Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Игри со пиење

Дискусија во 'Слободно време' започната од O.l.i.v.a, 3 декември 2010.

  1. O.l.i.v.a

    O.l.i.v.a Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    122
    Не најдов слична тема па да си ја отворам...Дали и кои игри ги играте во друштво, а што вклучуваат алкохол? Еве неколку примери:

    Никогаш не сум -еден кажува Никогаш не сум... јадела пица ( пример), и сите што јаделе пијат.И си се врти кругот.

    МЕКСИКО- се игра со две коцки и 2 чаши.

    Во една чашка се става пиење ( помала подобро) а со другата се покриваат двете коцки и се мешаат. Потоа се откриваат ама несмее да ги види никој освен тој што меша. И кажува што имал ама од двете бројки што се паднале се праи двоцифрен број на пр. 2 и 3 -23 или 32, 5 и 1-51или 15 ( како поише ви одговара). Наредниот после него не смее да има број помал од кажаниот пред него. Еве нека биде за пример 23. Ама на наредниов му се паѓа 21 , па лаже и вика 53. Наредниот после овој што излажал може да рече лажеш ако така смета и претходниов ги покажува коцките. Ако стварно лажел пие, а ако не тој што го обвинил си пие. А ако двете коцки се исти на пр две 2ки, тоа е МЕКСИКО па тој што е до него секако пие. Интересна е играва посебно по 3,4 испиени чаши се лупаат броеви ко 29, 67..! :rofl:
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Аууу ја имам оваа играно во една многу добра летна вечер за паметење во Охрид. Мислам дека пиевме текила, па кога ни снема дополнивме со водтка. Ептен беше лудница, на крајот не се знаеше ни зошто се пие, ни кој пие... А и големо друштво бевме, па секој додека дојде на ред... Се сеќавам дека тогаш еден другар по грешка ја испи чашата кога рекоа - Никогаш не сум ја изневерил сегашната девојка, а девојка му ми е другарка и беше со нас. Па почнаа да летаат шамари, извинувања, и двајцата пијани, другите маваат сеири... Таква вечер не се заборава.

    Во принцип не сум многу по пиењето, ама кога сум со друштво - не се двојам :lol:
     
    На feminium му/ѝ се допаѓа ова.
  3. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.950
    Допаѓања:
    26.301
  4. Shila89

    Shila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2010
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    205
    Кога сме во друштво најчесто играме една со карти.. :wasntme:

    Се што ви треба е шпил карти, некој жесток пијалок и добро друштво кое е расположено за пиење :lol:
    - Целиот шпил карти е свртен од обратната страна и сите си влечеме карта, кој си извлече и има најмала карта пие :)
     
  5. Glamour

    Glamour Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2010
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    42
    Не постои американски тинејџерски филм кај што барем еднаш не играат Beer Pong :lol:
     
  6. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Децооооо, кога се пие не се игра :D ;) :P
     
  7. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Еве една многу интересна игра со пиење. :lol:

    Оди по риба (Go-fish)

    За оваа игра ви е потребен само еден шпил карти и банда од големи љубители на алкохол.

    На секој играч му се делат по 7 карти, останатиот дел од картите се оставаат на средина и се влече од нив. Задачата е да ја најдеш картата со иста бројка кај некои од играчите (пр. Ако играчот има една 7ца бара 7ца од останатите што ја играат играва).

    Ако играчот од кој што ја барате картрата ја нема таа карта, ви вели “Оди по риба” (јас би одбрал некоја наша фраза, пр. "цугај" ), и вие треба на екс да ја испиете чашката ставена на масата која е наменета за играта и да влечете карта од купчето карти.

    Бидејки оваа игра може да трае многу, препорачуваме да не претерувате со дозерите.

    Доколку пак, откако “одите по риба” и картата која ќе ја извлечете од купчето е таа што сте ја барале, тогаш играчот од кој сте ја побарале картата треба да се напие 2 голтки од својата пијачка.

    Како за крај, доколку играчот на кој сте му ја побарале картата ја има картата, а вели дека ја нема, треба да испие толку пијачки колку што е вредноста на картата.

    И на крајот на играта, ако сеуште не сте дорбо напиени, еве еден предлог, сите губитници мора да испијат толку голтки алкохол колку што има парови собрано победникот.
     
  8. alisa222

    alisa222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 октомври 2010
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    46
    Оваа игра ја игравме со другарки на девојачка вечер.
    ИмавмЕ направено повеке картички со скокотливи прашања од интимниот живот, но и неколку картички со ознака ,,мораш да испиеш дупли пијалок,, . Ги стававме во вид на лепеза и картичките се влечат.Една по една влечевме и кој како ке извлече картичка одговара на скокотливото прашање или ако не сака да одговори пие 1 чаша од алкохолот,ако одговори не пие ,а кој ке извлече картичка со ,,дупли пијалок ,, пие 2 чашки од алкохолот. Мн интересна е играва :D посебно ако си испил 3 ,4 ,5 чашки ,и ти станува уште поинтересна :D :d: :party:
     
  9. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    850
    Ние си имавме една игра во вид на песна, и секогаш ја игравме при крајот на пијанката, кога веќе сите сме малку подзаматени :)
    Целта на играта е да се испие чашата на екс.
    Се почнува со името на тој што веќе ја испил својата чаша, или ако е од почеток, некое рандом име :)
    Пример, форумџиката над мене(алиса) ја испила својата чаша, па сега јас сум на ред :D
    Песната оди вака:
    Сега Алиса пиеше на My girl и е редот,
    сега Алиса пиеше на My girl и е редот,
    пиј My girl пиј, тебе ти е редот,
    пиј My girl пиј, за здравјето на сите

    После ова јас почнувам да ја пијам чашата, а сите други продолжуваат да викаат:
    Капка голтка, капка голтка, капка голтка.... :D се дури не ја испијам чашата до дно :D
    Пробајте, забавно е :) Само ќе морате сопствен ритам да си измислите, не можам и ритамот да го напишам во мислењево :D
     
    На anastasija85 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meredith

    meredith Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    78
    Со друштвото играме најчесто цугопол , најзабавно е , се игра слично на монопол фрлаш коцки и застануваш на полиња на кои има инструкции што треба да пиеш и сл.

    http://www.google.com/imgres?imgurl=htt ... 00&sz=66&h
     
  11. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    576
    Има една многу интересна, се игра со коцка и на сега ако се падне 1 пие тој лево од тебе, ако се падне 2 ти пиеш, ако е 3 пие тој десно од тебе ( инаку заборавив да кажам во круг се редиме), ако е 4 сам бираш кој да пие, ако е 5 воведуваш правило во играта на пример да пиеш со една крената нога, или да играш додека пиеш ( тоа кога ќе те потфати со крената нога тешко иде :D ) и ако е 6 одземаш една правило...
    и се пие на екс... фаќа и тоа како и уште интерсни правила ако воведувате .... :D :D
     
  12. whistle

    whistle Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Игра на пиење „Минум“


    „Минум“ е една од најоткачените друштвени игри на пиење. Играта се игра во круг, по ред, секој играч зема по една карта од шпилот и го прави тоа што е наменето за таа карта.

    Правила на игра:
    Се игра сè додека не остане само еден играч кој сè уште може да пие.
    Се пие само со лева рака. Играчот што ќе ја држи чашата во десна рака, по казна мора да се напие чаша на екс.
    Без карта за одење во веце, немате право на користење веце. Во случај некој да поврати пред другите играчи, пие чаша на екс.
    За играта се користат мали и големи чаши. Големите служат за нормално пиење, а малите за пиење чаша на екс.

    Значење на картите:

    1 – Една чаша на екс.
    2 – Две чаши на екс.
    3 – Три чаши на екс.
    4 – Четири чаши на екс.
    5 – Игра приказна, сè почнува со еден збор и следниот го повторува тоа и кажува нов збор. Така се игра сè додека некој ја згреши реченицата. Тој што ќе згреши пие чаша на екс.
    6 – Да ти кажат како да пиеш. Играчот што седи десно од тебе ти кажува како да пиеш (на пример, да се напиеш без раце).
    7 – Стоејќи на една нога пиеш чаша пиво на екс.
    8 – Сите наздравуваат и пијат од големите чаши.
    9 – Пие чаша на екс и пее песна по негов избор.
    10 – Играчот што ќе извлече десетка кажува кој да пие чаша на екс.
    Џандар – Сите машки играчи пијат чаша на екс.
    Дама – Сите женски играчи пијат чаша на екс.
    Крал – Дозвола за одење во веце.
     
    На Regina.Phalange му/ѝ се допаѓа ова.
  13. whistle

    whistle Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2012
    Пораки:
    105
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    Игрите на пиење не се измислeни само за откачени студенти, со помош на овие игри живнува мртвата забава, полесно си запознаваш нови другари, а уште полесно флертуваш.

    Проблемот е што има мал милион вакви игри, па тешко е да се одлучи која ќе се игра. Еве за почеток една од мене која ја игравме пред некој ден и си поминавме супер.

    Се што ви треба е шпил карти и банда од големи љубители на алкохол.

    Како прво се издвојуваат картите 1,6,7,9,10,џандар,дама и поп. Се полнат чашите и се почнува.

    Играта се игра во круг. Се влече карта од шпилот и правилата се следни:

    -доколку играчот извлече 1, сите присутни пијат по една голтка;
    -тој што ќе извлече 6ка треба да распореди 6 голтки на неговите `соиграчи`. Притоа може сите 6 голтки да ги даде на еден, може да ги подели на двајца(3-3,2-4), на 3ца.......
    -доколку извлече 7, тогаш како што оди кругот сите бројат од 1 па натаму, а кога ќе дојде до 7 или било кој број поврзан со 7(7,14,21,27,28...) се вика некој збор земен по договор(пр. бум) ((пр. 1,2,3,4,5,6,бум,8,9,10,11,12,13,бум,15,16,бум,18........). Оној што нема да го каже договорениот збор пие голтка;
    -доколку се извлече 9ка тогаш тој што ја извлекол картата треба да направи некој гест по договор(пр. ние кога игравме, тој што ќе излечеше 9ка требаше во текот на играта да ја стави раката на муцка) и оној што последен ќе го направи истиот гест пие една голтка;
    -Тој што ќе ја извлече 10ката е question master, и има право се дури некој друг не извлече 10ка да поставува прашања на кого сака, а доколку овој не му каже you`re the question master треба да се напие голтка;
    -Кога ќе се извлече џандар пијат сите присутни машки;
    -Кога ќе се извлече дама пијат сите присутни дами;
    -Кога ќе се извлече поп, пие голтка тој што го извлекол;

    Пробајте ја играва. Многу е интересна после 15 минути играње, кога сите ќе се `уиграат`:wink:
     
  14. Queen-K

    Queen-K Активен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2013
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    8
    Цугопол и се се можно :drunk: http://www.cugopol.com/cugopol.html еве како се игра. Мислам дека овде кај нас нема таков посебен шпил па затоа ние си испринтавме слика и си играме со обичен шпил карти :$ Еве ја и сликата [​IMG]
     
  15. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.082
    Пол:
    Женски
    Имаме играно Цугопол , ама не како што се пие до крај чашата туку по малку не сакаа другарките на екс да не ги фати :D не е интересно така ама ајде :lol:
     
  16. Boleyn.7

    Boleyn.7 Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    425
    Ауу, не се овие игри за сите...Еднаш кај другарка на роденден, земавме да ја играме-Јас никогаш и девојчево многу испи, а требаше и во Парадизо после тоа да идеме, ама и се слоши и ...ништо. :worried:

    Требаше после тоа , да ја играме играва , не тогаш. :doh: :lol:
     
  17. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.416
    Пол:
    Женски
    Јас имам играно една игра, може да се каже досадна е.

    Се полнат 5 чашки со водка и 5 со обична вода.
    И сега бираш која чаша ќе ја пиеш.
    Ако избереш вода убаво, ако избереш водка поубаво ^_^

    Можно е и сите водки да се погодат во тебе така да...

    Инаку играта ја игравме со една другарка.

    П.С: Наместо водка може и текила.