Да бидам искрена, целата сезона ме разочара. Ок, имаше некои светли моменти, ама во глобала се' се одвиваше толку брзо, со толку многу нелогичности и недоследности, за разлика од претходните сезони кога се' одеше побавно (некогаш и пребавно, ама во секој случај, подобро од последнава сезона). Дали е вака поради тоа што нема книги за овие дејствија кои ги гледавме во овие 7 епизоди, или некако им се брза на продуцентите да ја завршат серијата, не знам. Ама ако им се брзаше, немаше да се чека до 2019 за последната сезона. Не сум баш фан на тоа Џон да заврши со Денерис, иако најверојатно тоа му била идејата на Џ. Мартин, ниту пак да имаат дете. Најпросто кажано, згрозена сум од идејата за инцестот што се провлекува од самиот почеток на серијата. Ама не се прашувам јас, нели. И да, ќе си чекаме за конечен расплет. Што и како ќе биде, неблагодарно е да предвидувам, ќе видиме што ќе излезе на крај.
Прво да напоменам , кој ли ќе чека и ќе се мачи да преживее 518 дена во овој мрачен свет за да ја изгледа следната сезона. We didint get the incest we needed , but the incest we deserved ...........yeahhhhh Spoiler: EPISODE 7 1. Епизодата беше супер , 8ца ќе и пишам , многу соединувања на карактери што не се виделе неколку сезони ,многу дрски и опасни муабети , особено ми се допаѓаше како серијата направи со воведот и крајот на епизодта ,со покажувањето на војските на живите напочетокот и завршување на војските на мртвите на крајот. 2. Особено ми се допаѓа како Sandor му дојде на Mountain и индиректно му кажа следна сезона доаѓам по тебе. 3. Ми се допаѓа како конечно после 7 сезони Џејми избега од лудачата и конечно тргна на чесниот пат , нешто што немаше да направи во прва сезона. - Во секоја епизода мора да има еден муабет за пениси , без ова cock/cocks не поминува епизодата, Sandor и Bron мислам дека само тоа и им е само научено, cunt i cock 4, Littlefinger не ми беше задоволителна сцената , некако очекував да не биде Little crying bitch пред умирање, ама тоа ти е , добар актор од прва сезона , толку добар во серијата што преживеа цели 7 сезони без да го заколат... Иако Санса беше соучесник во доста и заедно со него шеташе и лажеше наоколу , треба и нејзе да и судат али ајде.... и патем да уште е бескорисна.... 5. Теон конечно се охрабри , Јон Сноу си доби DRAGON ASS.... е сега гледам Тирион го зборат многу, ја би рекол дека беше загрижен не дека ја предал или договорил нешто , него дека сега Дани ќе го слуша Џон све што ќе и каже а Тириот и неговите совети ќе бидат игнорирани , знаеш кога цело време делиш совет на другарка ти и ќе дојде некој дечко од страна и тебе ќе те заборават и толку 6. Џорах иако се излечи и се врати пак нема да добие DRAGON ASS него ќе добие Wellcome back to friendzone натпис , е тој треба да биде тажен.... јас сум тажен за него , после све што направи , заслужи барем да се смуваат ако ништо друго ....срамота.... 7. Серси ....е серси е одличен пример, за тероријата дека ако планетата наша ја нападнат вонземјанци , државите ќе се обединат да го спасат човештвото , а ќе има некои земји кои ќе го искористат тоа и ќе ги наднат другите луѓе за ресурси и профит.... е така исто... право расипано човече .... Не дека ме изненади нејзиното однесување , не и верувам после 7 сезони што све правеше дека туку така ќе се согласи.... И на крај Night King , мојот нов омилен негативец, ништо не збори , само на дела , таков лидер се бара, се надевам ќе победи во сезона 8 Spoiler: Сезона 7 Pros cons За цела сезона имам да кажам неколку работи. За позитивните работи ќе кажам дека сум задоволен многу и стварно ми се допаѓаше начинот на кој е направена. Но сепак имам неколку забелешки GHOST волкот ако ви текнува , не се појави цела сезона , може пцовисало некаде никој нема да му е гајле оти и така нема буџет за него... Немањето логика , да знам ова е приказна со змејови и магии и не треба да има логика , ама come on.... Целиот план да идеш кај непријателот за да однесеш доказ кај кралица , И ПАТЕМ можеше да излажат дека имаат докази , да дојде Серси со сите командири и главни луѓе , Дени со змејот да пролета еден ДРАКАРИС и чао пријатно победена е војната со живите идеме сите кај мртвите ... Исто и мртвите како ќе го срушат Eastwatch Wall , ако овие не отидоа со змејот , ќе фрлаа каменчиња ? како ќе поминат? , сега испаѓа среќа овој си зема змеј на негова страна и тоа е тоа... Или сакаат можеби да кажат дека Дени и Џон врска немаат од стратегија за војна како се води .... Телепортирањето , значи има доволно материјал за 10 сезони , по 5 минути сцени муабет за кој што направил , cock , cunt муабет ова она , може и некоја битка плус или мачење , или пак секс , еј ич не видов цицки оваа сезона , првата сезона прва епизода имаше како 4-5 голи жени , да знам пола проститутки се убиени од Џофри со стрели ама пак.....сега цела сезона ништо , срамота ... 20 епизоди да направат , па ќе ги гледам ... доста нелогични телепортирања, а дури и да се логични , ти треба да укапираш што како и колку .. не е убаво раскажано во серијата... Некои ликови како вујкото на Џон , безвезе ги прават да се awesome прва сезона за на крај да пцовисат онака , ги фрлиле во канта.... Тоа ми пречеше сезонава главно , има некои ситници како муабети за интимни делови и недоволно screen time за некои ликови како и нивен development.... али ок сезонава има 9ка од мене и се надевам 8тата ќе собера буџет доволен да гледаме Lord of the rings битки... Имаат 500 дена рок... Spoiler: Сезона 8 предивувањата на Јипман, точни како спортска (катастрофа) 1 Напоменав минатиот пост , Џон на еден змеј , Кралот на мртвите на друг змеј тепачка , ќе биде нешто во последен момент Џон му забива нож и сите умираат чича мича готова прича... само средено све и по драматично... 2 Теон ќе го сопре чичко му и некако тие Golden Company нема да бидат на страна на Серси него ќе се тепаат во северот... исто со драматични моменти , и ќе ја спаси сестра му и ќе се сакаат , може и некое прсте ќе и брцне како во втора сезона што и правеше 3 Серси , Mountain , Џејми мислам дека ќе ги убијат , како не знам , Џејми го мразат на северот , ако отиде таму може ќе добие некој нож во грб или слично и тоа е тоа... 4 Мислам дека битката на северот ќе биде изгубена и последната битка ќе биде во Kings Landing ... 5. Многу карактери има сега што ќе бидат на северот а не сакам да умрат, ама мислам дека кога ќе дојде хаосот многу , Worm , Varys , Theon ,све тоа аут... 6. Значи го чуствувам дека ќе има некој пресврт како со Ходор , само нешто како Бран е всушност кралот на мртвите... нешто така ќе биде чуствувам .... Spoiler: Албум со сликички
Уште еден rant Spoiler: Ice and Fire ?! Може испуштив нешто ама зашто упорно викаат дека демек Џон и Даенерис се „ice & fire brought together“ ?! Точно е дека Џон израсна на северот, 90% од времето беше на Ѕидот ама он е Таргеријен па логички и он би бил Fire. Ice and Fire заедно биле Раегар и Лијана... Ова Џаенерис (or whatever their ship name is) ако ништо друго е 3/4 Fire и 1/4 Ice...
Членката Јипман погоре била многу возбудена па лапнала неколку букви Него интересна сликичка се појави на интернет , формацијата на мртвата војска кога го поминува The Wall Логото на Старкс , мошне интересно нели , намерно или не намерно убаво го направиле ,....................................................................................
Патем за тие што сакаат повеќе да видат што се случувало со разни војни и побуни а не е прикажано во серијата A video showing the events that have happened so far in a Song of Ice and Fire, the book series Game of Thrones is based on. Video showing how Robert's Rebellion went down. И ако ви е стварно досадно а сакате да знаете повеќе за куќите во Westeros Explore the North Get to know houses of the North, their history and castles. Explore Winterfell. Learn more about Boltons, Karstarks, Reeds, Manderly's and other houses. Visit North of Westeros to learn its lore. Explore the Westerlands, where gold and silver veins run through the earth, trade blossoms, and the richest family in all of Westeros lives in a rock. Другите 5-6 дела za explore ви се во recomended да не ги постирам тука ги имате сите таму на јутуб SHAME реклама Spoiler: Сезона 8 OUU YEAHHH
Or just read the books Навистина многу интересни настани има како Блекфајр востанијата, ивазијата на Андалите, војната меѓу шумските деца и вајт вокерс... Изоставени се историските делови во серијата, а баш тие ја комплетираат целата приказна. Инаку кога сум веќе тука, да кажам дека Најти ми стана еден од омилените ликови иако нема еден збор кажано и е негативец, he's just to cool.
Како и да е последните сезони немаат шанси со првите. Мислам дека 5, 6та 7ма затупеа некако. Многу пасивно, малку сцени кои те оставаат без здив, и се што се случува е очекувано. Па на почетокот ништо не се знаеше бе цела епизода ќе се тресиш да видиш на кој ќе му летне главата. Последните сезони само Ремзи ја извади малку од малку серијата. И многу ме занима како ја имаат смислено 7 сезона,
И јас ја видов сликичката и коментарите.. Долго веќе се шушка дека Брен, мудрецот , е Ноштниот цар, уствари
Значи зајдов, зајдов кога ја видов сликана од Боки А Жаре Бербер колку личи на Брон аууу Се пресмеав на статијава, толку П.С.
Требаше можда во спојлер да го ставам тоа Spoiler Имаше некои статии за тоа, демек, истата облека дури ја имале итн. итн. и дека, финалната сцена со зомбињата и Белите Шетачи... се видело дека се движат во формација на Волк. Јас не се навратив да ја видам сцената,дали стварно е така или не...иначе, претпоставуваа дека Брен во некој момент се вратил во минатото и влегол демек во телото на Ноќниот Шетач,дали пред да стане тоа ли како..не дочитав, и останал заглаввен,наводно. Сега гледам од сите страни пробуваат да ја урнат теоријата Ќе видиме. http://nerdist.com/game-of-thrones-isaac-hempstead-wright-debunks-bran-night-king-theory/ И јас се пресмеав на комбинациите особено со Иван Исцелителот и со Паско Кузнам бе и пар други. Ако решите да кревате узбуна/протест... оти нема да видиме бебиња од лепотаниве погоре....каунт ми ин.
Јас конечно ги изгледав сите сезони одново и ја состигнав новава. Онака општо ми беше океј, ликови, битки, настани, сето тоа. Многу побргу се одвиваат настаните оваа сезона, наспроти предходните кога им требаа недели да стигнат од ваму дотаму, па беа прикажани како кампуваат по пат, сфаќам дека брзаат и затоа ги прескокнуваат тие делови, што мене лично не ми пречи, ама само една работа не успеав да ја сфатам - како побогу Гендри успеа да дотрча толку бргу назад до Ѕидот, да напишат писмо и да го пратат по гавран, гавранот да стигне до Дени и таа да стигне до Џон и Ко.? Ваљда овие не си преседоа на карпата 2-3 недели, туку така, без храна и вода, опкружени со здрвени зомбиња сѐ дур на Кучето не му здосади па почна да фрла камења... Колку и да ги скокаат деловите со патувањата, сепак ова беше пребргу и немаше логика.
Бидејќи ова се прашуваат многу луѓе, решив да направам неколку пресметки. Според мапата на Вестерос, ѕидот и местото каде што стигнаа се оддалечени стотина километри. Ако Гендри трчал со брзина 15 km/h бидејќи спринташе а и без hammer беше, би стигнал до ѕидот за 6 часа. Оттаму веднаш го праќаат најбрзиот raven, кој би се движел со 93 km/h. Raven-от претпоставуваме дека оди по најкраткиот воздушен пат, што значи 2400 километри од ѕидот до Драгонстоун. Тоа растојание би го поминал за 1 ден отприлика. Дени штом ја добива пораката веднаш се качува и летаат по истиот пат со змејовите. Од информациите што ги најдов, змејовите под притисок можат да летаат и до 120 km/h што значи ќе стигнат до Џон и компанија за 20 часа (21 ако бидеме прецизни). Значи, тие таму чекале вкупно 51 час, што грубо е 2 дена. А возможно е да чекале два дена земајќи предвид дека двапати се стемни додека чекаа ако не се лажам.
Синојка го гледав bts видеото за снимањето на борбата на езерото, и искрено останав. Сиот тој труд, екипата која неуморно работи, професионалноста и прецизноста, слободно можат да се мерат со кој било високобуџеен Холивудски блокбастер; неверојатни се, а толку многу од тие детали и луѓе остануваат незабележани зошто во најголем дел нам ни е важен само крајниот продукт и луѓето кои глумат. Секоја чест, што да речам, да избетонираш толкаво пространство за да направиш езеро...