Па ајде да видиме колку од нас играат игри на среќа лото,спортска.. И дали некогаш сте имале некоја добивка? Ако има слична тема слободно клуч
Od vreme na vreme igram igri na srekja, megju niv mnogu retko se loto i grepki, mnogu poveke se drugite igri na srekja, dodeka vo kazino ne sum bil nikogas. Do sega ne sum dobil znacitelna paricna nagrada, dodeka so stokovite dobivki imam poveke srekja.
Не сум играла игри на среќа и нема да играм.зошто среќата на тоа поле кај мене никаде ја нема...никогаш не ме служи за тие работи (може има некои тактики или финти за игра што јас не ги знам)а за друго се е ок ама за тоа слабо море повеќе од слабо е ова моево
Играв се ,сега веќе не ... Кај нас у градот си ја фатија 7цата на лото а јас ни еден број неможам, така да се откажав на тоа поле
До сега 4пати играв и не добив последниот пат кога играв ми се расипа копчето на слот машина и од тогаш реков КРАЈ!
Лото 7/34 играм 20 цели години и тоа едни те исти бројки, напамет ги знам и не сум ги сменила...значи 20 години освен една петка и неколку четворки немам добиено ништо друго. Лотово е тешка превара, наместени бројки..ама шубе ми е ако не уплатам
Јас ретко ептен ретко купвам грепки до сега можда 5 пати во цел мој живот се погодило да купам.. ништо ми се нема паднато освен она да си ги вратам парите од грепката.. Иначе мои блиски за свадбата имаја грепки место букет и бомбоњера. Ништо не им се падна повеќе од 60 денари од грепките од Битола. Им се падна само 500 денари од грепка од Охрид а имаше околу 700 грепки
Во последно време многу ретко. Порано постојано играв лото, спортска. На спортска имам добивано баш убави парички.
Јас никогаш немам купувано грепки, татко ми порано спортска играше а сестра ми има среќа со грепките..После ќе си купам и јас една
Лото редовно уплаќаме, највисоко 5ка имаме добиено. Четворки многу често и тоа само 2 комбинации имаме, една јас, една маж ми.
Татко ми секогаш уплаќа Лото, има системче направено и секогаш едни исти бројки се. На бинго пред неколку години фативме 6-ка. Си се почастивме убаво Грепки ретко да се падне некое 100-че, сите се по 30 или празни. Спортска не знаеме да играме така да никогаш и не сме уплатиле.
Јас купувам грепки често, ама немам голема сума добивано. Лото годинава добив 6ка, ја испуштив 7цата за еден број, упатив 14, извлекоа 15. Од тогаш играм почесто и си ја чекам 7цата. Вербата е многу голема кај ваквите игри, јас цело време си бев убедена дека ќе добијам и убаво де почастив со 6ката.
Од грепки неколку пати динар ми се нема паднато, лото немам уплатено, спортска 2 пати од кој вториот од 9 утакмици 7 паднаа (кој баксуз треба да си Реал-Валенсија да те заебе). Кога нема човек среќа, нема.
Кога било последното извлекување за Лотарија пред да се распадне Југославија, чичко ми ќе доцнел на работа, па не ги уплатил бројките. СИТЕ до една ебана му ги извлекле! До ден денес вика дека сакал јажето и каменот да ги земе и у Вардар! Му се имаат паѓано гооолеми суми на спортска, Бинго, Лото,( комар ) али само преку предходни шеми, анализи, математики таму. А ја имав кец математика у прво, затоа не уплаќам и со тие пари или пијам или гнетам.