Ама знаеш дека во серијата не победува добриот. Чекај да видиш што ќе се случи, мислам во последната епизода од сезоната е ќе те остави со подотворена уста. Инаку и јас не ја сакам, ама итра е тежок непријател.
Се спаси од верата, итро излажа дека имала само прељуба со тој Лесли Ланистер. Ќерка и е мртва, Џон е мртов. Не знам што останаа други актери. И онаа љубоморната Миранда на Ремзи конечно си го доби заслуженото мислеше дека ќе стане Болтон се зезна. Сакав да прашам дали ја има цела 7ма сезона на замунда да ја симнам? Едит: Ради 7ма сезона ги изгледав сите сезони, по 3 на ден ама знам дека се исплати и ќе ми се допадне последната сезона. Моиве уши чуле добри вести.
Ја симнав од замунда. Ме изеде јад и ја пуштив прва епизода од 6та сезона. Заборавив на Кал Дрого дека ми беше омилен во првата сезона и ми е жал што прерано замина ама мислам дека ако не заминеше немаше да биде толку испреплетена серијата туку ќе добиеше нешто налик шпанска серија. Денерис ја заробија Дохтраките и ми интересираше што ќе се случи. Со оглед на тоа дека Џон ќе преживее ме интересираше дали ќе го прикажат во првата епизода од 6тата сезона, но не беше така. Малку се разочарав што ќе си почекам во наредните епизоди бидејќи сум нестрплива. Се слагам со една членка погоре дека минатите 4 и 5та сезона беа само дрвење и драмење, конечно малку акција.
Еве ме и мене во темава конечно Се осеќам ко Гендри веслачот, со тоа колку каснам со серијава Си се прекорувам како не сум ја почнала барем пред година-две, барем последнава и евентуално таа пред неа да ги гледам со поголема неизвесност, со чекање епизоди и сè тоа Навистина класика е серијава, со целата имагинација, специјалните ефекти, битките, а и ликовите како се изградени пред сè. Spoiler: за финалето Јас сум од оние што немам против она побрзо одвивање на работите во 7ма сезона, напротив баш ми беше возбудлива, а финалето на крај беше врв и скроз ми ги исполни очекувањата. Долгоочекувани средби, еден (барем за мене) голем пресврт, на крај голем cliffhanger, и секако Џон и Дени Серси испадна bitch до крај, дури и после просветлувањето за опасноста од white walkers. Многу ми беше мило Џејми што ја напушти... низ сите сезони сè повеќе ми беше likeable и се покажуваше она праведното во него, а посебно по нејзината ладнокрвна реакција на самоубиството на Томен и крунисувањето веднаш потоа се гледаше колку веќе не може да ѝ ги свари постапките, па време беше за ова. За Тирион сега откако ги листам коментарите ја видов теоријата дека нешто се договориле со Серси при разговорот и дека ја предал Денерис, искрено додека гледав мислев само дека со својата интелигенција и способност за убедување ја постигнал целта, ич не ми падна на памет тоа... а и воопшто не би ми се допаднало со оглед на тоа колку ми е омилен како лик Stalking-от зад врата на сцената со сексот на Џон и Дени ми падна во очи и ми беше super weird, се надевам дека нема стварно некое такво значење зад тоа Најголем пресврт ми беше со Литлфингер, цело време мислев дека сè уште успешно ја манипулира Санса против Арја, ама на крај се покажа дека навистина зајакнала и се опаметила како лик Бев on the edge of my seat, убедена дека ќе ја осуди Арја и спремна да ја пцујам колку е глупава, кога рече Lord Baelish и бев као ивл hell yeaaaah Вadass моментот со Тион исто ми се допадна, конечно се врати во форма со храброста и тоа овојпат за вистинска цел. Мило ми беше ептен за него, само на почетокот си заслужуваше казна за стореното ама и повеќе од премногу преживеа според мене. Џон и Дени ми се преслатки ќе објаснам баш понатака зошто ми се поинакви од Серси и Џејми иако е инцест... ех, режисериве ќе нè направат и инцест да оправдуваме ццц Крајот беше спектакуларен cliffhanger, и застрашувачки - барем за тие како мене што колку и да е клише и колку и да е кул негативец Најт Кинг, сепак несомнено сакаат Џон и Дени да владеат, а не цел свет да отиде по ѓаволите Spoiler: за ликовите Омилен уште од почеток ми е Тирион. Од раѓање дискриминиран во семејството поради нешто што не е виновен и не зависело од него - зашто е џуџе и мајка му умрела при неговото раѓање, а толку интелигентен со дипломатски способности, снаодлив а сепак со добро срце и свои принципи... и дефинитивно најдуховит и саркастичен Spoiler Џон и Денерис ми се исто многу драги ликови, Денерис јес да малку почна да се занесува во седмата сезона со титулите и сè тоа, ама тоа не го менува фактот на кој начин се бореше да стигне со овде и за нејзините идеали, ослободувањето робови... а и најмоќните говори ги имаше Џон исто е праведен, лојален, а и голем борец. Двајцата се прејаки ликови што се надополнуваат, и тоа ги прави многу посимпатични од Серси и Џејми. Серси не ја можам, бесчувствителна и злобна до крај... единствено човечко во неа е ете заштитничкиот однос кон семејството, за децата (а и во тоа потфрли кога по смртта на Томен си се круниса без око да ѝ трепне...). Додека Џејми како што реков многу еволуираше од почетокот и баш ми беше мило што ја напушти на крај. Од поспоредните семејства, ако кон некои развив симпатија и јак впечаток - тоа се дефинитивно Тајрелс, и се согласувам со дел од тамблр фановите дека they really deserved better. Посебно Марџери ми беше една од поомилените, за Лорас ми беше многу жал, а Олена скроз кул и badass лик што не за џабе broke the internet со сцената со отровот Најголеми психопати-садисти - Џофри и уште повеќе Ремзи (а вториот колку е кјут глумецот во реалноста ), а тука и Јурон може да се додаде и се надевам и на негово satisfying убиство како на другите двајца Се гледа дека ич не сум по негативциве у серијава, ама сепак секоја пофалба до глумциве колку автентични и антипатични ги направија Spoiler: memes
http://exclusive.mk/articles/36319/koi-nashi-poznati-lichnosti-bi-glumele-vo-igra-na-tronovi На ова оспбено се изнасмејав
Стасав до 7ма сезона Прва епизода и Сем најгадно ми беше, па да и јас повраќав на какито на внукот кога не бев јадена. Неочекувани работи имаше, ех Сем можеше да биде крал ко татко му замина да чисти клозети во Цитадела, веднаш добив впечаток дека ќе се докажува што и така беше. Втора епизода Сув црв и Мисандеи - ајде се сексаа конечно Серсеи - полна злоба во себе си,никого не сака таа. Минатите сезони ќе си речев љубовта на една мајка е голема, ама згрешив. Ова не е љубов туку слепило за власт, никого не сакаш само себе си. Очекував акции повеќе во првите две епизоди. Малопрстиот - гаден човек, на се или ништо. Измами го непријателот и добиј каприц за себе. Их, Санса тоа се очекуваше од неа. Браво, конечно гукна невината Санса. Ајде понатака што ќе биде ќе видиме.
Tell Sersei it was me. It was me. Како ладнокрвно го гледаше Џејми. Кутриот Џејми уште не сфаќа дека и него го вози.
Само јас ли си пишувам во темава. Конечно ја изгледав цела серија и да искоментирам за 7ма сезона. Многу повеќе акција и поинтересно за гледање. Не знам дали приметивте дека некои од ликовите едно кажуваат а друго прават како замка, а овие спротивниците веруваат во тоа, во претходните сезони го немаше. Малопрстиот конечно замина во историјата, сам си ископа дупка и падна во неа, му го памтам изразот на лицето како задоволно мислеше дека ја постигнал својата цел. Заврши баш на најинтересното иако имаше отскокнување во сезоните на времето, како однеднадеш толку брзо ќе стигнеш од југ на север или како зимата за две епизоди стига на југ. Се надевам дека следната сезона ќе биде уште повозбудлива.
Off topic: сте приметиле ли колку Емилија Кларк личи со Пајпер Перабо? Сега гледав филм со Пајпер на телевизија, не сфатив дека е таа додека не почнаа credits. Сакав да отворам тема кај што ќе постираме кои јавни личности ни личат едни со други, ама страв ми беше да не отидам во канта
Уште не сум помирена со кој е Рејгар. Spoiler: Кој требаше да биди Таман подзаборајв и ми излезе на инстаграм слика од детево и сега пак навлегов во водите на фанарт.