Не знам за нив,но лично јас,од колорес сум многу задоволна и таа што беше во Аеродром а и сега во Карпош,фини девојчиња,супер услуга и нормално океј забава за дечињата.
Женски на кој му треба летна игротека пред некој ден бев на роденден во Пчеличка во Кисела Вода,се наоѓа тука позади Дом за слепи.Многу ме бендиса игротекава дворчето за играње на отворено заградено,со лулашки,реквизити и добри анимации за деца со игри,на кој му треба нека ја ѕирне за летни родендени е топ.
Ако не ве мрзи и знаете, ве молам за листа на игротеки на отворено, со убави дворови. Пчеличка ја знам и ми се свиѓа ама да ѕирнам уште некоја сакам.
Јас лично ја бендисав. Ако немате премногу деца е таман. Има се што треба за играње особено за помали дечиња (топки, лизгалки, качување, тунели). Мене најмногу ми се допадна што беше чиста и средена во делот за децата и тоалетот беше чист (што е баш битно за деца кои немаат пелени). Бевме на роденден во Јуни таму годинава. Имаше околу 15 деца сиет на возрсат 5 и помалку и ич не беше гужва.
Грин хаус не е лоша, ама нема ич сенка кај што играат децата. Имаш и Киндерпарк ама мене не ми е ништо посебно. Е сега не се баш игротеки ама може да се прави роденден во Форца и во тениското кај Александар Палас. Имаат убави простори за деца со различни играчки.
Прашав баш во тие, скапи се, и сите што те обврзуваат со нивна храна се скапи, за два саати си имам кетеринг за упола цена и затоа тие не ми одговараат, а скоро па сите на отворено и со убави дворови, обврзуваат да е со нивна храна. Сепак Пчеличка ќе биде.
Прво тами се јавив, мора со нивна храна а јас си имам кетеринг и сакав само простор, така што отпадна таа опција веднаш, а многу е убаво. @eli25 бевме на роденден таму пролетва, многу убаво ама немам опција ако врне за внатре, многу е бедна внатре игротеката а октомври ми е непредвидлив, плус може да е посвежо таму дури и ако не врне па да испонастинат децава и затоа не.
Bubamara vo taftalidze ja imaat opremeno dosta dobro,brzo bev tamu na rodenden,rekvizitite im se za site godini,ubava slatka tarasicka,ali najbitno e deka decata imaat zabava postojano nesto pravea,a i golema higiena drzat
Женски некој да ми каже искуство за дримленд у влае. Прв пат ке правиме роденден у игротека. Како идат цените? Што со јадење пиење такви ствари? ☺
Ние лани славевме таму. Презадоволна сум. Имаат неколку пакети. Мислам 2500 мкд ние го земавме со простор и цртање и свекиката Оги да дојде или некој друг лик. Пиењето нормални цени. Кетеринг и торта си носиш. Игротеката е убава голема и чиста.
Ми треба инфо каде е игротеката во светот на децата. Најдов на фб, ама дали сифурно е таму. Ми дава позади зебра дека е.