Серијата е апсолутно прекрасна! Ја обожавам. Од глумци и приказна до амбиентот. Се е совршено. Ногу е крвопролиќе и секс за моите млади очи ама се трпи! Се останато е супер. Спојлер Откако Денерис го изеде срцето немам јадено како човек за жал... Oмилен лик? Серсеи Ланистер. Мислам дека ништо неможе да ја надмине во bitchiness и злоба!
Серијата ме воодушеви малку е грозна не можев онај Ленстер ко го дереше коњот блајк Кралицата е најјака дефинитвно ама и Хаиши мислам дека се викаше она со змејчињата Спојлер според вас шо мислите кој ке го освој тронот?
http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... zI9v_B4sxw Трејлерот конечно! Морници ме полазија, едвај чекам да почне веќе.
Серија и пол! Одлична тематика, одлични актери, се` навистина е воодушевувачки. Започнувајќи од местата на кои е снимана серијата, стајлингот на ликовите, и се` останато, прават една "stunning" комбинација, која остава без зборови! Сега, нетрпеливо се очекува почетокот на третата сезона.
ја почнав синоќа и изгледав во еден здив 4 епизоди мислам дека ќе се расплачев на 4та епизода коа заврши ептен ме возбудуваат такви, работи-лојалност патриотизам, мажественост фасцинирана сум од серијава ми влезе под кожа, различна динамична, веднаш завземате нечија страна ги браните ликовите, ги засакувате па ги мразите ... ве крева во височина од возбуда па ве шокира . едвај чекам да си одам да си ги пуштам пак
Одлична серија! Ја препорачувам на сите што ги познавам и многумина ме "искараа" што ги заразив. Самиот факт што крена рејтинг 9.4 на IMDB си го кажува своето. Почнав неодамна да ги читам и книгите ама некако... нешто ме натера да прекинам со читање. Иако настаните не се целосно прикажани, сепак, некако ми е страв да читам понатака после тоа што се случи со мојот фаворит Нед. Инаку омилен лик ми е Jon Snow, сега засега ми е најфер и најискрен и би сакала да напредува понатака, да им докаже дека да се биде копиле не значи неможност да се биде озбилен противник. Имам неверојатна способност да се приврзувам за карактери кои се отфрлени од другите, некако си се пронаоѓам во нив, можеби затоа што сум се нашла во слични ситуации. Деновиве почнав да ги гледам маратонски првите две сезони, веќе долго време чекаме нови епизоди време беше за мало потсетување. and now brace yourselves, third season is coming!
Не, не несакам. Одличен негативец ми е. Кога го гледам сакам да му врзам еден шамар*. Ќе фали ако го нема, мада ми фали Спојлер и Нед Старк и Дрого ама тоа е тоа, без тие убивања и умирања на такви омилени ликови серијата не би била тоа што е. *браво за дечкото што го глуми Него Арија душа, што ја чека. Се надевам Калиси сеознава ќе го премине The Narrow Sea, да видиме што ќе се дешава од другата страна. Се надевам на повеќе борби. Него да видиме сега прво the white walker шо масакар ќе прават
прва сезона ја завршив. вечер почнувам со втора. шокирачки крај, неочекувано барем за мене. ликовите што ми прираснаа за срце ги снема... морам само да кажам дека многу чуства ми буде серијава, од гадење до недоумница, па солзи па среќа... веројатно тоа е показател за добра серија.
Конечно се врати серијава. Премалку се десет епизоди годишно, стварно се премалку за серија од овој калибар. Инаку не трепнав додека ја гледав епизодата, уживав во секој изговорен збор. Спојлер Уф која свиња е овој, не ми се верува колку се гади од неговиот син, дури не го ни смета за син, а Тирион има најголем дел од него. Денес баш на антена5 слушнав дека торентот го симнале над милион луѓе во првиот ден од емитувањето на епизодата, се поставил нов рекорд. А ја обновиле серијата и за 4та сезона.
Фино почна сезоната, приказната убаво се распредели, се надевам нема како минатата сезона да забегаат во секое можно дупче - и пак да не се каже ништо. Јасно е дека книгите се обемни, меѓутоа треба да се сконцетрираат според мене на есенцијалното, како вчера. Мило ми беше што Џон Сноу го покажаа најмалку, најантипатичен и непотребен лик ми е. И жал ми падна за џуџето. Каква злоба е татко му значи. Дали оваа мутавата Санса со цел памет остана кај Џофри? Арија не ја покажаа, се надевам во следната епизода.
Арија би требало да биде еден од главните, клучни ликови во сезонава. Стварно се изненадив што ја немаше, али ај, имаме уште 9 епизоди Јас уствари видов дека се имам испозаборавено па си ја почнав од прва сезона. Ќе ја завршам прва и втора, па пак ќе ја гледам новава епизода. Џон Сноу мене ми е многу убав ефектите со џинот беа одлични.
Втората епизода ... па не беше лоша. Не беше ни екстра сјајна, ама задржува внимание. Најголемо освежување - бабата на Марџори (патем, не знам што плеткаат двете, и што всушност сакаат од Санса, дали да ја заштитат, дали да ја насамарат и предадат, девојката значи е малер невиден, наивка и глупчо). Девојката на Тирион (на Санса придружничката) не е на пример толку убава, ама има најсилно присуство од сите жени во серијата, покрај Денерис и Серсеи. И борбата помеѓу Ланистер и оваа машкуданката... го смачка, го натепа поштено. И крајот беше добар. Ариа е многу интересен лик, каде каде поквалитетен и поизграден од сестра и` Санса. Чекам некој да го убие Џофри, навистина чекам...
Незнаете колку ми е криво што темава е помалку активна од теми за турски серии и слични глупости. Мене GoT ме е најбоља серија ever, во иста група со Friends и до негде Spartacus. Првата епизода од сезонава беше по ефектна, но ни вторава не беше воопшто лоша. Многу ми се допаѓа серијава, омилен лик уште од стартот ми е Денерис, најомразен Џофри, морам да признаам дека и самиот физикус на актерот доста допринесува за одбивноста но и одлично ја доловува ужасноста на ликот. Сеуште е рано да си оформам теории по втора епизода, само знам дека ужасно љубоптно го чекам моментот кога Калиси ќе се појави во пуно светло, како ќе напредува Старк со освојувањата, како Џофри ќе паѓа, патешествието на Ајра, Санса и све, све, све.