Сега не можете до недела да издржите, а после за следната сезона цели 2 години ќе чекаме. Не брзајте... Уживајте во деновиве што знаете дека за брзо ќе гледаме Плус што дека ако ја изгледате 3-4 дена порано?
Она кога сите ја чекаат 7ма епизоца од 7ма сезона, а јас веќе ги прочитав скриптите од 8ма Seriously now, дали уште некој се зафркна и ги прочита ликнатите скрипти за 8ма сезона ?! Значи ако се стварно тие ќе се мрднам !!! Цела серија и сите теории можат да идат у пм оти нема ништо логично
Јас ги читнав и ако првата епизода биде како во скриптата се откажувам од гледање на последна сезона оти ќе биде some serious shit. Ама се сомневам дека е точно, со оглед на тоа дека уште не се знае ниту кога ќе е новата сезона па не верувам дека има и скрипта дури.
Ако ја гледаш само најновата, верувај ќе ти треба малку време за да си споиш што, како и зошто. Вреди да се почне од почеток, првите сезони се одлични.
Ја завршив една серија што ја гледав, и сега барам нова опседнатост. Читам доста позитивни коментари па се мислам дали да ја почнам од почеток.
Јас мислам дека нема да се ликне финалето. Еве зошто: At this point не ми се верува дека хакери ликнуваат, сигурна сум дека HBO има замешано прсти некако, за PR најверојатно. Па нема смисла да го ликнат и финалето од оваа причина. За што ќе ги заинтересираат фановите и обичните невини души кои не гледаат, а се гушат со вакви breaking news? За осмата сезона што ќе излезе по 48 години? Најверојано за да срушат рекорд со гледаноста на финалето, што значи нема да си дозволат ликнување овојпат, не оди во прилог на никој. А и не сфаќам зошто сите сакаат толку итно да го изгледаат, никаде нема да избега. Да не спомнуваме дека шансите да се спојлерисаш се огромни за сите, со оглед на тоа што е финале и сигурно ќе има нешто бум-бадабум. Patience, my friends...
Тие што прашувате што е итноста да се гледа нова епизода , сега ќе ви кажам за мене. Јас сум чоек што гледа сезона во 1 ден и кога ќе почнам не знам да се сопрам. Мене некој да ми ја сервира епизодата предвреме многу јасно дека ќе ја гледам, и тоа не само заради спојлери, туку од љубопитност А две години се вечност и тортура, немојте да мислите лесно е, ама сепак се наоѓа занимација
Јас проблемот со крадење на новата епизода постапувам исто како и со колачите во фрижидерот. Ќе отворам фрижидер , ако има убави и сочни колачи внатре , иако знам дека ќе си го расипам ручекот , ќе ги зграбам и изедам. Така и со серијата , ќе отворам Замунда , ако видам убав и сочен Leaked 07.07 Version ,иако знам дека ќе ми го расипе изненадувањето во недела/пон. ќе ја зграбам и изгледам...
Лелелелелеле. Изгледав одеднаш неколку епизоди. Сезонава ми е врв. Конечно долгоочекувани средби, толку време се спремаа низ изминатите сезони. Ноќниот крал ми е најнајнајомразен негативец во вечни векови амин. Зошто змејот, зошто? Инаку, ништо немам читано, никакви спојлери, никакви теории, се изненадив прилично. Иако не требаше, ама од пуста желба... Плаво окце, ах... Само овие во Зимоврел ептен досадни ми беа, Санса се изгуби со доаѓањето на Арја, пак е она девојче, несигурно, лесно за манипулирање... Две години после ќе пекаме по серијава. Две. Не е фер.
Ако се чека две години за нова сезона може и склероза да не фати до тогаш па да заборавиме што сме гледале
дечки ај дали ке ви отвори ова видеото на фб, многу е јако, ако гејм оф тронс се снимаше во Индија... https://www.facebook.com/theindianidiot1/videos/1937862763147868/#
Ако се решиш да гледаш нешто - гледај од почеток. Не само оваа серија, туку и други. И другите сезони додаваат на приказната, никогаш не е само последната. Крај краева каква е таа опседнатост, ако не гледаш од почеток. Јас лично, топло ти ја препорачувам серијава, вака или така омилена ми е. Туку некој скрипти да ми дај линк за осма сезона? За седма ги немав прочитано зошто неќев сигурно да знам што се случува, безразлика што сите можни теории ги прочитав. За осма искрено, се сомневам дека имаат финална верзија на скрипта, можеби горе- долу знаат што се работи и до некаде е изработена, ама дека е финализирана и спремна за ликнување - не. И затоа сакам да ја прочитам. За предвреме гледање на ликната епизода, не ми менува ама ако е ликната ќе ја гледам. Е штом е ликната тогаш повеќе време до следната епизода. Е тоа е мачно. Штом шеста беше ликната, иди повеќе дена чекање до финалето. Додуша шеста ја гледав едино зошто имаше добра снимка. Претходниот пат, од четврта мислам беше линката, не ја гледав ради снимката. Колку и да сакав да ја гледам епизодата, серијава ми е толку важна што не можев да си дозволам да ја гледам неквалитетно. Крај краева, на пиратски живот, дали четири дена порано или четири дена покасно - не менува. Пак пајратбеј ќе ми ја овозможи.
Да, да од почеток нормално. Јас само мислев дали последната е толку добра а другите да се така-така па да не вреди да ја почнувам цела. Фала ви
Споилер! : Spoiler Дали вреди да продолжам да гледам после сите овие нелогични "дупки" во серијата со патувањата и со др. нелогични работи? Да не збориме за инцестов со Џон и Денерис, целата серија сега ќе се сведе на нив двајца како пар со, во иднина, дете. Ептен од еднаш ми дојде врскава и лошо е изглумена згора на тоа шо е cringe incest. Или ова е само до мене ?