Кој ќе чека сега две години Spoiler Многу ми е криво што ја скратија сезонава, заслуживме 10 епизоди. Не мораше да трае саат ипол, мислам дека некои сцени беа малку развлечени.. Ги видовме сите битни (живи) ликови конечно на едно место. Серси ми е најомразена дефинитивно, која злоба човече, убаво и направи Џејми што ја остави сама, дури мислам дека и детето и е измислено ама и тоа не и успеа. Си се заслужуваат со Еурон. Добар plot-twist направија со Санса и Арија, ликот на лорд Бејлиш ми беше priceless И Арија како го заврши во еден потег, најјака! Се знаеше за Дени и Џон и boatsex, и мене ми се ептен слатки, се гледа дека Џон ептен е затрескан у неа, како ја гледа цело време, со невини очички И убедена сум 90 % дека Дени ќе остане трудна. Како цело време нагласуваат дека змејовите и се единствени деца, па кој ќе ја наследи плус у последнава епизода кога му кажуваше на Џон.. мислам дека натаму ја тераат работава. И последната сцена беше breathtaking
@zhap4e http://mywatchseries.to/episode/game_of_thrones_s7_e7.html Јас од тука гледав, повеќе линкови има (не ја дочекав синојка, заспав) Spoiler: финале Леле мори мајко, каков крајГледајќи го ова којзнае какви битки ќе има меѓу змејовиве. Серси мислам дека официјално капитулира иако е можно со Тирион да се споиле според погледот негов, Ice and Fire се споени и сигурно ќе е трудна Дени, Литлфингер заслужен крај. Посакував само да не ги прочитав скриптите, подобро ќе беше искуството.
Не трепнав. Spoiler: финале Санса ептен ме изненади. Сепак научила нешто. Се надевам ова со нападот на ѕидот само Брен го виде дека ќе се случи, а не се случи навистина. Зашто готови се. Џон и Денерис... Инцест, ама добар инцест. Мислам дека и на Џејми веќе преку таквото му дојде од злобата и себичноста на сестра му. Одлична епизода
Spoiler: S07E07 О мај факинг гад!!!!! Епизодава беше лудница. Ама стварно. Мило ми е што муабетите меѓу Арја и Санса не беа само детско пополнување на време, туку имаа уствари подлабоко значење. Башка ми се допадна улогата на Брен во последнава епизода. Беше многу сериозна, одговорна и драматична. Особено се наежив на делот со венчавката меѓу Лијана и Регар. Регар ми личеше на Висерис, зар истиот глумец го зеле? Сега Џон Сноу е Егон Таргериен. Искрено, епизодава ми беше полна со неочекувани работи. Прво, бев напната кога сите се собираа за демонстрацијата ба мртвото чудовиште. Се' мислев дека некого ќе убијат. После, чудно беше заминувањето на Јурон, а најчудно беше кога Серсеи се согласи да се придружи во битката против Вокерите. Се' беше too good to be true. Најчудно беше што Џејми ја напушти, а ако може да стане уште почудно - беше кога Тирион прислушкуваше за време на нашиот омилен (в)инцест. Искрено, не сакам после толку време да се претвори во предавник. И за крај, бев запрепастена кога ја видов армијата зад Ѕидот. Уште позапрепастена кога Најт Кинг се појави лефтерно леткајќи со змејот. И останав подзината кога така лесно му еба мајче на Ѕидот. Ни магија, ни бакрачи се видоа. Богами, брзо напредува армијата, почнав да се прашувам дали на време ќе стигнат Џон и Дени... Сега, ќе остариме чекајќи ја последната сезона.
Spoiler Јас едино што не се изненадив епизодава беше од Серсеи кога рече дека нема да одат заедно во битката. Нејзината злоба никогаш не изненадува, баш тоа и го очекував.
Јас прво ќе почнам со мрачење, инаку да не се сфатиме грешно, епизодата е феноменална, ама, секогаш има ама, има многу и нелогичности. Spoiler: Прашања [*]Како Ансолид се живи? Што се случи со опсадата? Дали Јурон ги нападна или ги држеше под опсада, што се случи со Кастели Рок? Ништо не е објаснето, објаснувањето е тоа што го сакав во серијава, а сега е се така нафрлано. [*]Следна работа скоро сум убедена дека Тирион ја предаде Денерис. Неможи, тој, убиец на татко им и со тоа виновен индиректно за смртта на Марсела и Томен, да влези во соба со Церсеи и да остани жив, патем да запримети дека Церсеи е трудна. Мислам дека тука можи да наиди на мека страна и да ја предади Денерис. Нели сепак, некој треба да ја предај. I put my dibs here. Не знам зошто ова го ставив во прашање, ама убаво го личи и не го премествам во другиот спојлер. [*]Зошто змејот има дупки во кријлата? Нели беше повреден под вратот и кога паѓаше во водата беше целос, а и кога го изваја не изгледаше многу оштетен сем на делот каде што беше убиен и нели причината. Сега изгледа многу опаднат, дали со тек на време се разградват? [*]Ова лично ме интересира, дали ако убиеш Вајт, нели тоа се умрени луѓе, зомбиња, дали Најт Кинг можи да ги оживеј пак, зошто реално, шојма врска колку пати ќе умри за да е оживеано? Ова е причина зошто мислам дека Најт Кинг ќе победи. [*]ЗОШТО РЕЈТАР НЕ Е ДЕВИН ОЛИВЕР? Од овој ни шарм, ни лепота ми излезе. Ист Висерус, не Рејгар. Мислам дека долго пред епизодава најавив дека ептен ќе се карам за Рејгар, ееее ... [*]Како сите се телепортираат во тек на една епизода 10 пати, а на Сем му требаше неколку епизоди? Spoiler: s07e07 Прво сега со епизодава, морам да кажам дека сум најзадоволна од моќите на Брен, можи да го види тоа што го интересира, но не баш се. Тоа е многу добро, многу важно и објаснува многу работи. Ама ајде да не претервам, да почнам со ред. Прво, неможев да не забележам дека зимската колекција Ланисер ми се допадна многу повеќе од зимската колекција Таргеријан. Мислам дека покажувањето на Денерис со змејовите беше претерано. Навистина. Прво се издаде дека нема еден змеј, Церсеи тоа одма го сети, второ тука е можноста да изгуби уште еден зошто Церсеи добро се докажа за вреден противник, особено со Јурон до неа кој се смета дека поседува horn, со кој можи да завладее змеј. Невнимателен потег. Кајбрн ми е поим за луд научник и мое мислење е дека лесно ќе ја предади Церсеи ако знај дека Денерис ќе победи, плус да можи да ги испитува вокерсите. Пак ќе речам, неможам да верувам Тирион да знај дека Церсеи е труда, таа да прифати да се бори заедно со Денерис и Џон, и Тирион да ја нема предаено Денерис. Јас кога се движеше бев 100% сигурна дека ќе умри, и требаше. Тирион не ми личеше на некој кој би ја предал Денерис зошто во неа наиде на разбирање, љубов и пријателство. Нешто што мислам како џуџе дека го немаше добиено од никој, сем Џејми, и до некаде Брон. Ама сега веќе сум сигурна дека си го врза договорот со Церсеи. Следно што мислам тука е, таа веќе неколку сцени подоцна му вели на Џејми како е најглупавиот Ланистер. Тоа значи дека наиде на разбирање со Тирион. Можеби грешам, ама некој со mission complete, не би изгледал вака. Можеби принуден некако да ја предај Денерис, можеби по своја желба ама кога ги гледа тука чувстува вина, ама во што сум сигурна е дека ја има предадено. Исто така тука, Сем ако не е вљубен во Денерис па му е криво зошто со Џон има секс, другата опција е дека ја има предадено и му е криво, па вака скиснат да седи. Арно бар брзо дојде, иначе не се знај уште колку ќе си ја подаваа Џон и Денерис вилицата. Барем една од многуте желби кои ги имав во серијава се исполна: Еве која е вистинска Кралица после Олена. Вистинска лејди оф Винтерфел. Навистина неќев да верувам дека можеби нешто лошо ќе се случи, дека вистински ќе се скрчкаат зошто навистина нема време за тоа и е крајно безпотребно, но начинот на кој глумеше Литлфингр, на кој се однесуваше, се бранеше, молеше. Ете ми излезе внатрешниот Ремзи. Си играм #NotMyRhaegar како што си прават во Америка #NotMyPresident И за крај, не знам колку смеам да ставам слики од голотија и затоа во неколку спојлери ќе ставам. Ама што газе држи Џон. Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler Spoiler И за крај, глетка која не ја опишуваат зборови:
@Lady Phoenix , а ние книгите шо ги чекаме, слободно може да си умреме. Иначе, кај бевте пред точно две години кога го укапирав ова, додека ги прочитав сите книги за еден месец? Spoiler: Укапиранка
https://123movies.co/episode/game-of-thrones-7x7/?watching=8TN7H1i4klmbxvgYJmMUXrLDh гледајте тука, многу брзо се полни и не сецка
Spoiler: Memes, tweets, artwork s07e07 Тормунд кога му објаснува на Џон што се слуши со ѕидот: https://twitter.com/_zxhyla_/status/902158926044688386
Spoiler: Финале Знаев дека така "блуткаво" ќе заврши сезоната. Многу сакав да видам конечно битка помеѓу Белите и овие другиве ама знаев дека нема шанси да се случи тоа. Имам поделено мислење за сезонава општо, а финалето беше премногу ама навистина премногу бавно и во последните 10 минути спопикаа делови од она што го чекавме цела сезона. Тирион нешто мота, не ќе да е на арно работава, ама пак и ова ми е блуткаво затоа што не сум баш најсигурна. Ама не ќе да е само невино заљубување во прашање. Ова би било интересно, некој пресврт кај Тирион. Девојките од Старк ми беа најмомент од целата епизода. Мислам дека на Санса и требаше доза Арја за да се откачи конечно од Литлфингр. Тој беше најзаслужен за уназадувањето на Санса, сега верувам дека полесно ќе се дише и редно беше.И аман отупеа дека Дени не може да има свои деца. Ова баш ко челинџ асептед, во наредната епизода да очекуваме принова значи. Јас навистина мислам дека и покрај бизарноста на ситуацијава, ќе се земат овие двајца и ќе се здружат против Серси Груевска. Нормално, ако претходно не ги реши Д Најт Кинг во еден блоу. Патем, не знам дали се случи навистина ова со Ѕидот или беше само една визија на Брен. Со оглед на тоа што ги даваа сцените од Венчавката на Лиана и секси тајм на тетичка и внучко и Тирион и целата војска, а мене ужасно ми паѓаа очите и се си мислам дека ова беше визија или пак Брен не е толку добричок и наивен колку што мислиме па ќе и се приклучи на темната страна. Можеби ќе ги извести во наредната сезона дека војната веќе почна, а мене поверојатно и по така автентично за серијава би ми било да ги изигра некако. Не сакам да испадне така, само би било интересно. Пред некој ден ја пуштив првата епизода од првата сезона и сфатив колку само серијата порано била поавтентична. Со малку поинаков шарм и не толку хајтек прикази. Не дека застранија, ама со желботеките од сезонава, не ми е толку крволочна ко порано, па затоа можеби навивам за некој голем пресврт кој сите би не оставил подзинати. Уште го чекам моментот кога Најт Кинг ќе прозбори. Се надевам дека ќе звучи ко Гандалф, не знам зошто.
Spoiler: S07E07 Леле епизодава беше прејака. Не колку претходната, ама сепак беше моќна. На многу сцени потскокнував и се дерев т.е урлав. Данерис кога стигна на средбата, очекував дека ќе дојде само со еден змеј. Ете ја Серсеи одма примети дека нешто не е како што треба. А пак таа какво куче испадна ц ц . Мислам се знаеше дека ќе им сврти грб ама 3-4 пати смени мислење и на крај реков ах оваа сериозна е ќе ги подржи до крај. За малку помислив дека ненормалниов Грегор ќе го убие Џејми, се стрсив кога го извади мечот. Со Санса и Литлфингер, толку реална беше сцената кога тој и збореше што за момент помислив дека стварно ќе нареди да ја убијат Арија. Колку само се радував кога му го видов крајот, не го поднесував од прва сезона. Епа, ова е за сите кои што помислија дека тој има шанса да седе на престолот. И, јас малку се разочарав кога шетачите, односно змејот така лесно го го пробија ѕидот. Пошто нели за шетачите да поминат од другата страна на ѕидот беше потребна некоја магија или што знам што беше. И да, самиот змеј е магично суштество ама очекував нешто повеќе од тоа, сега за наредната сезона почетокот што ќе биде, пола Вестерос во снег и повампирен? Самата помисла дека Данерис и Џон се тетка и внук не ми се допаѓа, но кога ги гледам заедно, убави млади и си одговараат, таа помисла ми бега од главата Многу е млада да му биде тетка нема смисла стварно Само што ќе биде сега наредната сезона, ќе се свртат еден против друг, или ќе продолжат заедно? м? А Тирион... уште од пред 2-3 епизодти се приметуваше дека е сменет. Сега со последнава само се потврди. И останува да видиме што има смислено за наредната сезона. Сто посто нешто има испланирано со сестра му. Венчавката на Регар и Лијана не ме разнежни воопшто. Навивав кога кажаа дека Џон е прав Таргериен, ама за овие двајца ништо. Епа тоа. Супер сезона беше ова, ги достигна сите мои очекувања, па дури и повеќе.
Spoiler Сцената на крајот беше Се“ си мислам дека се случуваше во сегашноста, пошто, преку гавраните гледаше... додека во онаа сцена за тетка му, присутен беше,таму.Ама кујзнае. Прекратка ми беше баш таа сцена. Гледам доста разочарани од Рагнар. Битно,фајнали некаква полза од Сем и фајнали Брен проговори во врска со нешто и не изигруваше некој мудрец што мудро молчи. Ептем ме нервираше тоа неговото. Се изненадив од сцената со Литлфингер. Иако очекував дека ќе го крцнат и посакував да го крцнат Ама, толку многу спојлери и коментари, па и од режисерите имаше во врска со караници меѓу Арја и Санса што си реков..да не испадне Санса крцната...да не испадне Ајра не е Ајра или кујзнае. Тета и внук тешко ми е да им се радувам на тие двајца Очекував Серсеи да ги изигра, оти сто пати прочитав за таа сцена...доста луѓе нагаѓаа дека така ќе е,мада, многу пишуваа и дека ќе има некоја тепачка,нешто ќе се случи со еден од нив двајца. Не ме разочараа што така заврши,без препирки и без некој да загине. За она,каква им е љубовта понормално ми се гледа да е вака. За џуџето...ич не мислев на тоа дека ја предал Дени.
Знае ли некој што уствари сакаат вокерсите, која им е целта? Или се суштества едноставно желни само за колеж и смрт. Можеби е кажано некаде на почеток на серијата мада такво нешто не помнам.
Вокерите се ледени суштества создадени од страна на "децата на шумата". Настанала некоја грешка при создавањето на тие таканаречени ледени суштества , кои треба да го штитат целиот Westeros. И така настанала војна помеѓу децата на шумата и ледените суштества или како што ти ги нарече Вокери. Тоа се се случило многу одамна уште пред да биде изградез "Ѕидот". Впрочем затоа и бил изграден ѕидот за да го штити човештвото од нивен евентуален напад. Децата на шумата успеале да ги победат Вокерите но не и да ги уништат во целост. Нивното постоење било само мит на северот од Вестерос. Но се знаело дека постоеле. Постоеле во ледена пештера која однадвор била заштитена од децата на шумата да не можат да излезат. Се случило нешто пред почетокот на сезона еден за да Вокерите успеат да излезат и почнат да ги оживуваат умрените со цел да го освојат целиот Вестерос. Се верува дека нивната магија станува се појака кога ќе го претворат мало бебе во White Walker. Судбината на Вестерос е сега во рацете на Ice and Fire, кој ќе победи ќе видиме во следната сезона.
Spoiler: Тирион И мене ме интересира зошто беше ко покакан Тирион пред вратата. Мислам дека се договорил со Серси нешто за нејзиното дете, на пример дека после Денерис (нели „не може“ да има деца, а он минатата епизода и збореше за кој ќе ја наследи неа) ќе биде тоа наследник. Па сега ова му ги комплицира работите. Или пак си вика дека ако затрудни од Џон нормално ќе сака нејзиното дете да биде на престолот по неа, а тоа нема да биде „демократија“ (ниту breaking the wheel), а он предложуваше нешто такво. Не знам, и искрено се надевам дека нема да ја предаде, не ми се чини дека е таков човек Тирион. Ако вистина ја предаде тогаш заслужува едно Дракарис ин д фејс.
Хахаха леле многу ми се смешни, посебно Тоемунд кога зборуваше за Бријана во 6та епизода. Замислете ги фемили со малава Мормонт
....И така тетката и внукот се плеснаа и си живееа среќно до крајот на животот. Дај тргнете ги спојлериве да прочита на раат човек... некој што ја нема гледано серијава или последниве епизоди, не верувам дека чита по форуми. Во спојлери ставајте некои предвидувања или прочитани сценарија со предупредувања, ама не цела епизода раскажана во спојлер п.с. После 2 години (да сме здрави и живи) очекувајте цела сезона со војна да биде.
@JollyGirl , се побунив за истата работата пред неколку месеци и ми беше објаснето дека ваквото правило постои заради оние кои ја немаат почнато серијата а се заинтересирани да ја почнат. Ама затоа има трејлери на јутјуб, нели? Скроз непотребно е бидејќи ваквите теми затоа и ги отвараме, за слободна дискусија. Сум забележала дека ова правило го има само на фемина а на сите други форуми како кајгана, reddit слободно се коментира откако ќе излезе епизодата. Spoiler: S07E07 Нејсе... да не бидам скроз оф-топик, едвај чекам да се сретнат Бран и Џејми следната сезона. "Thanks for the super powers, dick" - Бран
Заврши сезоната ама како мислиш трета епизода да завршила. Ништо не се реши до крај а толку многу очекував . И што се занесуваат сега две години. А како можеше цело сценарио уште лани да им излезе во јавност да се надеваме пак ќе се појави и за 8 ма сезона. Spoiler: 7 епизода Да ми текне по ред што беше интересно. А на Серси косата три сезони не и порасна, како од тифус е фатена и стварно се здрвив мислев оти ќе го убие Џејми, и така е ментална. Кога ги видов дотраките се потсетив на Кал Дрого и на првите сезони, тогаш исто многу ватрено беше. Бриен и Џејми какви погледи маваа, Џорах како љубоморен на Џон а Тирион мислам дека не направил нешто да ја издаде Дени туку знаеше што следува меѓу неа и Џон. Лелее Дени ако не остане бремена од Џон 100% сигурно ќе ја разбие црната магија Џон со тоа тело ремек дело. Како можеше змејот цел зид да го сруши просто невероватно ама ајде, да се надеваме ќе успеат некако Најт Кинг да го убијат за да се спасат инаку ништо не им помага со тие зомби. Теон конечно мрдна од мртва точка и арно што му го исекоа, ете виде некоја корист пак во тепачката не го болеше. Санса од стално кажував оти не е за потценување, а нај многу ми се допадна моментот Бриен кога кажуваше за Ајра и рече нема потреба нејзе некој да ја чува треба да се чува тој што ќе и застане на патот. Старкови сите заедно ми се закон, и Брен и Ајра и Санса па и Џон како се изградија како личности, да можеа сега нивните родители да ги видат какви деца имаат.