Потврдено е безброј пати, Џон е легитимен син на Регар и Лијана. Сега е веќе и официјално јасно дека Регар го поништил бракот со Елија Мартел и склучил брак во Дорн - Tower of Joy кулата каде се породи Лијана е во Дорн.. Витезите кои беа пред кулата со кои се бореше Нед беа од кралската гарда на Регар кој ги испрати да ја чуваат Лијана додека тој се приклучи во бунтот на Роберт - каде и трагично загина. Се е поставено на тацна само треба да се чита меѓу редови..
Не ми е јасно... зошто тргнаа во таа самоубиствена мисија? Се сомневам дека и да фатат white walker (барем еден), под услов некој да остане жив да го однесе во Вестерос или каде и да е, што тоа ќе им докаже на Денерис или Серси? Ништо...
Мене (а читам и на други) не ми е јасно како така брзо одат луѓето од еден крај на светот, до другиот? Се телепортираат? (Истото што се дешаваше во првата епизода) Разбирам дека после неколку денови прикажуваат, за да не го тупат многу, ама ова бре ја премина секоја граница....Ја развлекуваа серијава, за на крај да ја заебат и во 2-3 епизоди нез цел свет патуваат. Сер Давос од кај Денерис замина кај Сесри, па се врати, па за 2 секнди беше кај ѕидот Ти се чини низ Делчево се одвива акцијата. Секоја чест колку се брзи луѓево во време каде што не постојат авиони. И уште не ми е јасно, зошто ја бараат Серси да дојде со нив против Вокерите? Па уште ќе и носат Вокер за доказ Нема ни војници женава зошто им е....Можат Денерис и Џон сами да ги средат Вокерите, па после нека ја нападнат и Серси...А тие што прават бе? Зошто ја отупеа серијава во последно? Најисфорсирана серија, како едвај да чекаат да заврши
И јас сакам да протестирам, оти само две три сцени гледаме цело време, порано поживописно беше, шетаа некаде даваа како се движат по планини по долини, по градови а сега за две секунди стигаат до секаде и ништо нема никаква сцена...
@JollyGirl Продуцентите кажа дека не треба сега помалку време да се стигне до истите места, туку ги скокнуваат тие делови. И сцените не се хронолошки, на пример Тирион додека објаснуваше дека има направено таен тунел кај Кастерли Рок, во исто време ги даваа како го освојуваат, а всушност има недели разлика помеѓу Тирион и тие сцени. Далеку попрактично е што ги прескокнуваат патувањата, има многу повеќе смисла. Лигично е бидејќи во книгите има повеќе материјал за разработка и не се приметува минувањето на времето, додека во серијата ќе се убиеш од досада додека да стигнат од едно место до друго. Единствено што не чини е што се приметува разлика бидејќи оваа сезона една епизода опфаќа месец, дури и два, додека претходните беа две недели најмногу. Ама искрено, мислам дека треба да се помириме и да се согласиме дека брзото темпо е подобро. Ако продолжеа да тераат со пасивноста како во четврта-петта сезона сите ќе кренеа раце од серијата. Па Денерис вика ,,Ако не дојде Серси и јас не идам". Бидејќи не сака да го остави југот незаштитен од Серси, сакаат и неа да ја убедат дека е опасно, да се вклучи и таа во борбата против зомбињата, (или ако не бар да ги остави да ги решат тие двајца), па после да се тепаат за тронот. Единствената дупка во планов е што не е возможно Серси да поверува сè додека сама не ја види армијата или да и' убијат некој важен.
Серси ќе се согласи да се приклучи со војската во борба против вокерсите, но во последен момент ќе одлучи да не ја пушти војската во битката. Нели рече самата мора да смисли нешто да ја зезне Калиси. Така ќе си прави план војските на Денерис Џон и остали да загинат во борбата со Најт Кинг и таа да си остане сама на светот да си владее...
Знам зошто ја сакаат покрај нив, ама од каде се сигурни дека ако Сесри е заедно со нив, сепак нема да ги нападне? Зар на Сесри ќе и веруваат? Заедно со нив може да биде кај ѕидот, а ваму зад грб да го крене цел југ во воздух. Плус Сесри нема војска, нели пола ги убија, а пола се приклучија од кај Денерис. П. С. Сесри додека разбере дека Денерис заминала да лови зомбиња, таа веќе ќе се врати со змејот. нема да биде во голема опасност југот, иако нема да биде тука Денерис некое време.
Сигурно дека епизодата ќе изгледа по досадна , минатата имавме змејови , тепачки не знам што , отиде буџетот , следните епизоди се по 71-81 мин ако добро разбрав на интернет , особено сега тепачките со шетачите ќе го истроши буџетот уште толку .... така да не им се лутам што епизодава беше повеќе шетање и разговарање.... Серси има сеуште голема морнарица на чело со чичко Еурон како и оние платениците на Iron Bank , The gold company мислам дека се викаа (тие што Станис ги ангажираше пред неколку сезони ,или што разговараа за нив да ги ангажираат, ако не се лажам). Плус голем и паметен трн во око е , и мора да ја вклучат во битката против шетачите , што мислам дека ќе ги предаде сите и ќе имаме некој Red Weading момент. Според промото за следната епизода ќе биде зомби епизода , така да очекувам возбудливи 70 мин , од тие 7 души што ги пратија + 12-20 обични војници , очекувам да се вратат само 4. Може да почнеме да се обложуваме кој нема да се врати Spoiler Мојот облог е дека Мормонт , Торос и тој со едно око што го вратиле од мртвите(не ми текнува како се вика) нема да се вратат живи.... И најважното очекувам враќање на уште еден глумец од минатите сезони , само што овој пат да биде на лошата страна
@Yipman2 од каде ја најде сликава со Ходор? Е ако се врати навистина ко зомби, скарана скарана скарана скарана засекогаш Се надевам дека само од ракав си кажуваат луѓето, а не е информација од украдените скрипти. Ако со сигурност знаете некој спојлер, ставајте во спојлер а сите да гледаме... Бендер ќе делел банови од темава за спојлери
Да кажеме дека познавам луѓе кои знаат други луѓе и добиваат информации. Spoiler Се шалам , Фанови на Гот ја направиле сликата ,воопшто не се знае дали ќе се појави , али не би требало да те изненади ако стварно се појави , бидејќи нели умре таму во пештерата и има шанса да се придружил на војската. Не ни знаев дека има украдени скрипти , ако може некој да ги постира супер , све е дозволено , не ми се чекаат 2 недели да заврши сезонава...
@Yipman2 Во спојлер ке пишам што прочитав од фан кој ги прочитал скриптите. Spoiler Екипата ке и однесе на Серсеи шетач и ке ја убедат дека навистина постојат. Таа ке се согласи да ја пушти нејзината војска да се бори против вокерсите, но во последен момент ке ги извиси. Серсеи нема да умре оваа сезона.Ке ја покажат во кревет, облеана во крв. Претпоставувам спонтан абортус. Денерис ке отиде со змејовите да го спаси Џон и другите, некој ке умреше, само не помнам кој. Џон не е. Еден од змејовите ке умре и ке се врати како змеј на вокерите. Така и ке заврши шеста или седма епизода. После пишуваше нешто со брод некаде ке идат Џон и Денерис, не го запомнив најдобро тој дел и тука ке падне првиот секс меѓу нив. Литлфингер ке умре. Санса ке го осуди на смрт, а Арија ке ја изврши казната. Тоа е тоа што запомнив. Ги пишуваше и случувањата од последната епизода и навистина излезе така. А дали и за ова што го напишав важи, ке видиме .
Ќе ви се приклучам со спојлерите.. зашто сите можни видеа ги изгледав на јутуб што беа од ликнатите скрипти. Отворете на сопствен ризик Spoiler: спојлери за последните две епизоди! Во нареднава епизода ќе биде битката со шетачиве, ќе ги нападне мечка-вокер(имево) и ќе го повреди Торос. После ќе стигнат до езерото, ама претходно Торос ќе умре и Берик ќе го запали за да не се претвори во шетач нели. Џон ќе му рече на Гендри да оди до Eastwatch и да прати порака до Денерис да дојде да ги спаси. Ќе се борат и мислам дека и Берик ќе умре, а успеваат да фатат шетач. Се појавува Дени со 3те змејчиња и почнува да пали. Сите се качуваат на Дрогон,the hound е одговорен за шетачот освен Џон што се бори уште со цел другиве да се спасат. Таман ќе тргне да се качи, ќе падне некако во водата и Дрогон ќе одлета. А во меѓувреме The Night King ќе го прободе со копје Висерион и ќе го убие, и он ќе падне у езерото. Ќе дојде чичко Бенџен и ќе го спаси Џон ама он ќе умре. И конечно Џон ќе стигне до Eastwatch , каде ќе имаат bounding момент со Дени. И во последната е тоа и погоре што го имаше напишано облаче,ќе го донесат шетачот, сите ќе бидат во Кингс Лендинг, Серси ќе му рече на Џон да му се поклони ама он ќе одбие и пред сите КОНЕЧНО ќе си го свитка коленото пред Дени. Серси ќе полуди, на крај ќе ги зафрке, нема да ја прати војската и Џејми ќе ја напушти и ќе замине да им помогне. И на крајната сцена кога Брен ќе се врати во минатото ќе ја покажат венчавката на Лијана и Регар и во исто време ќе ги покажат и Дени и Џон- #boatsex. И воздигнувањето на Висерион како шетач-змеј и паѓањето на ѕидот. Не знам колку и што е точно, ама околу 80 посто сум сигурна дека ова ќе се деси.
Spoiler Јас ако до крај на следната сезона не го покажат Рејгар и ако не е Девин Оливер, ќе ги тужам. Само од се пишано, само Рејгар сакам да го видам.
Leak-ната е 6та епизода, пазете се од спојлери а доколку некој ја изгледа и сака да коментира нека пиши во спојлер да не си расипваме