Игротеката околу 8000 (3100 простор и скоро 5000 пијачки), кетеринг 4000. Само кетерингот не ми беше баш погоден, според нив беше предоволен, според мене многу малку. Следна прилика би комбинирала
Кажете некоја игротека за роденден... Авантура нема термини, Светот на децата веќе 100 пати бевме, незнам другиве какви се... Има ли некој позитивно искуство од некоја игротека?
Женски ај хелп. Се ближи роденден, сеуште незнам која игротека да закажам… Искуства некои.. Дримленд аеродром 1,2 Плеј или во Лиса што е?
Jas sum prezadovolna od Deja Vu Capıtol ı ıgroteka ı restoran navıstına odlıcno usluga hrana ıgroteka.. Dva patı slavevme preubavo bese
Јас во јуни ги прашав во вибер (им пишав на инста, оние ми дадоа број), ми пратија ценовник, пиши им, да не го ставам тој, може им се смениле цените од тогаш.
Дримленд позади капитол не. Многу им е прљаво, цигла имаше падната, играчните необновени, девојчето поима немаше да ги заигра децата иако ми беше кажано дека ќе редат чаши, слагалица и 3 диско песни. Само на поголемите им дадоа чаши и слагалици никој не ги заигра. Ич не сум задоволна, ај се на страна ама толку беше прљаво доле на подот ...никогаш не би пак во таа Дримленд
Со цени како се за закуп? Капацитет? Може храна од друго место или мора од ресторанот? Уствари јас и не сум била, игротеката е засебна или се седи во ресторанот?
Јас два пати имам славено еднаш вратре еднаш во надворешниот дел кај игротеката, закуп не се плаќа само храната и пиење се од таму. Плус се добиваа доста жетони за децата за апаратите. Игротеката е засебна надвор но и таму си има маси столици.. Навистина сме биле презадоволни храна услуга врв. и двата пати имавме мислам 10% попуст на цела сметка
Искрено сега постковид многу запуштен ми изгледа делот со игротеката. Баш вчера поминував и прозорите не им се избришани дури. Незнам дали е со закуп, ама ако не е, и ако пуштаат други гости ептен хаотично би било зошто е голем простор. Од мене за сега, особено за оваа возраст не. Можеби кога би биле поголеми заради флиперите. Едит:ако сакаш ќе ти сликнам деновиве на поминување како е конципирано.
Фала ти, најдов веќе кај ќе слави, не ми одговараше, мора закуп да нема деца од надвор и има порции по човек од кај нив, скапо ми е тоа. Него јас мислев рано е и онака на шала барав место, као да видам, кого оно во пола немаше слободен термин за датата
Јас ќе се убацам во муабетов. И јас си викам рано е рано за резервирање… ама изгледа фул се игротекиве. Утре значи да звонам со време да си барам место