1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игрите на гладните (Сузан Колинс)

Дискусија во 'Книги' започната од Kiara, 8 април 2011.

  1. Kiara

    Kiara Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    9
    [​IMG]

    Игрите на гладните, 102 недели на листата на Њујорк Тајмс бестселери, најчитана книга во моментов во светот според 5 светски портали за книги со над 300.000 членови, книга на годината според 40 различни весници, договор за филм следната година, опсесија на секој млад човек во светот, повеќе од 100 фан клубови основани на интернет за да се спојат љубителите, критика од Стивен Кинг дека не можел да ја остави, од Стефани Мајер дека ја носела со себе на вечери...

    Си велам, ова е некоја преценета американска работа, но можно ли е да е до толку? Што толку посебно има во неа? Каква треба да е таа книга која ќе успее да го постигне ова? Ивана, ќе ја прочиташ, си мислам, па после ќе видиме дали се сите овие информации оправдани и точни. Дали се точни? 360 страни тресење од неизвесност, 360 страни читање со болка во градите, 360 страни возење како со некој смртоносно брз авион затоа што токму таков е стилот на авторката, липање како мало дете, ежење на кожата како да сум на -30 степени гола... Ова е книга која ги промени моите критериуми за тоа што значи добар трилер!

    ...во руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад. Не е дека не се обиделе да се спасат од одвратноста на Капитол. Во минатото тие кренале востание, но Капитол ги поразил и го уништил 13тиот реон кој тогаш постоел за да им покаже што ги очекува ако уште еднаш се обидат да се бунтуваат. Од тогаш, работите се само полоши.

    Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути и се испраќаат во Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.

    Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени. Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.

    Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. Дали е исто да убиваш животни во шумата од глад и да убиваш луѓе за живот? Дали е важно да останеш човек повеќе отколку што е важно да останеш жив? Токму тоа е единственото правило во арената - ОСТАНИ ЖИВ!

    Ако сака да победи, Кетнис ќе мора преживувањето да го стави пред човечноста и животот да го стави пред љубовта.

    Бура од гнев, тага, адреналин, бес, солзи... ќе се соберат во вас додека ја читате оваа книга. И да, ќе барате уште, ќе гребете со канџи за уште, исто како што и тие гребат за да преживеат. Она што мене лично најмногу ми се допадна кај оваа книга - завршувањето на секоја глава. Секоја глава завршува со една реченица која прави пресврт во книгата и од која ви се креваат влакненцата по целото тело, мислите дека ќе излезете од сопствената кожа!

    Нема сомевање дека популарноста на оваа книга е доволна за таа да се филмува па токму поради тоа очекувајте го излегувањето на филмот во март 2012. Јас знам дека ќе го чекам со душа! А книгата... книгата можете да ја очекувате на саемот на книга оваа година, премиерно таму и со промотивна цена за секој што ќе го посети саемот!

    Не можев да престанам да ја читам!

    Стивен Кинг

    Толку бев опседната со оваа книга што морав да ја носам со мене на вечера и да ја кријам под работ на масата за да не престанам да ја читам. Сега веќе ја препорачувам и на тотални странци. Игрите на гладните се неверојатни!

    Стефани Мајер

    Преземено од сакам книги
     
    На Victorian, Hayley, DeRose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Хм.. попладне одам на Саем на книга, на списокот меѓу првите ми е оваа книга за да ја купам.
     
  3. TheSilence

    TheSilence Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    8
    Лелеееееееееее книгаваааааааааааааааа, лудилоооооо!!! Уште сум под импресии, вчера завршив со читање. Среќа што страниците се квалитетни и ја зедов со тврди корици, инаку од што се утепав од плачење, на еден дел - не ви кажувам кој за да ви биде интересна, од толку солзи и рикање ќе ја исповиткав, а најмалку сакам тоа да се случи со овој трогателен, моќен, емотивен и неверојатен трилер!!! Толку многу се соживеав со сите ликови, Ру ми беше омилена, повеќе ја сакав и од главниот лик - Кетнис. Не знам луѓе ова е повеќе од трилер, повеќе од книга... целосно сочувствував со се' што им се случува на Кетнис, Пита... го чувствував нивниот гнев кон Капитол, имаше моменти кога сакав да се дерам, да земам и јас лак и стрела како Кетнис и да ги стрелам сите Организатори на Игрите на гладните и на Капитол... Досега не сум прочитала нешто слично и нешто што разбуди во мене толку многу измешани емоции. Ја разбирам комплетно Стефани Мајер, што ја криела книгава, нешто слично правев и јас на предавањата. Па имаше ситуации кога ќе се занесев до толку што, сокласничката што седеше до мене ме буцкаше да се контролирам... Среќа што тој дел кога плачев го читав дома, инаку ќе беше интересно ако се случеше на сред предавање, да не можам да се сопрам :'(. Се' уште ми е „свежа’’ и не можам да си ги соберам емоциите и импресиите. Нека коментираат и други, кога ќе бидат воодушевени, па ме интересира кои им се омилени ликови и дали јас сум единствената плачка и толку голем занесник во книгава. А да, ќе има и филм, на youtube има некои трејлери направени од фанови, а кој е официјален трејлер не знам... Според мене, ова е тоа што ќе го мрдне светот, после Хари Потер... со таа разлика, што Хари Потер, можеби допре повеќе до децата, отколку до возрасните, а ова ќе допре до секое живо суштество!
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  4. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Книгата денес ја прочитав и ме остави вака :o

    Немам збор со кој можам да ја опишам, прекрасна, фантастична, тажна.. Одвај го чекам вториот дел на приказнава. :clap: за Сузан.

    Ај остави линк, да ѕирнам.
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Два дела има книгава? Ај ве молам накратко да ми ја раскажете содржината, од прилика за што станува збор :) Изгледа ќе морам да ја најдам од негде.
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Виножитке забележав дека и ти си љубител на книги, па затоа мораш да ја имаш на листата на прочитани Игрите на гладните.

    Иначе на крајот пишува: КРАЈ НА ПРВИОТ ДЕЛ, па тоа ми вели дека ќе има изгледа втор повозбудлив дел од првиов, иако првиов беше феноменален. :!: И не е излезен вториот дел!

    Еве ти кратка содржина, понатака те оставам во неизвесност што ке се случи, ама знај дека нема да зажалиш ако ја прочиташ. :)
    ...во руините на местото кое некогаш било познато како Северна Америка, се наоѓа државата Панем. Главниот град на Панем е Капитол и тој е опкружен со 12 реони. Капитол живее во сјај и богатство, додека луѓето од 12те реони живеат во беда и се борат за секој следен ден да го дочекаат живи, да не умрат од глад. Не е дека не се обиделе да се спасат од одвратноста на Капитол. Во минатото тие кренале востание, но Капитол ги поразил и го уништил 13тиот реон кој тогаш постоел за да им покаже што ги очекува ако уште еднаш се обидат да се бунтуваат. Од тогаш, работите се само полоши.

    Капитол има свој монструозен начин на кој ги држи реоните под контрола. Секоја година, во Капитол се одржуваат Игрите на гладните. Од секој реон, се разбира освен од Капитол, по пат на лотарија се избираат едно момче и едно девојче, на возраст од 12 до 18 години - наречени трибути и се испраќаат во Капитол. Таму трибутите ги ставаат во голема арена на отворено каде треба да се убиваат меѓусебно сè додека не остане само еден преживеан... а сето тоа другите го гледаат во живо на телевизија. За Капитол тоа е празник, тие се обложуваат за победници, доаѓаат за да гледаат, се радуваат. За реоните тоа е само уште еден показател дека се бедни и немоќни, дека мораат да ги праќаат своите деца во смрт и не смеат да мрднат ни со прст.

    Кетнис живее со својата мајка и сестра. Дента на лотаријата на трибути силно се моли дека нема да биде извлечено нејзиното име. И не е... ја извлекуваат нејзината помала сестричка. Таа не смее да го дозволи тоа, а немоќна е да го промени. Затоа... се јавува како доброволец за да ја замени во Игрите.

    Таа е храбра, таа е ловец, таа знае што значи да умираш од глад, таа е посилна од Прим, но исто така е свесна дека си припишува смртна казна. Дали е исто да убиваш животни во шумата од глад и да убиваш луѓе за живот? Дали е важно да останеш човек повеќе отколку што е важно да останеш жив? Токму тоа е единственото правило во арената - ОСТАНИ ЖИВ!

    Ако сака да победи, Кетнис ќе мора преживувањето да го стави пред човечноста и животот да го стави пред љубовта.
     
    На LadyMillion и RainBow им се допаѓа ова.
  7. LadyMillion

    LadyMillion Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    61
    WTF?!!?? :o :o :o :o :o :o :o :o :o

    НАЈДОБРА КНИГА ЕВРРР!!! Не ми се верува дека е можно да постои ваква книга човеку :sweat: Инаку, книгава веќе се филмува, читав одма на IMDB за неа за да видам кога излегува филмот, март 2012. Прочитав и дека меѓу другите познати глумци ќе биде и пејачот Лени Кравитз. Ова е најдобра книга која некогаш сум ја прочитала и не само втор туку книгата има и трет дел. НЕ МОЖАМ ДА ДОЧЕКАМ!!
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  8. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Братучедка ми многу ми ја фалеше книгава и е фасцинирана од неа. :)
    Морам да ја најдам и да ја прочитам.
     
  9. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    3.262
    Пол:
    Женски
    Ја прочитав книгава. :inlove:
    Совршена е и единствена!
    Секоја помината страна ми помина во револт, лутина, тага, сожалување, среќа, возбуда, исчекување.
    Најдобар е крајот на секоја глава што те остава во неизвесност и те тера да читаш понатаму. :inlove:
    Едноставно мора да се прочита!!! :)
     
    На TheSilence му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Денес ја купив, едвај чекам да ја прочитам. :clap: Сигурно нема да ме има многу, многу деновиве тука, ќе заглавам со книгите. :D
     
  11. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ау ама е морничава книгава. Цело време ме ежи и ми остава некое нелагодно чувство. Не сум прочитала досега книга слична на оваа. Ама дефинитивно го задржува вниманието. :)
     
    На Victorian, LadyMillion и Springy им се допаѓа ова.
  12. Mar4u

    Mar4u Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    20
    Книгата има три дела: Игрите на гладните, Раѓањето на огнот и Мокинџеј.
    Ги немма прочитано ама едвај чекам :)
     
  13. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Ги имам прочитано сите три книги и можам слободно да кажам дека ми се омилени. И се восхитувам на Кетнис како лик, а во Пита мислам дека се заљубив :)
    И филмот ми се допадна многу, иако некои викаат дека се разочарани бидејќи нема опфатено се од книгата, јас мислам дека многу добро се придржуваше до неа.
     
  14. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Книгата не сум ја читала, ама од филмот се разочарав. Можеби затоа што имав преголеми очекувања. Сигурна сум дека книгата е подобра од филмот, само ме интересира колку допирни точки имаат? Дали е верна претстава или има многу изменети делови?
     
  15. LovePeace

    LovePeace Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    37
    Книгата не сум ја читала, ама затоа филмот го гледав. Преубав ми е, ми остави голем впечаток! Баш ми сакала и книгата да ја прочитам. :)
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  16. xxx-ba

    xxx-ba Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    301
    Има еден изменет дел на почетокот во врска со тоа како Кетнис го добива беџот Мокингџеј, а други измени нема, само има некои сцени скратено, сепак не може книга од 360 страни да биде целосно вметната во филм од 2 часа... Што те разочара од филмот? :?:
     
  17. AnGel.fire

    AnGel.fire Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    533
    Допаѓања:
    222
    Ејјј девојкииии..
    Ах се чудам како не сум ја прочитала книгава до сеа... Ве молааам кажете ми каде ја има и отприлика колку чини? Морам да ја имам!!
     
  18. Ket.Rin

    Ket.Rin Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2011
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    970
    Ја има во Топер и во Три, 400 денари со мека, а 440 со тврда корица.
     
  19. dolly.doll

    dolly.doll Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    505
    Пол:
    Женски
    Ги прочитав трите дела за 4 дена ! Интересна книга и полна со очекувања ... Планирам и фимот да го гледам ( мислам дека само 1 дел е излезен ) а за другите делови ќе чекам . Вреди да се прочита книгата ! Ако сте во можност трите дела да ги купите , купете ги , не се мислете ! :D
     
    На xxx-ba му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    И јас, како девојката над мене, сите три дела ги прочитав за 4 дена. Признавам дека филмот беше тој што ме воодушеви и ме натера да ги читам книгите (што ми стоеа во папка в компјутер неколку месеци, никако да ги прочитам, земајќи во предвид дека не знаев ни за што се работи во приказната).
    Веднаш откако го изгледав филмот, во полу-шок, полу-восхитување, се забрзав да седнам и да читам. Не потстанав од компјутер, освен за малку учење без желба.
    Искрено, мислев дека само креваат прашина околу книгиве, си замислував некоја комбинација од Самрак и Господарот на прстените (од сликите што ги имав видено).
    Приказната е се што една приказна треба да биде за да те натера да се замислиш до кај си во животов и кои се неговите вистински вредности. За што се сме, или не сме, спремни да направите за тие што ни значат, и како би ни бил животот незамислив без нив.
    Денес завршив со читање, наместо да учам математика, затоа што кога и да се тргнев од екранот, мислите ми беа “Што ќе се случи следно!?’’ Со помисла дека морам да ја прочитам последната книга во најкус можен рок, малку избрзав низ страниците (плус на англиски) па деталите ми се малку матни, но се радувам затоа што ќе ми бидат “непознати’’ кога ќе ја читам на македонски.
    Откако ја прочитав првата книга и повторно го гледав филмот, имав чувство дека скокнав некои делови, затоа што беа толку убаво насликани со зборови, ги замислив како вистински.
    Под огромни импресии сум, и ги препорачувам книгите на секому.
    Единствено што не ми се допадна многу-многу беше тој љубовниот триаголник.
    Да бев дел од игрите ќе бев мртва во првите 5 минути. Не сум ни приближно снаодлива, ни брза, ни паметна како повеќето ликови, и не верувам дека природниот инстинкт да се одржам во живот би ми бил доволен. Се на се, ајде, да имав некои си вештини, не ќе можев ни да си замислам да излезам од таму жива носејќи на срце толку одземени животи! Но на крајот убаво им покажаа колку е нехумано тоа што им го прават. И покрај сите околности, и тоа што Кетнис беше свесна дека не смее да му дозволи на Пита да и влезе под кожа, имајќи на ум дека на крај ќе мора да го убие, сепак ги зближија, и како што Сноу рече во филмот, им дадоа надеж, единственото нешто посилно од стравот. Не мислам дека ни Кетнис ни Пита ќе можеа на крај еден без друг, откако ги победија игрите, без разлика колку се сакаат или мразат. Тие низ тоа поминаа заедно и да немаа некој покрај себе што знае како е, само ќе ги излуди до самоубиство! И затоа мислам Кетнис на крај одлучи да остане со Пита наместо Гејл, не само за тоа што Гејл ја направи бомбата. И затоа, среде вторите игри (што беше нешто најужасно што можеа да им го направат!), среде војната, среде сето лудило до кое ги доведоа, тие цело време гледаа да се заштитат, таа него, тој неа, па и Гејл влезе во кругот до некаде, дури и тоа да значеше да се убијат меѓусебно замо да не паднат во измачувачките раце на Кепитол. Ликовите ми се многу карактерно развиени и стабилни, цврсти и истовремено толку слаби и инеодлучни! Толку слични како вистинските луѓе! Немаше премногу говор, ниту пак премногу описи, се си беше во вистинска количина. А крајот беше толку болен што ме натера да плачам од жал за судбината на замислени ликови! Затоа што, и покрај тоа што, на еден начин, ја преуредија целата држава на подобро, самите тие живееја во болен живот со ноќни мори, деца на кои што еден ден ќе треба да им објаснуваат за стие хорори низ кои поминаа. ... најдобро да прекинам сега, затоа што со саати ќе останам.