Дали постои игротека каде што ке замупам само просторот и тоа што им е вклучено за деца а јас да сис редам јадење и пиење за возрасни
Во скоро секоја игротека има таква опција. За Дримленд знам сигурно, тие си имаат тарифа за закуп на простор...ако нешто во меѓувреме не се сменило. На нет најди телефон, имаат и веб сајт и прашај си.
За таа не прашав ама другите даваат јадење ама не и пиење да донесеш тоа стрикно од кј нив сакаат Јас сакам да и прославам во игротека заедно со дечиња и да викнам повеке дечиња и да сум обврзана за нив а не за возрасните да ги гоштевам да беше за нив кафана ќе правев
На игротеките реално ќарот за роденденски прослави им е пијачките. Чисто се сомневам дека некој ќе ти дозволи само закуп на простор или ако ти дозволи цената ќе ти биде повисока па секако исто ќе ти дојде. Е сега од друга страна јас не знам дека некој на детски роденден оди баш за да се гоштева обично сите пијат по една пијачка и толку. Барем така е каде што ние одиме и нас што ни доаѓаат. Реално за два саати и нема многу време за гоштевање. Ако не сакаш да гоштеваш возрасни можеш да бараш алтернативни простори пример: ДКЦ, Театар за деца и младинци, кино, Зоолошка, Природонаучен музеј и слично. Зависи од возраста.
Па и не е баш толку скапо. Со клуб картичка е 150 ден карта. За 20 деца, 3000. Класична игротека е далеку поскапо. Ова ако оди во сопствена режија, ама не сум сигурна дали клуб картичката има ограничување на број на деца. Како и да е, не е екстремно скапо, во споредба со paintball каде што цена за едно дете е 800 ден.
Мислам имаше ограничувања, плус нели после торта сечење. Не знам, уште сме мали за тоа и не сум се распрашала прецизно, ова од пријателки што сум слушала. А 800ден од дете е стварно ектремно
Не знам за торта и како им е процедурата. Ако е организирано од киното, сигурно ќе е поскапо. Јас мислев во сопствена режија, собереш деца, платиш карти... Ама ова мислам за поголемки е, над 7,8 години.
Така секако можеш, дури и после да ги седнеш на пица, слаткарница или слично. Ама да, тоа се прави со школски деца, кога си имаат оформен круг на другарчиња.
Ме интересира дали сте изнајмувале маскоти доколку самата игротека не ја нуди таа опција, и од кои сте задоволни?
Здраво предлог игротека за втор роденден. Би имале околу 20 дечиња и 40 возрасни. Првиот роденден го славевме во колорес Карпош задоволни сме, само немаат некако играчки.. Фала ви
Ние славиме неколку години во Деветка во трговскиот Беверли. Има прилично простор за возрасни што мене ми се доаѓа. За помали деца е исто супер има доволно играчки. Исто ми се допадна и игротека Play, таа е ептен нова, чиста и фина за помали деца. НаТеодосиј Гологанов на самата улица е игротеката (во новите згради не знам дали се Импексел или другите ама во тој дел). Само не знам дали има простор за 40 возрасни во зима, ние бевме во лето и се седеше надвор. Порано беше убава и Авантура исто кај Беверли во зградите, ама последно кога бевме сите играчки беа испокршени и прљави. Имаш и Џунгла мислам дека се вика кај гимназијата Ѓорѓи Димитров, пространа игротека и со прилично играчки ама е во сутерен и есенва на два родендени бевме и на двата имаше мирис на канализација од време на време зашто надвор врнеше. Ако мене ме прашаш јас би одела во Деветка или Плеј.
Лично искуство немам, ама гледам на фб, секоја сабота и недела по 4 родендени има во Плеј. Дали е навистина толку добро, незнам. Јас би однела дете да поигра еден саат, да видам како е.
Има некој искуство со игротека Оринџ?Знам дека е мала ама и така нема да имам многу гости.Славел ли некој таму да сподели искуство?
Предлог игротека на отворено за 2+ годинки деца , за во Скопје. Или предлог игротеки од кој сте биле баш задоволни за мали дечиња
@hristinan12 игротека Play во Импексел зградите. Малку е на улица ама е многу многу чиста внатре и е баш како за помали деца. Сега гледам имаат и замоли на дување надвор до игротеката. Кингер Парк надвор е убаво ама за навечер, а внатре е многу голема и е како за поголеми деца и е прљава. ДримЛенд се исто големи ама и тие ми се прљави за мој вкус иако не секогаш.
Грин хаус во близина на парк. Пред некое време бев во Зоолошка, на езерцето има кафич-игротека, баш славеа детски роденден, од страна убаво изгледаше. Сум била во 2 игротеки на Зајчев рид, ама не се сеќавам како се викаа, едната беше баш игротека, другата кафич со дел за помали деца.
Во плеј бев пред некое време го носев син ми со уште едно детенце , а типката што седеше внатре за да ги пази,не ги ни погледна,си играше карти со едно девојче (во цела игротека беа моите 2ца и едно девојче,значи вк 3деца) ,детето ми има 2 години и се лизгаше само од лизгалката и се искрши, се на се ужас услуга , мислам немаше никаква услуга која ни ја пружија,а секако ја наплатија. Не би славела роденден истотака поради небезбедноста што од врата искачаш директно на булевар, заради тоа што детето замалце не ми излета пред кола,не знам како можат да дозволат вратата да е отворена,3 деца не допазија а камоли 10-15.. За другите ќе се распрашам и ќе разгледам. Фала ви во секој случај.