Хелп мами од Охрид! Забава за дете во Охрид? Сега брзо сум доселена немам кај да го однесам.3 игротеки се,и секогаш ова време имаат родендени.За в парк е веќе доцна и е ладно навечер.Некој кафич со игротека има ли во Охрид? Некој маркет,некој трговски,да има и за занимација за деца?Фала
Мила ептен сме за греота ние немаме кај да ги носиме децата. Единственото место каде што можеа да играат деца во затворено, а мајките да пијат кафе, го претворија во кафич. Ваљда си била во игротеката Вања, убаво е ама секој ден после 4 има родендени, ретко да нема. Плус сега некои 10 дена ќе ја реновираат. Други игротеки имаш Смајли, Хепи ленд, Бамбини, Мадагаскар, други не ми текнува сега. Пробај таму ако сакаш.
Ги користела некоја "пакетите" на Бамбини со нивно јадење, пиење и торта? Или можеби сте биле на таков роденден.
Оффф мислам Бамбини и Мадакаскар не работат за играње,само за родендени.Јас сум од Прилеп,имаме 20 игротеки,кафичи со простор за деца,и веќе ако е се зафатено на крај краева има маркет голем и внатре простор како игротека.Сега овде ми е како шпанско село
Od moe iskustvo normalen rodenden bezz slatki masi i ukrasuvanja samo igroteka so okolu 35 vozrasni i 15 decinja okolu 12000 denari.
Се зависи од очекувањата. Закуп на игротека е околу 2000-3000 денари. Има игротеки што нудат и храна. Ама! Убаво слушај што нудат и пресметај се во колку ч ти е роденденот и какви ти се гостите. Да не кажеш после малку е јадењето од игротеката. Авантура е 8000 денари пиење и јадење со закуп. Мезето е јадови. Ако некој задоцни 30 минути толку е. Колорес 12 е, 3 топли, 3 ладни даски и плус торта. Ова за 30 гости. Пиење неограничено. Фан хаус, закуп 2000 ако е од затворен тип, не плаќаш закуп ако е од отворен тип роденденот. Јадење, па и слатка маса, мора исклучиво од кај нив. За децата посебно се плаќа, по дете. Ама ќе ти направат комбинации за да се најдете на среде Прошетај низ игротеките. Битно е и да те бендиса просторот, персоналот..
Realno Lani prv Pat slavevme vo igroteka. Ubavo ne vikam ne odlesnitelno ne mies doma ne se zamaras. 2 saati i tolku. Mladi sme pomodarstvo sekade go prakas sakas i da mu napravis. Realno skapo e oddeluvame od se bar za sebe zboram se custvuvam vinovno Ako ne mu napravam..... Sega godinava ke razmislam podobro e da si gi trgnam za 15 Dena na odmor nego li igroteki. Mislam deka vo mk nemame standard koj saka neka kaze da pravime bas onakvi rodendeni so se vo igroteka, bejbi zabavi ....
Се согласувам ... децата не ни знаат подобро парите на книшка ставај ги за секој роденден па кога ќе порасне факултет ќе плати со тие пари. Народ ќе дојде да јаде да пие за сеир дете болно после секој роденден ...
Јас па не гледам така. Си славиш од мерак и радост за своето дете. Никој со сила не те тера. Ако не сакаш да викаш луѓе, за поблиските дома ќе си славиш. Нема да имаш луѓе за сеир.
И Колорес е јадови Ние стигнавме саат време покасно (а луѓето имаа закуп за 4 саати) од храната имаше само остатоци. Тортата беше со маргарин правена. А Фан Хаус е игротеката во хотел Парк? Ме изненади со ценава зашто ми кажуваше една познаничка нуделе само пакети, најевтиниот бил 500 еу А игротеката е стварно посебна, различна од останатите. Јас незнам што ќе правам за догодина... Два родендена во рок од 10 дена
Вие си знаете, ама јас би во едно, малото ионака ништо нема да разбира, секако дадата на двата ќе е ,,главна,, Фештата на денот на малото, кога и е на дадата мало торте само за вас, во градинка ќе почасти тогаш (мислам иде). Секако однапред ќе и се зборува најразлични приказни зошто е тоа така, дрн дрн да не се увреди
Добра идеја е, незнам што ќе одлучиме до догодина. Но во секој случај малце планот ми го менуваат децата од градинка кои ги каниме секоја година, и нели, си доаѓаат со по еден родител. Па затоа некако маааалце не ми одговара прв роденден на малото во комбинација и со деца од градинката на сестра и
Таа е фан хаус. За другата година таа ќе е. Со цените нивни, толку ќе е роденденот дека нели ништо од надвор не смее. Па ни слатка маса. Колорес јасно кажуваат што има во пакетот. Ти одговара или не. Внук ми славеше и ок беше. Зависи и домаќините што одбрале и за колку платиле. Лесно е да се ругаат игротеките. Затоа и реков на почеток, многу е битно што очекуваме, какви гости имаме и во колку ч роденден славиме. Ако славиме одма после работа, во работен ден, секако треба повеќе храна да планираме. Јас по тоа се водев и храна ми остана. Закуп 4ч имав.
Ти имаат пуштено понуди од таа Фан хаус? Ако имаш да ми пратиш во пп да ги разгледам. За роденденов во Колорес разбрав дека имале нарачано кетеринг за онолку гости колку им биле планирани но откако било сервирано приметиле дека е малку храна.
Мене вака ми кажаа. За 30 гости - 3 топли, 3 ладни даски и 3 пици. Мене ова малку ми се чини. Може нив им се видело таман. Реално дома гости ко ќе ни дојдат повеќе од ова спремаме. Ми дадоа принтан лист. Ќе ѕирнам дали го чувам. Ако го чувам ќе сликам
Јас веќе не знам за големиов каде, 9 ќе прави за некој месец. Класична игротека веќе не им е интересна, лани ок поминавме во игротека што е пола како диско ама ја затвориле. Ми излегуваше на фб реклама за некоја нова во околина на аеродром во која има и нешто како ласер таг ама не ја запамтив и не можам да ја најдам, ако знсе некој на која мислам ве мочам да ми пишете. Ја видов нивата во Лиса центарот убава ми се виде ама пак е класика игротека. Кино не ми се допаѓа како опција, не знам за во капитол кугланата како е. Искрено би му правела и дома да може да си селектира едно 10тина деца, ама он одма реагира дека не можел така другите ќе се лутат и донекаде во право е. Башка немаме плеј стејшн, немаме нинтендо ова она, а на оваа возраст само тоа бараат и мислам дека ќе го демолираат станот ако немаат анимација а јас не знам баш да смислувам анимации. Мислам дека се претерува кај нас ама така ги навикнавме и децава, пријатели што се во странство ќе соберат макс до 10 деца торта, сокчиња, сендвичиња, баш како ние што правевме како деца. И супер си поминуваат. Него @Bozica1980 прашуваше за бамбини пакетите, правел некој таму, има нешто во игротеката како за поголемки деца?