1. Премногу површно - Џон нема да ја убие Денерис исто како што не ја уби таа црвенокосата. 2. Држи вода - има многу гнев во Џејми за Серсеи пошто на крајот сфати дека она само го користи. 3. Нема логика + имево ќе дојде речиси како да се врти во круг серијата. 4. Тоа со спасувачката мисија ќе треба да ја превртат цела серија за да најдат некое клопче и да ни го објаснат. Ма да во едни сезони имаше доста дрвење може ќе се случи и ова. 5. Зашто муриии Ајааааа ептен ми е храбраа. 6. Јурон ќе умре може некаде при крај на сезоната, очигледно е внесен како нов лик за да и се даде свежина на серијата, но многу ќе се намачат околу него па може да умре некаде при крај. Тион исто така можеби. И она со змејовите па нови јајца - но веј премногу површноо. Мислам дека новата сезона ќе биде збунувачка и дека Најт Кинг ќе го достигне врвот во својата цел, да го завладее цел свет пошто го уништи ѕидот со помош на змејот, а отпосле овие да се борат да го симнат.
Абе желби ми се ова, се сакам да умри. Реално, не сакам среќни краеви и од таму потајно навивам за Најт Кинг. Само првата точка ќе ја прокоментирам, Јигрит е друга приказна за разлика од Денерис. Се смета дека Азора Хаи го запали мечот со кој ги победи белите со тоа што ја прободи саканата во срце и ја уби. За Јигрит не беше смрт на сакана за живот на човештво, со Денерес ќе биди. А дека ќе го именува Џон детето по човекот кој го изгледа - е само логично зошто тој е Џон како лик. Ако има син и го именува поинаку ќе биди out of character, исто како што за Рејгар би било out if character да не си ги именува децата по првите Таргеријанс во Вестерос.
Ко ти се коментира ќе ти кажам зошто мислам вака за сите. Ете за првата и третата ти кажав, разликата меѓу Јигрит и Денерис и зошто Џон би го именувал своето машко дете Нед. Нед секогаш беше за Џон водител, татко, пример за чест и морал и Џон израсна во личност која е поради него. Џабе нема кузнај колку Aegons во кралското смејество, само зошто сакаат сите да си ги именуваат децата према некои воини, таткови фигури и успешни личности. Нед беше таа личност за Џон. Кога Cersei беше кај Maggy the frog, таа ѝ кажа пророштва. Едно од тие пророштва е дека ќе биди убиена од (помалиот) брат. Е сега Џејми е близнак и нема да е многу поетично ако Тирион е тој зошто омразата е меѓу нив очигледна, ама ако е Џејми е не баш очекувано, иако мора да има билдап до тоа, ама во секој случај поетично зошто тие беа пар. Кај Џорџ ништо не е црно- бело, дури и лошите имаат добра причина зошто секој во својата приказна е херојот. Така ќе биди и со Night King. Е сега која ќе биди „добрата“ приказна, која е лоша за Westeros - останува да видиме. Моја лична желба е дека ќе биди нешто поврзано со спасување на луѓето од таа страна, и опасноста која само тој успеа да ја види. Баш зошто и јас ја сакам сакам да биди слободна with her pack. Кога Аја се сретнува со Најмирија, или пак кога сонува и оди во нејзината кожа, се најубавите моменти на Аја. Ете, реално, ова би било среќен крај. За Јурон немам размислено искрено, не ме ни интересира, како шо пишав погоре, не е Ремзи за да ми е гајле. Crush имам на Ремзи. Накратко, сакам некои работи да се повторуваат, како именување на деца по важни личности, исполнување на пророштва и мало повторно случување на некои приказни од времето на хероите.
Јас мислев дека Ремзи ќе остане долго во сезоните и не мислев дека ќе има таков крај,неочекувано да умре. Јас стојам на тоа дека Џејми ќе ја има таа чест да ја убие Серсеи баш како што кажа дека би било неочекувано бидејќи беа пар. Инаку не ми текна на пророшствата и сонови,добра теорија имаш. Јас мислам дека ако умрат змејовите тоа ќе биде крај за сите затоа што Најт Кинг ќе владее со трите змаја од смртта. Поентата е кој ќе го држи оружјето со кое ќе падне Најт Кинг. Јас мислам дека дебелкото ќе доживее максимум во сезоните и дека тој ќе го убие Најт Кинг. Јас очекувам неочекувани работи бидејќи цела серија беше таква.
Во последната епизода од седмата сезона беше откриено дека Регар не ја киднапирал Лијана, туку дека таа отишла бегалка за него, што искрено ми нема смисла. Не знаеме многу за карактерот на Лијана, само дека била храбра, дива, убава, самоуверена, брат ѝ Нед ја споредува со Арја. Исто така знаеме дрека Лијана е од Северот, конкретно од фамилијата Старк, кои се насекаде познати како луѓе кои цврсто се држат до своите принципи и честа. Сѐ разбира, не се сите светци како Едард, ама одприлика се исполнителни и принципиелни. Брендон бил најнепримерен и имал обезчестено неколку девојки без да ги ожени, но и тој прифатил договорен брак со Катлин Тали бидејќи тоа ќе ги поврзе со Riverlands. Затоа ми нема смисла Лијана, член на фамилијата Старк, која не го сакала нејзиниот свршеник Роберт бидејќи бил женкар, да избега со женет престолонаследник со две деца и при тоа да започне војна која ќе ги убие нејзиниот брат, татко, љубовник, принцезата Елија и нејзините деца. Ова воопшто не ми е во карактер на Лијана како што е опишана и било кој на фамилијата Старк. Добро, нормално е нејзиниот брат и свршеник да ја идеализираат, да ја претставуваат подобра отколку што била, ама пак пологично ми е Регар да ја киднапирал отколку сама да направила толку глупа одлука. Регар ми има смисла да побегне со убава девојка и да прокоцка династија од 300 години бидејќи неговата фамилија не е позната по здраворазумноста. Исто така бил малку забеган по пророштва и бидејќи се родил за време на трагедијата во Самерхал, се сметало дека ќе биде Азор Ахаи. Подоцна, Денерис во Карт има визија за Регар со новороденче, за кое вели дека ќе се вика Егон, дека ќе биде принцот што е ветен и негова ќе биде песната за мразот и огнот, дека змејот има три глави. Ова бебе најверојатно е Џон Сноу, кое Регар го зачнал со Лијана бидејќи таа претставува мраз, а тој оган, а и бидејќи змејот треба да има три глави(три деца) а принцезата Елија не можела повеќе деца да раѓа. Се надевам дека во наредната сезона (книга не верувам да има) поубаво ќе се објасни нивната врска.
@Joi Тоа е причината поради која го открија потеклото на Џон во оваа точка од дејството. Наративно, има уште работи необјаснети, а тоа е како што кажа причината зошто Регар бил толку опседнат со пророштва и зошто Лијана се согласила да побегне со него, што значи тој плот уште не е заокружен. За ликовите на Регар и Лијана сме дознале досега само преку кажувањата на другите ликови, што значи не ја знаеме реалната слика за нив, туку онаа низ туѓа перцепција. Висерис го испофали Регар дека бил добар, мил и сакал само да пее, Нед за Лијана слична работа, убава, силна, бистра... А двајцата веројатно имаат темни страни што не ги гледаме. Востанието на Роберт ми е најинтересниот дел од целата историја (ако не го сметаме Егон Освојувачот).Сигурна сум дека Џорџ Р. Р. Мартин ќе успее да ја затвори нивната приказна логично во следните две книги. Едвај чекам.
@Lella Регар бил општо обожуван од народот, не само идеализиран од помалиот брат Висерис. Ова е тип што испаѓал на најдолните маала на Кингс Лендинг и пеел и свирел на лира, а парите што ги собирал ги давал на сиромашните. Општо луѓе го сакале, повеќе од неговиот татко. И имал причина да верува во пророштва бидејќи кога се работи за неговата фамилија, пророштвата се генерално точни. Денис предвидела дека Валирија ќе се уништи и по 12 години се случило уништувањето, а Таргеријанс, на некој начин избран народ, преживеале. Затоа е најверојатно точно пророштвото дека Азор Ахаи ќе се роди од родот на Ерис и Раела. Постов ми е надоврзување, се согласувам со сѐ што кажа, Регар дефинитивно имал мрачна страна поради неговото раѓање среде трагедија Не ме чуди 16 годишна девојка да се затреска во убав принц со сребрена коса кој пее со лира(тинејџерките обожаваат музичари хехе) меѓу обичниот народ и ја прогласува за кралица на убавината, ама можела барем да го извести семејството кога избегала со него. Зарем не знаела колку е избувлив брат ѝ Брендон, можела да прати гавран дека ќе се мажи за Регар, да не прави нешто глупо како барање правдина кај лудиот крал. Самата постапка со киднапирањето ги иритирала лордовите, да се знаело дека Лијана побегнале не верувам да имало војна. Сепак Регар не е прв Таргеријан да земе љубовница од благородно потекло. Се разбира, на Роберт немаше да му биде сеедно и ќе ги заладеше неговите односи со Нед, ама немаше ни да полне револт. Поверојатно е Мартелс да се бунат отколку Баратеонс, со поништување на првиот брак на Регар децата на Елија стануваат копилиња. А можеби и некој сакал да има неред (или поинаку речено..хаос) во Вестерост за да се смени власта или за да умре Бран и Кетлин да биде слободна, па се потрудил бегањето на Лијана да биде киднапирање. (Кхм Литлфингер) ******************** Соопштено беше дека ќе има prequel за Игра на тронови, па за што сакате да биде? Јас сакам да биде за Dance of Dragons, ама не верувам дека ќе биде за тоа бидејќи битките со змејови се прескапи за продукција. @Prijatelot од седмата? Одамна се испаднати на торент и на блу реј, а последната, осмата сезона испаѓа за една година.
Кажаа дека нема да има никој од главните ликови од Гејм оф Троунс, односно нема да биде за востанието на Роберт.
Ова е тоа. Јас имам теорија дека Нед знаел за сè. Бил свесен уште од Харенхал дека овие двајца се заљубиле, а знаел дека Лијана е ветена на Роберт. Сепак, иако му е пријател, знае каков е Роберт, bastards and all, па веројатно и тој не би сакал таков човек да се ожени со сестра му. Сметам дека тој и' помогнал на Лијана да избега, а притоа постојано работел на тоа да не успеат да ја најдат. Затоа велам дека овој плот уште не е завршен и недостасуваат уште неколку парчиња за да се состави сложувалката. Јас би дала сè за да направат prequel за Robert's rebellion, ама за жал нема да има. Инаку закажаниот prequel што би требало да излезе 2020 ова време ќе биде за Aegon the Conquerer. Мислам дека се викаше The Conquest или така некако.
Не сум сигурна, за Лијана било дадено збор дека ќе се омажи за Роберт, а не е баш типично за Нед да крши зборови. Исто така, Нед бил во Вејл кога Лијана била ,,киднапирана'', не можел да помогне. И делуваше вистински изненаден и шокиран кога ја најде Лијана со бебе во кулата во Дорн. Ако им помагал да се кријат, би немало смисла Регар да им нареди на двајцата од кралската гарда да убијат било кој што ќе се обиде да влезе во кулата. Ќе им речел чувајте ја Лијана додека да дојде Нед да ја спаси неа и бебето. Повеќе ми има смисла Бенџен да ја знаел и да ја криел нејзината афера бидејќи бил помал и поблизок со Лијана. Можеби и отишол на Ѕидот бидејќи Нед дознал, се налутил и го протерал.
Well now that you say it... Сепак, не мислам дека бил целосно онака како што се прикажува досега, дека одел по паметот на Роберт и дека мислел дека Регар ја силувал исто како него. Сигурна сум дека укопчал нешто повеќе од тоа. Ми падна и ова на памет, но бидејќи во серијата ја заокружија приказната на Бенџен со неговата смрт, не мислам дека нешто повеќе ќе се открива за него. Сепак, многу е веројатно книгата да заземе сосема поинаков тек и да излезе дека Бенџен всушност помагал. Оваа опција е пологична и повеќе ми се допаѓа.