Мало е за да си игра така како што мислиш ти. Мојава на 8 почна да се интересира повеќе за "игра" на нејзин начин, а тоа беше да истава од корпата незини чорапчиња и да ги фрла по дома, па да ги брка.
Само му даваш играчки и тоа ги става во уста или тропа. Реално за толку мало бебе нема игра, само требит да се запознават со нови матријали, нови звуци, изглед на предмети.
Мојава има 19 месеци има играчки ама она сака да игра со даљинско, кабли, рутерот од интернетот го корне, телефон сама си ги врти цртаните, со штипки и во корпа за алишта сака да седи, со влажни марамчиња си игра. Ќе и го пуштам телевизорот гледа цртани слуша песни. Ќе ја прошетам надвор, овие два дена некако се заигра со една кофа и една коцка и тоа кратко време го игра ама е успех иначе не сакаше воопшто да игра, има и едни бебиња ги зема ги држи, има ранец за играчки ми го носи да и го ставам на грб и така шета 2 минути и после да го извадам, сакам повеќе да се заигра ама не знам како. И давам тетратка со пенкало шкрта по нејзе малку време и ќе ја фрли, досега 3 тетратки искина
Мајка ако ти е за утеха еве.. големата уште малку 4години ќе полни па уште не се заигрува сама. Бебе ќе го прошета и одма го става да спие Највише и задржува внимание боење во боенка со дрвени боички или пластелин/тесто.. е со тестото може и еден саат да утепа Да пробаш со домашен пластелин ама ако си сигурна дека нема да си лапне и да го проба
Аха мора да се дегустира или ќе го фрли негде да не можам да го најдам. Е сега ме утеши дека нема да се заигра , а и деновиве почна многу по мене да плаче неможам до кујна да отидам
Јас си се помирив дека такво ми е детето и крај затоа синко уште од старт сам го оставам да се заигрува нешто ма да мал е уште
Не најдов ваква тема па решив да отворам за да споделиме искуства и идеи, а ако има нека се заклучи. Идеата ми е да споделиме и активности или игри кои ги играте со вашите бебенца, соодветно месеците што ги имаат. Може да споделиме и инста/фб страници со идеи за активности за бебенца. Чувствувам како да не правам доволно со неа затоа и барам други идеи. Седиме на под цело време, ги вртиме играчките што ги има но некако како да и здосадуваат. Книги читаме и ги разгледуваме цело време, тие и се омилени. 9+ е. Видов на тикток денес една мама како наполни тавче со вода околу еден прст, стави неколку пластични топчиња внатре и го остави бебенцето (9+) да се шлапа и да ги брка топчињата. Нејзиното бебенце прерадосно си играше, моево ги извади топчињата од тавчето и почна да ја шмука водата од нив
Се надевам ќе се активира темава. Моето е 9++, во принцип сам си игра, но обожава кога си подаваме топка, некогаш со нозете ми ја враќа, некогаш со рака. Одличен рефлекс има за да ја фати. Кога ќе му кажам браво се топи целиот. Исто сака многу да отвара фиоки и да пребарува во нив. Две не ги заштитивме и ставивме играчки, папки, ќебиња да си ги вади. Секако папките му се најомилени зошто другото го има издегустирано. Сака да ме гледа како играм на музика, се си е насмеан, а некогаш и со газето ќе почне да мрда. Почнав да го земам во кујна со мене, доле го ставам и му кажувам што правам, ме следи се додека не здогледа нешто поинтересно. Кога беше помало и му помина фазата со играчки разни, му давав пластични канчиња и дрвени лажици, ги обожаваше. Од коцките на под ги вадеше страничниците и игралната со пијано многу ја сакаше. Се уште знае да се заигра со пластично шише. Исто меракот пред огледало не му е поминат, имаме огромно огледало па знае да си прави муабет со него (себе). Тоа со водата го пробавме, не е за во стан Уште не сум му пуштила цртани да гледа, ниту планирам во скоро време.
Мојот син е 9 месеци игра на негов начин со мекани играчки повеќе ги гризе и лигави нема конкретна игра ама важно покажува интерес особено со далинско, мобилен се возбудува кога му се во близина, не му ги давам но кога ќе списка му дозволувам секако он само ги фаќа, инаку во дубак го ставам повремено ретко, во игрална со топчиња и на мека подлога да игра и кога му здосадува гледа цртани
А како ги занимавате бебенцата дур готвите, чистите? Не седе моево у место, нон стоп е у покрет. А сеа дека почна и да се исправа по мебел абе 10 секунди не можам глава да свртам. Во количка или хранилка трае 15мин макс