Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра на тронови (Game of Thrones) [2011]

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Yipman2, 22 април 2011.

  1. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.407
    Допаѓања:
    8.453
    Пол:
    Женски
    И јас и се спремам на 6та вечер да ја пуштам. Да не беше со добар снимак ке ја чекав до недела, ама вака паметот не ми е тука :lol:.
     
    На Victorian и theowndemon им се допаѓа ова.
  2. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    Квалитетот е стварно одличен, е сега само превод што нема а аудиото е малку лошо.
    Се испадна точно значи. И мене не ми сметаат спојлерите, кога веќе сите ги објавија. Така само сум повозбудена да ја изгледам епизодата.
    Предобра, одлична, превозбудлива.
    Си поплакав кога го убија Висерион, сум забележала дека повеќе ме погодуваат змејовиве него ли самите ликови. И многу ми падна жал за Дени, кога рече дека змејчињата и се единствените деца што ќе ги има. :(
     
    На Someonespecial, Lella, Nigredo Odor и 8 други им се допаѓа ова.
  3. sweet-cherry

    sweet-cherry Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 јануари 2011
    Пораки:
    3.655
    Допаѓања:
    29.370
    Пол:
    Женски
    Ај откако собрав впечатоци да ја сумирам епизодава.
    Прво зошто целава сезона Брен скоро и да го нема?! Као по логика он требаше да биде една од најбитните личности, нели може да ја гледа иднината... А он си прати писменца, никој не му поверува и тоа беше тоа. Се надевам дека барем во последната епизода ќе се покаже како корисен.

    Понатака.. целава мисија беше suicide mission и се знаеше дека ќе има жртви, али непотребна ми беше целата драма со Џон кога го оставија да си потоне. Као знаеме дека сигурно нема да умре, омилен лик е и не за џабе го враќаа |( И тоа со вујко му, као можеа заедно двајцата да избегаат, језда овој може само до ѕидот ама можеше да се спаси. За змејот уште од лани имаше спојлери/теории дека ќе има undead змеј, и стварно испадна така. Уште Ходор да испадне дека е undead и фановиве ги бива неверојатно. Инаку многу ми беше жал за змејчето.

    Ама од друга страна Дени и Џон леле колку преслатки моменти. И коа и рече my queen малце love/hate имав со моментот. Али сепак му го спаси животот.

    Драмите со Арја и Санса крајно небитни искрено. Доаѓа the Night king овие се расправаат за некои моментално небитни работи :yawn:

    И на крај моја претпоставка за последнава епизода: ќе се борат овие и ќе дојде момент коа ќе почнат да губат од the night king, и наеднаш ќе се појави Сем со некоја врло битна информација, али у последни 5 минути и завршува финалето неодредено :D

    Кој ќе ја чека сега последната ;(
     
    На Someonespecial, Lella, Nigredo Odor и 9 други им се допаѓа ова.
  4. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Арја (facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm) Многу непотребни работи изнакажа.
    Многу ми е смешно што тие што се гадат од инцесот на Серси и Џејми се истите тие што ја подржуваат љубовта на Џон и Денерис.
    Како и да е, скриптите си се 99 проценти точни, така да отприлика знаев што следеше.
     
    На Nigredo Odor, theowndemon, Giovanna и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Ај само мала напомена за спојлерите, пошто очекувам наплив на еуфорија на темава до вечер. :)

    Ствари како содржина на епизоди, теории (ваши или од интернет), ликнати скрипти, итн., како и пропратната дискусија за истиве ствари - нека одат во спојлер. А на спојлерот ставете му наслов соодветен за содржината - не оставајте спојлери без да биде означено што има у нив - затоа што некој може ќе отвори спојлер мислејќи дека ќе чита нечиј коментар за последната епизода, а уствари ќе ја види ликнатата скрипта. :D

    Е така. А сеа, have fun! :party:

    [​IMG]
     
    На Annath, theowndemon, Giovanna и 5 други им се допаѓа ова.
  6. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    3.184
    Дали е можно Арија да не и збореше безвеза на Санса само онака, туку да го утепала Литлфингер и она да правеше муабет место него со Санса? Ги немам читано тие скриптите или спојлерите, ова ми дојде малце чудно зошо утепаа толку време на нив епизодава ако не излезе нешто поголемо. Ако некој прочитал, пишете ми дали е вака. :D
     
    На Lella, theowndemon и Victorian им се допаѓа ова.
  7. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Морам да кажам уште нешто зашто ептен се изнервирав поради фактот што сезонава ама ич не ги исполни моите очекувања.
    Како тоа Џон така лагано си се покори пред Дени, не размислувајќи како на тоа ќе реагираат Санса, Арја, Брен и лордовите на северот. И немораше да и се поклони затоа што му кажа дека ќе му помогне против шетачите без разлика дали ќе клекне или не, ама ете Џон си се заљуби и така го усраа ликот. Не знам како кралот така лесно си се откажа и верувам и се надевам дека северот нема туку така да ја признае Денерис. Доколку се деси да ја признаат Денерис и кога ќе се дознае за Џон, тогаш куќата Старк нема ама баш ништо да значи, факт е дека Старк ја сочинуваат Санса и Арја, затоа што Брен и искрено не го гледам како човек, како Брен, туку како гавран. Се надевам дека Арја и Санса ќе се смират и ќе се обединат за Старк да си го вратат авторитетот на Северот затоа што вака Северот е во рацете на Таргериенс. Ќе видиме кога ќе дознаат Денерис и Џон за инцесот што ќе го напраат и како Џон така како honorable man ќе го поднесе тоа, сто посто сум сигурна дека на Дени нема да и смета. Серси не ја дадоа многу сезонава како што мислев, Мелисанде и Варис немаат скоро никаква улога, Сивиот Црв скапа на Кастерли Рок со војскава, Јурон го нема и ќе се појави во 8ма сезона 4 епизода од нигде никаде и ќе заебе работа, битно сцените кога ќе им се сретнат погледите на Таргериенци траат по 15 минути.

    Како и да е, песнава за мразот и огнот им е шит и не замислував вака.
     
    На JollyGirl, theowndemon, Lolipop23 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Lady Phoenix

    Lady Phoenix Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 мај 2015
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    58.308
    Пол:
    Женски
    Омг! Не додржав овој пат, се надевам и 7ма ќе ја пуштат порано, за да не мора 10 дена да чекам.

    Јас од друга страна сметам дека се важни тие дијалози меѓу Арја и Санса. Звучат како детски драмења, ама да бидеме реални - Арја отсекогаш била дојаметрално спротивна со Санса која беше скроз наивна, глупава и среброљубива. Арја го има секое право да ја рембачи, зашто не сака пак да се десат срања, кој си има работа со Бејлиш - не завршува добро.

    Се грижам што ќе биде сп Бриен, еден од омилените ликови ми е.

    Се грижев и на Тпрмунд да не му се деси нешто. Опколувањето со зомбињата беше најнапнатиот дел од епизодава, сезонава, серијава. Буквално не сакав скоро никој да умре.

    За змејот прочитав уште одамна нешо као теории дека ќе биде претворен, ама искрено не сакав да верувам. Сега кога се деси, малку сум разочарана. Као, не е доволно што се толкава армија, па уште и змеј им фалеше. Искрено, ова беше битката што ја чекавме 7 сезони, ама соочувањето на "белиов" змеј и другите два ќе биде уште поепско, така ми се чини. Немам идеја како ќе излезат на крај со вакво чудовиште.

    Се' на се' многу возбудливо и заебано. Едвај ја чекам последната.
     
    На Someonespecial, Lella, JollyGirl и 9 други им се допаѓа ова.
  9. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Јас уште и претходната не ја изгледав, они пуштиле уште една. :sweat: Што почитувач на делото на Мартин сум јас, аман :worried::D
    Викендов, викендов :doh: ќе се издржи. :shake:
     
    На Lady Phoenix, theowndemon, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. BayernKa

    BayernKa Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.106
    Пол:
    Женски
    Кога веќе уште една епизода остана нека ја даат и неа порано да не чекаме :P
    Вистина некако освен таа четвртата епизода, сезонава некако не многу забавна :^)
     
    На theowndemon и Victorian им се допаѓа ова.
  11. kanella

    kanella Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2015
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    10.195
    Пол:
    Женски
    Серијава е најзакон серија меѓу сериите и точка. 8)
    Епизодава беше закон! Мнооогу возбудлива, сега и парично да ме казнат за пиратерија ќе вреди секоја пара :D
    Санса, 7 сезони и давам шанса да се свести и више не можам. Исцрпни се сите коментари за неа, џабе и лепота. Дијалогот со Арија не верувам и јас дека беа глупости, ги видов сликите од наредната епизода и ги видов нив две заедно со Брен така да можда ќе и светне на Санса што е работата со Литлфингер.
    Прејака епизода, стварно. А, aко продолжите да барате логика во серијава, тогаш не ни догледувајте. Не важат овде правилата за време и место и простор. Па змејови има! Што е битно кој за колку време стигнал таму, и дали се тетка и внук, и кој ќе седе на крај на тронот. Змејови има! :lol:

    Според мене, ако на Џон му следи тронот тогаш верувам дека ќе ја назначи Санса warden или како и да се вика, на северот. А за змејовите што мислите... Еве нели има 3 змеја и секој од нив треба да го јава по еден Таргариен. Едниот за Данерис, другиот за Џон, третиот? За Тирион?
    Што ако, сега кога едниот змеј е "повампирен", што се случува со третиот Таргариен што треба да го јава змејот? :worried: Тирион? :x
     
    На Victorian, Lady Phoenix, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Редно е да и ја скинат главата на оваа мивка Санса. Понезрела и помутава личност од неа не верувам дека постои во сите Кралства. Убаво ја раздрма Арја, нека дреме сега и нека се тресе, оти само тоа и умее. Драма квин на годината, колку безвезален лик! |(

    И мислам дека немаат шанси против Белите, змејот ќе ги сништи за неполна минута. Патем, како го нанишани змејот, немам коментар. Му оди изгледа нацртна геометрија и мерење агли од око на The Night King. Сирото змејче, душата ми се искрши дури одеше сцената.
    Многу ме интересира кој ќе излезе како победник, но не би ме чудело и кога тоа би биле Белите - едноставно, Денерис нема шанси ниту со двата змејковци, ниту со огромната армија. Мислам дека тука можеме да очекуваме многу голем пресврт и навистина не би се изненадила доколку некој од овие седне на тронот.
    Ако едно нешто научивме од ГОТ, тоа е дека не постојат добро и зло. :)
    Ќе имаме интересно финале, не се сомневам. Јас искрено мислев дека вака ќе заврши сезонава, ама уште подобро - тоа значи дека треба да очекуваме уште покрвава битка, со душа чекам.

    Ај нека кренат прстиња сите што се изнасмејаа кога Џон и' се обрати на Денирис со „Дени“. :D
    Кои романтики. Мислам дека им стана јасно оти се затрескаа еден во друг. :)
    И мислам дека ќе се разгори жарчето уште повеќе, а пресуден ќе биде моментот кога ќе се дознае за потеклото на Џон - тогаш мислам дека ќе почне нивниот love-hate однос и работите ќе излезат од контрола, а можеби и не. Можеби заедно ќе бидат на тронот и колку и да е клише, јас би сакала нешто вакво. Затоа што не гледам некој подостоен од нив двајца за владетел.
    Редно беше Џон да попушти и не е тука во прашање предавство, едноставно и на двете страни им стана јасно дека нема да преживеат ако не ги здружат силите. Не можат да излезат како победници против непријателот ако не се обединат некако. Не го сметам потегов за погрешен, мислам дека имаат потенцијал - ако не за друго, барем за урнебесна битка против Белите.
    Сама, Денерис знае да реагира импулсивно, а Џон е малку изгубен и наивен во обиди да го извлече најдоброто од секој. Заедно се јинг-јенг комбинација. Нивниот инцест не би бил ист ко оној на Џејми и Серси. Они двајца се настрани и нивната врска е деструктивна за останатите, одамна констатиравме дека Серси е паднанот на НГ во некој паралелен Универзум, а Џон и Дени се далеку од психопати, да не се лажеме. :)
    Пак мислам дека нивното нема да трае многу, тоа дури во 8ма сезона ќе се разглобува дополнително, чекајте прво да видиме кој кого ќе направи партали. :)
     
    На Someonespecial, Lella, Victorian и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    6 епизода
    Конечно битка со вокерсите, а бе колку безвеза вокерсите на пет метри од нив, Џон му вика на тој трчи побргу пратите гавран до Денерис, и за пола саат ете ја со змејовите. Мислиш по вибер и пишаа порака па стигна одма. Ама нема веза жално за змејот ама мислам на Дени сега побитен и е Џон, се затреска лелеле и он во неа...Нову љубав на видику. Змејот знаев оти ќе стане како вокерсите, сега со плав пламен ќе биде лудило. Не гледам начин да ги победат вокерсите со новиот змеј. Како ќе се борат со нив премногу се а змејот ќе ја уништи сета војска на Џон и Дени, ама има начин.. Ако го убијат Најт Кинг цела негова армија ќе се распадне и ќе исчезне. Нели се случи тоа на почетокот кога се бореа против неколку вокерси, и го погодија тој главниот и кога падна тој сите вокерси се уништија. Значи тајната на успехот е да се уништи Најт кинг. Мислам дека така и ќе биде, друг спас нема. Овие двајцата во бродот ќе завршат работа инцестот шо би рекол Брен. И сега уште една епизода ама што побргу во неа, битка со вокерсите, победа, некој треба да седне на тронот, треба да се дознае вистината за Џон и уште многу други работи. Дали би завршила сезоната со сите работи на пола оставени. кој знае.. А не ми е чудно некој пресврт да се деси и без зборови да не остават, како попарени после цела година да чекаме пак. Значи тој спојлерот лани што го најдов од сценариото точен излезе од збор до збор.
     
    На Mishela и Lolipop23 им се допаѓа ова.
  14. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Не можев да издржам и јас, башка топ снимка, не е ни поштеност да гледаш у понеделник бидејќи можеш да го испапаш спојлерот и да ти е криво само.
    Емоции и абеајде моменти ме маваа цела епизода. Ма да не знам, веќе не гледам со целосно воодушевување ко на почетокот зошто стварно премногу брзаат продуцентите. Ептен ми беше жал за змејот, ама вака има шанси битката живи вс мртви да има поента, бидејќи ќе ги запалеја сите и тоа ќе беше тоа. Коа ќе размислите, сите беа на едно место и со организиран напад од 5 минути Дани можеше да ги изгори сите, и ќе си завршеше серијата одма хуху. Ама сакаме комплицирано ние. Според мене целава оваа егзибиција им е залудна и нема поента. Прво, затоа што нема зошто да и докажуваат на Серси дека постојат уајт уокерс, она си има мртовец до неа. Не дека не верува, верува, само не и е гајле за тоа. Второ, да го напуштеше Дани Драгонстоун, и да ги земеше змејовите и 1/5 од армијата што ја има + сите од северот под водство на Џон, ќе ги покасапеа сите. После се враќаат сите во Кингслендинг и ги корнат ноктињаа на Серси, и подаруваат бавна и болна смрт, како што заслужува. А не, ќе земеме примерок, и секако ќе има огромен колатерал што меѓу другото можеше да биде самиот Џон Сноу, иако беше сега блиску, падна у замрзната вода, и таков смрзнат ветер го вееше на коњ додека се враќаше и пак жив остана, со малку ранички на тие сикс пек кои што направија Дани да дрхти.
     
    На Giovanna, Mishela, the.vampire.girl и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Elissa

    Elissa Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2014
    Пораки:
    3.304
    Допаѓања:
    22.594
    Пол:
    Женски
    многу се смеам на сликите, какви смеи изнаправија со серијата
    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На Lella, JollyGirl, Nigredo Odor и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    Возбудлива, ама не и логична епизода.
    Како може 10 луѓе да одат зад ѕидот против милионска армија на неживи суштества?
    За да и докажат на Серси, сериозно?
    Скрос надвор од здравиот разум.
    На Денерис и го апнаа змејот. Епа, кога не веруваше во потполност, еве, ти отиде детто јабана. :)

    Ајра и Санса уште се боцкаат, и тоа воопшто не ми се допаѓа, скрос беспотребно е,
    но воедно мислам дека Литлфингер ќе има некаков добиток од нивните расправии.
    Ајра наместо поучена од лекциите во Бравос да се сврти кон главниот непријател
    се врти против сопствената сестра? Искрено, разочарување ми е нивниот однос.
     
    Последна измена: 17 август 2017
    На Lella, Elissa, JollyGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Ама не,
    Походот не беше поради Денерис, туку за да и' покажат на Серси дека undead не се само уште еден мит. Нели, да ја убедат да им се придружи за еднаш засекогаш да се решат од зомбињата и The Night King.

    Јас мислам дека немаат шанси, освен Џон ако не измозга некоја ептен добра стратегија за да го убијат овој „Главниов“. Ќе биде интересно ова финале како и да е.
     
    На theowndemon и Lady Phoenix им се допаѓа ова.
  18. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467

    Знам, место Серси пишав Денерис, се коригирав ама ти ме претрка. :)

    Како и да е, пак е апсурдно.
    Џон знаеше што ги чека зад ѕидот, знаеа и другите, така да требаа да бидат подготвени со стратегии, со оружје, со свашта. Режисерите може главната битка ја чуваат за финалето, ама како и да е ова беше скрос нелогичен потег. Боље сега да беа со побројна гарда, а у финалето на славењето за победата да си ги отсечеа главите меѓусебно Старкoви и Ланистери неголи вака. :D
     
    На theowndemon, Lady Phoenix и Mishela им се допаѓа ова.
  19. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.284
    ^
    Јас мислам дека мораа ова да го направат. Не е само Серси, туку реално никој не верува во WW, зашто никој не ги видел, и сите тие муабети за нив биле само еден голем мит. Дури и овие лордовиве од Северот не веруваа, па не можеш да очекуваш дека некој од Југот ќе поверува.
    Затоа уствари отидоа да фатат, за да им докажат на сите дека навистина постојат и они се вистинската закана.
     
    На Lella, sweet-cherry, Lady Phoenix и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.014
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Јасно,
    јас сепак гласам да и ја скинат главата на Санса, оти премногу глуми Барби Квин принцесс стајл.
    Арја немала поим она какви трауми преживеала. А тоа што го пројде Арја, факт е дека Санса никогаш ни во најлошиот кошмар не би го издржала оти го нема капацитетот.
    Нема способност ниту да биде дојстојна замена на Џон, никогаш не размислува со ладна глава.
    Кејтлин не беше ваква. Навистина иритантна личност, колку и да се обидуваш да одолееш, не може да помине епизода а да не подзавртиш со очите неколку пати од нејзините глупости. :D
     
    На sweet-cherry, Lady Phoenix, Nigredo Odor и 1 друга личност им се допаѓа ова.