1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игрите на Гладните (The Hunger Games) [2012]

Дискусија во 'Филмови' започната од ruperts, 3 април 2012.

  1. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Ај дајте некој торент за Мокингџеј.
     
  2. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    6.870
    Пол:
    Женски
    На prettyliar му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    Ги имам гледано првите два дела.

    Првиот е просто прекрасен. Книгите ги немам читано, ама толку ми е јасно раскажана приказната, ништо не ми недостасува. Џенифер (вака ли се викаше? (facepalm) ) ми е совршена за улогата на Кетнис, а истата ми е прекрасна како лик. Може е идеализирана малце, ама си дозволувам некогаш да обожавам некој таков лик :D

    Вториот дел ми беше помалку интересен од проста причина што очекував повеќе акција, каква што имаше во првиот. Некако првиот дел ми даде впечаток дека ќе се работи за акциона серија филмови, па вториов беше повеќе интриги и сплетки.

    Третиот одамна се канам да го гледам, ама само читам и слушам коментари како бил бетер од вториот т.е. немало акција. Наводно се „чувале“ за последниот дел....
     
  4. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    893
    Пол:
    Женски
    Конечно го изгледав третиот дел.Не беше интересен како првиот,па и како вториот,но вториот дел сигурно ќе биде поинтересен.Можеби третиов не е многу интересен затоа што нема игри и некоја акција,само како започнува востанието.Јас ги имам прочитано трите книги,секако дека филмот не е добар како книгите затоа што сепак неможе се што мисли Кетнис и сите нејзини чувства да се пренесат во филмот.Така да,ако сакате подобро да го сфатите филмов,треба да ги прочитате книгите зашто многу убаво е опишано како се чувствува Кетнис и вториот дел мислам и очекувам ќе биде дефинитивно подобар па дури и од кечинг фајр.

    Актерите прекрасни,посебно Џенифер како Кетнис и неможам поинаква да ја замислам Кетнис.Крис Хемсфорд конечно да биде присутен цел филм зашто претходно само во 2-3 сцени го имаше,а многу го преувеличуваа.Иначе јас сум за Пита и Кетнис да се заедно,не да не си одговараат вака физички,како Кетнис да му е поголема дада,ама па кога беа заедно во игрите души беа.Посебно во вториот дел ептен си се заљубија и Капитол знаеше како да и се одмазди на Кетнис,а тоа е преку Пита.
     
    На LittlePinky и the.vampire.girl им се допаѓа ова.
  5. Emili12321

    Emili12321 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    236
    Допаѓања:
    288
    јас ги имам прочитано првите 2 книги и сега го почнав и третиот дел односно мокингџеј ... викаат дека во третиот дел се состои и четвртиот дел од филмот што просто неможам да издржам да ја прочитам цела книга :)
     
  6. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    Првиот дел е најдобар, останатите не дека се лоши, туку ради реда снимени. Можеле да ги спојат во еден подолгометражен.
     
    Последна измена: 22 март 2023
    На boomsleng му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.181
    Пол:
    Женски
    За последниов филм The Hunger Games: The Ballad of Songbirds & Snakes можам да кажам дека е најдлабокиот во низата, најдобар заедно со првиот. Не се двоумете да го гледате, еден од најквалитетните филмови кои излегле годинава. Оценка помеѓу 9 и 10.
    Се работи за почетоците на Игрите на гладните, односно на Coriolanus Snow (во претходните делови го глумеше Доналд Сатерленд, а сега младиот актер Tom Blyth се снаоѓа еднакво добро во улога на русокосото момче со голем потенцијал, сред дилема кој животен пат да го одбере во суровиот дистописки свет), многу години пред настаните во серијалот со Кетнис (Џенифер Лоренс).

    Prequel поради кој овој лик уште повеќе ќе се памeти. Snow always lands on top.

    Вака ги имам оценето останатите:
    The Hunger Games (2012) 9/10
    The Hunger Games: Catching Fire (2013) 8/10
    The Hunger Games: Mockingjay - Part 1 (2014) 7/10
    The Hunger Games: Mockingjay - Part 2 (2015) 8/10
     
    Последна измена: 31 декември 2023