 6та сезона тргнаа.... Џон ќе ги најди ќе земи еден мртовец, ќе се врати во Драгонстоун и во Кингс лендинг ќе го прошета а мртовците уште нема да стигнат Мислам ок е да го забрзаат дејството ама не под услов да го направат нелогично.
Јас како што сфатив од трејлерот за 6та ќе се доближат ептен до ѕидот, така да мислам дека би требало во 7ма епизода и да си влезат во Вестерос. Иначе негде читав дека Spoiler тоа морето околу ѕидот е замрзнато поради доаѓањето на зимата, а порано не беше и јасно се гледа на мапата и имаше теорија дека The Night's King го чекал тоа за да преминат околу ѕидот. Имаа кажано дека во ѕидот е вградена магија за да неможе да поминат шетачите, до сега имаат влезено еднаш така да не знам.
Изгледа само јас не сум ги прочитала спојлерите од украдените скрипти Не ни сакам да читам Интересна епизода, но не толку интензивна како претходната (ама не може секоја да биде со акција хехе) Баш ме интересира што планира Литлфингер да прави...Знаев дека не е толку наивен и знаев дека ја примети Арја како стои зад него. Само мислев ќе и влезе и тој во соба и ќе и рече: Ова го бараш? И прави некоај стапица, ама може да се зезне...Арја е непредвидлива. Битно Џофри џуниор ќе се роди (ако не ја убијат Серси во меѓувреме) Како може од брат и сестра толку здрави и лични деца да се родат? Посебно Томен и сестра му беа лепотанчиња, а инцести се