Одлична книга. Многу возбудлива морам да признаам. Оваа книга од оние типови на книга која нема да ти дозволи да ја оставиш се додека не ја прочиташ. Се сеќавам дека сите три дела ги прочитав за еден викенд, едноставно не можев да престанам.
Омилени ми се дефинитивно... Ако барате нешто свежо, ново, поразлично, нешто што нема да ве остави спокојни се додека не го дознаете крајот, тогаш треба да ги прочитате сите 3 дела... Иначе филмовите во никој случај неможат да се споредат со она што е испишано на страниците Начинот на кој се пренесуваат емоциите, начинот на кој ги доживуваме ликовите, начинот на кој се соживуваме со нив и ја поминуваме секоја неминлива ситуација, е тоа, тоа нема никогаш да биде опфатено во филм, па дури и да трае 5 часа... Едноставно џабе е
Прекрасна книга,ме остави без зборови,а богами и без сон. Едноставно не можев да ја оставам. Едвај чекам сега да почнам со вториот дел.
Книгата ја немам прочитано но филмот го имам гледано прекрасен филм почнав и со 2 дел но имаше само видео снимка наскоро ке почнам и со книгата