1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игра со бебе

Дискусија во 'Бебе' започната од NORA17, 27 мај 2020.

  1. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Не можев да најдам ваква тема ако ја има затворете ја темава...
    Ми треба идеи за забава со бебе до дванаесет месеци цел ден сум со него и одвај ми поминуваат деновите од здодевност по некогаш го шетам играме со играчки пееме но моето бебе не сака да се дружи постојано шета по цела куќа и растура (не е проблем тоа) но често му е здодевно и плаче... Како вие го поминувате времето и какви игри играте како му го обземате вниманието мене не ми оди :sweat::$:D
     
    На SINOLICKA_123 и Lisicko им се допаѓа ова.
  2. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    10.434
    Пол:
    Женски
    Колкаво ти е бебето? Да го заспијам малиов и ќе пишам на темава. :)
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Година има
     
  4. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    И јас понекогаш незнам што да му заправам. Го шетам скоро секој ден со количка, знам да го оставам по 1 саат песни на тв да гледа, јутуб му пуштам, со коцки демек игра, јас да ги редам он ги вади, со играчките скоро ич не игра, во фаза на проодување е, сака да оди и све да фаќа, ама го гледам некогаш му е досадно, и сега со тенџериња игра понекогаш демек јадење прави, па ми дава да јадам, песни да му пеам нешто несака многу, искрено и мене ме интересира како би можела да го занимавам, пробувам демек сликовници да му читам, ама не е заинтересиран, сака да шкрта по листови, ама ми е страв мал е, да не се повреди со боица,молив. Година и месец е мојот.
     
    На drugarka и NORA17 им се допаѓа ова.
  5. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.418
    Допаѓања:
    4.980
    И мојот е во фаза на проодување, само оди по мебел. Од играчки се откажав, не е заинтересиран, ама му правам играчки јас, шишиња па капачиња затвора, тегли капачиња, му давам крпа брише под зошто ме гледа мене, диплиме алишта, јас диплам, тој растура и така. Кога готвам го ставам во хранилка и му давам дрвена лажица и пластични и му зборувам што готвам, како да меша. Му давам од кујна пластични, дрвени работи да си игра, претежно тоа дома. Се' што правиме ние, прилагодено. Само така е среќен, се чувствува дел од нешто, плус не копира. Шетаме сега на првата дремка од сабајле.
    @Nevenche26 јас му давам боици од тие големите и блокчиња му купив, молив не. Има дрвени големки се, не се остри.
    Ситно броиме до година.
     
    На Martka, bela.m и Nevenche26 им се допаѓа ова.
  6. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Исто, се исто, само мојов веќе ни во хранилка нејќе да седи, пишти плаче, сака да оди, а го седнам на земја одма оди до нешто да се исправи и да стане, порано полесно ми беше барем така тенџериња, лажици ќе му изнаредев, абе да заборавиш дека дете имаш:lol: ама сега многу сака да оди и не го интересира друго,кичмата не ја осеќам веќе. Една топка мека има, он исправен во креветче да ми ја фрла, јас да ја фаќам, ама ја избегнувам, работата е он да троши енергија, не јас да трчам по соба:D.
    Јас па не му купувам боици си викав мал е. Сега кога ќе одиме да пазариме ќе си му купам.
    Во таа некоја возраст се, кога нема што игри да играш со нив.
     
    На NORA17 и drugarka им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Ги поканувам @Мариаа. @Yowannty @Presrekna @Mia Fuentes @PoisonGirl @ocicka2014 и другите од генерацијата да се приклучат на темава..ние сме 9+ месеци и веќе ѕвечки не ни се интересни а не сум но озлезена да побарам некои други играчки за бебе а и не ни знам што може да се даде сега. Времето го минуваме во дубак или седнати во коритото за капење (facepalm) седење ептен малку се повеќе сме во раце и надвор не знам како би го заиграла. Цртани пуштам на baby tv порано гледаше сега скоро ич. На компјутер и телефон иде змија ја слушаме. Телефоните на сите ни ги зема и само се карам со маж ми да не му дава да игра со тоа,ме сакам бебе уште од сега да се зафати со телефони.
     
    На Butterfly1107 и NORA17 им се допаѓа ова.
  8. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    10.434
    Пол:
    Женски
    Здраво, вака според мене на таа возраст, детето треба претежно на под да си игра, да поминува време со логички игри, на пример можеш со сложувалки, стави-извади игри, најдобро е со дрвени играчки.
    Потоа можеш со игри со меморија, карти со сликички, боење, спојување и расклопување и подобро е само детето да си ја води играта, а не родителот да му покажува како "треба". Нема правила во игра, важно е да ја научува суштината на играта, и секогаш е поубаво да биде играта за едно ниво понапред од детето, да може да ја совлада, да се труди, а не на негова возраст, зашто така не учи ништо ново.
    Ако имаш инстаграм, таму има многу профили со едукативни игри, еве еден- развој низ игра се вика. Има и други навистина поучни и со многу идеи за играње.
    А детето се заигрува само?
     
    На BY<3 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  9. lady.N

    lady.N Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    710
    Допаѓања:
    1.130
    Мојата е 12 месеци од пред 1 месец се заигрува сама и многу ми е интересна да ја гледам така. Си зема кукли или мечиња и им збори нешто на нејзин јазик па ги доближува демек да се бацат а она ја шупи устата, па ги храни со нејзиното шише, истура вода по соба па ја брише со раката. Денес јас земав влажно марамче да и ги бришам играчките она веднаш сака па и дадов и неа, 20 минути бришеше после. Мир у куќа. Инаку веќе е проодена па прави и бељи, отвара фиоки, вади алишта, кога постилам алишта она ги расфрла по балконот и така. Забавно ни е дома :D
     
    На WildMk, NORA17 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  10. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Играјте пејте купи му креди во боја нека шкрта по листови земи прави му претстава преку сенка од твоите раце(легни го на кревет легни ти до него до тебе уклучи блиц) покажувај му на јутуб бркајте се од соба во соба кријте се барајте се
    погоре ти дадоа идеа да ти "помага" во домашните обврски
     
    На NORA17 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    10.434
    Пол:
    Женски
  12. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    4.143
    Допаѓања:
    21.956
    Пол:
    Женски
    Не треба да го учиш да е зависен од игра со тебе. Доволно е големо да може само да се занимава, да го развива мозочето, да развива логика според возрастс, да си живее во свој детски свет.
    Колку порано почнете да ги оставате да се учат да се самостални како малечки, толку ќе се поуспешни како поголеми.
    Купи табла со креди, купи едукативни играчки според возраст, остави го само нека си ја развива маштата.
    Секако во некој дел од денот треба со него и ти да поработаш. Правете музички инструменти од тоа дома што имате, земете тесто месите, ѓердани од макарони обоени.. пејте песни, учите нови зборови и најважно од се бар 1 час во денот играње со врсници.
     
    На mal.ecka, Anna-Karenin, NORA17 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    За жал тешко е да го заиграш.
    Имам некои играчки за негова возраст ама они срга сакаат да лазат, да се качуваат на се и сешто да се исправаат, да отвараат фиоки и вратничиња.
    И секако најинтересно им е игра со пластични чаши, чинии,пегла,правосмукалка, далечински управувач...се што не е играчка, а ако има кабел е дупло задоволсво :D
     
    На kukla21, Lisicko и NORA17 им се допаѓа ова.
  14. NORA17

    NORA17 Активен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    31
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Во ред е убави идеи но ете јас мислам дека има потреба да го заигрувам затоа што секое дете е различно затоа што постојано сме сами ми е страв да не заостане со социјализацијата (јас сум постојано сама и многу ми е лошо) инаку за креди макарони и ситни работи сеуште е во фаза кога се става во уста сепак некој идеи покасно ќе ми послужат:)
     
  15. Lisicko

    Lisicko Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2020
    Пораки:
    490
    Допаѓања:
    1.098
    Пол:
    Женски
    Ние ретко се заигруваме, мислам дека тоа се должи на фазата на проодување и за нас игра е трчање по стан, отворање фиоки, вадење ствари од фиоки, расфрлање алишта, отвори затвори врати, се случува да се заигра со отвори, затвори капачиња од шишиња и теглички, вака за играчки нема некој интерес.
     
    На Larahappy му/ѝ се допаѓа ова.
  16. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.850
    Допаѓања:
    47.947
    Пол:
    Женски
    Моето е 4м на кеса најлонска најмногу се радува :)
     
    На Pacient srna и mal.ecka им се допаѓа ова.
  17. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Ние сме 6ипол месеци, заинтересирана е за каблите најмногу. Ќе легнам со неа на земја и ќе и редам играчки една врз друга, таа ќе ги бутне, па се смее. Ќе и сокријам нешто под ќебе таа го бара сама каде е. Кога чистам со правосмукалката неа ја држам во една рака со друга смукам, она пружа раче да фати и интересно и е. И кога џогирам исто и давам да го држи џогерот, се смее најмногу на тоа. Ја ставам пред огледало во ходник и тука 15 минути се игра, на два ќоша во салонот имам играчки, поточно на едниот се тие големите коцки, и кога ќе и досади ја носам таму да се игра. И пуштам цртани да гледа, знае пола саат да се изгуби, таман додека да ставам ручек да се крчка или на неа да и подготвам кашичка. Во шише од чај, оние лименките имам ставено гравчиња и тоа и е најинтересна играчка сега засега. Најинересно и е нешто да свири и светка. Со друго ништо неможам да ја занимавам, бидејќи е многу мала. Инаку и интересно и е да го подига теписонот,ја се смеам и викам леле мама не исчистиле тука, она пука од радост, не дека ме разбира ама ете се смее. Цел ден е на земја, кога ќе и досади ја земам 5,10 минути во раце и на тераса, па ја внесувам и на земја леле види ова што е, и пуштам музика и пак се занимава 20,30 минути. И ете ти, дошол тато од работа. Се прибира во 18часот, има денови кога мама скренува, ама се враќа во нормала :D
     
    Последна измена: 20 јули 2020
    На Slonce91, bella.gk и Lisicko им се допаѓа ова.
  18. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Нас не ни е до игра. Бидејќи најмногу сака да си игра со цигари и упаљачи а мене тоа ме нервира и само демне да ги дофати кога татко му е тука
     
  19. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.471
    Допаѓања:
    10.434
    Пол:
    Женски
    Предложете игри за 7месечно бебе. Од типот на направи сам.
     
  20. Nevenche26

    Nevenche26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2019
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.476
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е мало за игра од тој тип. Можеш да го седнеш (ако седи стабилно) врз ќебе или подлога и да му оставиш плишани играчки, тропки, коцки нешто што имаш, да осознава текстури, да фаќа што го интересира. Тешко е во тој период, мене најмачен ми беше зошто искрено немаш начин да го заиграш со нешто посебно. Мојот со капачиња и пластични шишиња играше, со кабли хаха, сум заборавила веќе.
     
    На elenaklasik му/ѝ се допаѓа ова.