Јас морам да искажам револт кон POU! Значи го играв од кога го земав мобилниот, со месеци, 40 и некој левел, и на Вибер никој не можеше салам да ме слуша, никој! И дечко ми, пошто разбрал дека е до Пу тоа, земал и додека се бањав пред некој ден ми го избриша. А бе дури и солзи паднаа ќотек! Ама од тогаш на Вибер на раат зборам, а и на мобилниот општо кога ми звонат поглоасно е и немам никаков проблем со звукот, пошто често знаеше да се пораметува, и се тоа заради ебаниот Пу! И синоќа си викам дај пак ќе го инсталирам, леле луѓе, дури и на мобилниот мајка ми звони, мобилниот крче, не ни звоне салам, а на Вибер, воопшто никаков звук немаше. Го избришав одма, го ресетирав и пак е се во најдобар ред. А немам слаб мобилен имам ZTe Grand X IN, значи до Пу е, така да ако имате проблем со звукот само до него е да знаете. А многу ми е жал, ептен го сакав, ептен. И сега сум во жалост, барам некоја нова игра... П.С А исто имав забележано дека додека го играв синоќа Пу, според најновите апдејт нели, дека екранот ми трепкаше неколку пати, онака ептен брзо, ама јок, се гледа дека не е стабилно.
Panda Run ја играм во последно време. Трча пандата по некои патеки со препреки, прескокнува, се превртува.. интересна е А и candy crush е премногу заразна. Симнтете си ја~
Во последно време највеќе ја играм Pudding Monsters, интересна е , инаку омилени ми се Cut the rope, Temple run 2 и Heist но неа ја нема на андроид
Јас само си играм Smart Brain мозоков да не ми закржлаве на летен распуст И тоа +во играта ќе ми искочат резултати кај што пишува дека и Галилео Галилеј ќе ми се восхитувал Лажговци едни