Jaс сега ја почнав серијата, на средина на втората сезона сум. Засега ветува, само да не премине во разочарувачка понатаму. Нема да ја гледам маратонски, па таман додека да излезе 8та сеозна можеби ќе ги завршам претходните 7 ако не ја оставам некаде попатно. Нема да прекинувам и да чекам нови епизоди. Не знам зошто толку ја избегнував, иако не обожувам вакви серии, сепак доста солидна испаѓа досега.
Претходната сезона на годишнината со мојов ни излезе па си ја поминавме пред компјутер, сега ден пред роденденот. Како ми се посреќва. Како HBO да сака да ми дај персонализиран подарок.
@theowndemon Годишнина ви е на мојот роденден на убав датум сте се фатиле мор, ај па и на свадба да ви играме. Јас тотално заборавив што се случуваше последните епизоди. Последно кога ја гледав серијава уште го немавме испиено првото кафе со дечко ми, а сега сум веќе мажена со три деца Ја памтам битката, памтам побитни инцест сцени, ама навистина не се сеќавам кај се наоѓаа одредени ликови, и заборавив кои се живи Не знам кој лик на која страна од светот е моментално. Уствари не дека имаше логика во последно време како летаа на сите страни за кратко време, ама ај... Треба во слободно време да ја изгледам набрзина, не бива вака неподготвена да влезам во последната сезона. Трајлерот интересен, ама искрено не се возбудив толку Сум се оладила.
Фатив наново да ги гледам сите сезони. До половина на втората сум. За чудо, тоа што знам унапред што ќе се случи, не ми ја прави досадна.. Напротив, интересна е исто, само перспективата е поинаква. Многу јаки муабети има. Почнав ко несалам и да запишувам она што ми се бендисва ептен. Со душа ја чекам новава сезона... Баш ме интересира дали и како ќе се справат со Најтуокерс
Ако му истекни и "случајно" отвори Сем некоја огромна книга од 2000 страни, баш на страната каде има рецепта за како да се кова тој челикот што го пронајде со брзина на светлината и наоружа цела армија можеби ќе имаат шанса некаква и да не се глупира Даенерис.
Не е челик, Dragon glass - оbsidian... му ги знам имињата на се' Плус, копаат нели... Ојде Џон Сноу, кај госпожа Калиси да бара да копа по островот .. така у ствари се запознаа, а Бога ми, и опнаа
Јас веќе заборавив кој-зошто-што-како; кој загина, кој воскресна, кој преживеа... Ако не прочитав тука, богами немаше ни да ми текне како всушност се запознаа Денирис и Џон. А ич не ми се гледа од почеток, не дека не сакам, туку немам време. Ама толку не се сеќавам на многу битни работи, па ќе мора барем да прочитам нешто од нет до април. Повторувањето е мајка на знаењето.
И јас богами ништо не се сеќавам, планирам последната сезона да седнам да ја прегледам пред да ја почнам новава.
Тоа при крајот на март, да нема простор како да заборавам што сум гледала дури почне новата. И јас може само таа да ја извртам набрзина, иако мислам дека скроз заборавив што сè се случуваше во текот на првите 5 сезони на пример. Другите колку толку ги паметам, ама еве штом заборавам вакви работи, се гледа колку реално памтам детали.
Еве нешто да ни се најде при рака нам што немаме многу време за повторно гледање. Има вакви и за другите сезони. И јас би сакала 7ма да ја погледнам пак до април, ама стално ми предложуваат/наоѓам некоја нова серија...