Искрена ќе бидам. Филмот не беше ни малку сличен на тоа што го имав во главата дур ја читав книгата. Постојано имам чувство како нешто ми недостасува.. не знам дали е така бидејќи глумците баш не ми се погодени или тоа што најинтересните сцени се како "истрчани". Josh Hutcherson воопшто не ми се вклопи во улогата на Peeta. Главен јунак е нели? Остај убавина, барем некоја харизма да поседуваше бе.. И не знам зошто го отекоа со Liam. Типот се на се дали две минути го имаше во целиот филм. На таква солидна книга, екранизацијата можеше да биде бомбона. Единствено нешто за кое барем не ја утнале работата е тоа што женската улога не и е доделена на Kristen Stеwart па да го заеби филмот до крај. Каснам и јас со критиката ама имав желба да го гледам со квалитетна снимка па затоа почекав неколку месеци. Gary Rose, better luck next time dude.
Јас искрено не можев да замислам подобар Пита од Џош Хачерсон. Совршен ми е за таа улога. И не знам стварно зошто не ти е убав... преубав е. А за тоа дека недостасуваат работи, е па да, но не може се да се стави во филм од 2 саати...
Не сум тинејџерка и не знам што толку се крена прашина за филмов. Сакам секаков тип на филмови најмногу трилери и драми, но филмов е како за мали деца со исклучок на сцените со убивање. Добра идеја, лоша реализација и она што најмногу ми бодеше очи катастрофална костимографија.
КАТАСТРОФА! Ете тоа е филмов. Една голема катастрофа. Ќе беше за нијанса подобар ако Кетнис раскажуваше цело време, ако размислуваше гласно да речам, а вака јас книгата што ја читав и што знам се, пак ништо не сфатив од филмот, до толку што имаат скокано и сецкано. Гледаш филм од 2 и пол саати исто како ништо да не си гледал...Катастрофа.
Супер е филмов ама очекував повеќе... Се сложувам со Neytiri... Исто ко ништо да не си глеал. Некако брзо поминува. Нз. како да објаснам...
Аххх што се им мислев на Liam Hemsworth и Lenny Kravitz додека го гледав филмот Иначе филмчето ... па онака ... ми се допадна ама не до толку да кажам wooow Една просечна 4- би му дала
Katastrofa, ocekuvavte poveke ??? ovaj mi e OMILEN FILM sekoj den da go gledam nema da mi se zdosadi i u uste poveke ja zasakav jenifer
Го гледав и воопшто не сум импресионирана. own: Во ред беше главната тема, killing just for fun во денешно време, како што правеле порано во Колосеум, Рим и неморалната и лоша страна на богатите. Воопшто немаше развој и обработка на ликовите, ништо не ми креваше адреналин и возбуда (баш така како што го опишуваа). Немаше некоја борба за опстанок, не од самите натпреварувачи, туку од самата околина.
Книгата ја имам читано, и беше феноменална, а за филмот се трудам да најдам некоја асална страна за да го изгледам, али некако не ми оди, видов и некои од оваа тема тука, ама повеќето не ми ги отвара и затоа ВЕ МОЛАММ, да ми пратите или во ЛП или тука некој добар линк. Ве моламмммммм !!
Мене пак филмот баш ми се допадна. Дури си плачев на некои случки (најмногу кога умре тоа девојчето Rue). Не сум ја читала книгата, ама филмот ми стана еден од омилените. И читав на нет дека на многу не им се допаднала актерката. Во книгата била опишувана како многу слаба, а Џенифер не била ич убава нити слаба. Океј, има облини, ама мене ми е преубава. И баш би сакала да го гледам вториот дел, ама ќе треба да почекам.
Еден од моите омилени филмови . Прекрасна актерска екипа, Џенифер одлична, баш и доликува улогата,Peeta малку ми е одвратен аа Гејл ми е преубаав Одвај чекам да излезе 2 дел ..can't wait.. Чиста 10
По четврти пат ја препрочитав последната книга... Луѓе, не можам да ви го опишам чувството кое го имам кога читам што се му се случувало на Пита. Премногу го сакам и во книгата и во филмот.
еден од многуте филмови,што ми остави голем впечаток,значи ного добар филм,толку се соживеав што незнам,опседната сум со него .Книгата не ми е читана,но ке биде и тоа.А Џенифер Лоренс е многу убава
Не ми се допадна филмот,само затоа што ја имав претходно прочитано книгата која нема допирни точки со филмот. Книгата е многу многу подобар избор од филмот,според мене.
значи филмот го пуштив да го гледам, од почеток не ме импресионира, можи дека имав читано многу пофалби за него и очекував нешто поќе. на сред филм и заспав ама после коментарите ваши сигурно пак ке го пуштам и ќе го гледам до крај без да заспијам