Значи конечно сите ќе се опуштиме веќе од ковид . Вие проблем со игротека, ние со летните деца проблем со организација - не работата слаткари, не работи кетеринг, нема аниматори и многу малку дечиња за славење.
Секој со своето Јас дури растев не си го сакав бдејот дека у август, другарка на девојчето 9г со иста мака и го "помести" бдејот од јули во септември, врв ми е ова Па не знам кога ви е, нашиов за месец дена, ама што е сигурно, сигурно резервирај си
па не е до толку. На мали исто средина на август, а оваа година и викенд. Битно најдобрата другарка му беше. Друг пат ќе го правам работен ден, сигурно повеќе деца ќе бидат. Се надевам само второво нема да брза па да излезе меѓу 01-15.01 па пак распуст да фати и тој да нема со кого да слави
Имаш повеќе мениа, се движат од 350 порција до 550 мислам. Можеш да се договориш и само пици ако сакаш да има. По дете се плаќа 100 денари,а ако одбериш некој пакет плус е 150 ( да прават пици, цртање на лице .. такви некој занимации). Ние сме редовни Киндер Парк, а вториот роденден го правевме таму.
Глеј само да не ти го дадат терминот. На другарка моја што си закажа и после тоа отишла капар да остави и рекле терминот е даден... во последен недела едвај најде друга игротека.
Си уплативме ние сега во Дримленд Тафталиџе. Вака ок ни се виде игротека и ни се свиѓа што детскиот дел се гледа од масите кај што ќе седат возрасните. Закуп за 2 саати 2.700 денари. Јадење сам си носиш, пијачки си плаќаш тоа што ќе се испие. Првично сакавме во Киндер Парк ама некако скапи се. Се плаќа по мени од човек ( најевтиното 400 денари најскапото 1000 на тоа плус пиење), за деца 100 денари влез од дете плус на тие се доплаќа 150 за нивно мени со грицки и сокче. Ова ќе ни биде првпат да славиме во игротека, се надевам супер ќе им биде на децата.
Ние бевме во Дримланд на роденден и ми се бендиса искрено. Вториот го правевме во КиндерПарк и сме стварно стални гости ама таа опција со сам носење храна ја нема, вака барем ќе се гостите најадени, напиени, шветската маса кај што бевме им беше супер, заразлика од кај нас што порциите беа скромни за таа сума. Туку, прашање за сите: Маскоти Мини и Мики каде можам да резервирам во Ск? Од сега кажува дека сака торта со Мини, па би сакала да ја изненадат и да и дадат они поклонче.
Фала ти многу Туку, дали некој правел или бил на роденден во Дримланд Аеродром 2? Како ви се гледа? Чиста ли е? Имаме уште два месеци до роденден ама да почниме да браме игротека со побреме сакаме.
Ако е таа кај бебе хоум, сум била на роденден и искрено воопшто не ми се допадна. Голем простор со премалку играчки, услуга така-така, сред лето на 45°С клима немаа пуштено.
Резервирај со време, јас 1,5м кога на "шала" почнав да вртам, ај како да видам, во некои немаше термин за денот А бош ден, не е ни викенд. Дримленд општо ги бие глас дека се многу прљави игротеките и услуга никаква, деца никој не пази. Ама да сум била не, така да оди види, ама знам и поназад пишуваа истото, прелистај неколку страни наназад ќе најдеш.
За чување никаде искрено не ги чуваат. Ние бевме лани во таа Влае и не памтам искрено дали беше чиста ама ми се свиѓаше тоа што си носеа свое јадење. Искрено сега не знам во која да гледам да закажеме.. пред некок ден бевме Плеј ама малечка ми е некако.
Чиста е игротеката но вработените воопшто не се замараат за децата. Нит да ги пазат,нит да ги анимираат. Роденденот беше до 21и30,они уште во 21 почнаа да собираат. Пикнати во шанк да ти е непријатно да нарачаш пијачка. Ние правевме во Бајка и задоволни сме.
Ние бевме во саботата во дримленд алумина, и искрено ич не ми се допадна. Значи кафињата беа полоши од 3во1, ги носеа за буквално 3 секунди(сигурно им беа направени предходно или само кафе попарено со вода). Едната ја мрзеше да дише, и побарав нешто за да забришам зошто ќерка ми истури сок, ми даде поглед ко да ќе ме убие, и грубо ми даде салфетки во рака, избришав се враќам да и дадам да ги фрли, пак истиот поглед и ги зема со страшно гадење ко мислиш г*мна и даваш. Чорапките на малава и беа црни, значи црни црни, не сиви, не замачкани, туку баш црни, за нецели два саати. Што значи внатре во игротеката никад не е исчистено. Многу лоша услуга, многу. Плеј е ок, два пати сме биле, ама е многуу мала. Во авантура беше со татко и, така да не можам мое мислење да кажам, другиве викаат дека нема баш место за возрасни. Е џунгла ни е врв, на сите од група од градинка па повеќето слават таму. Во моментов не ми текнува каде уште сме биле. А да и во лиса, општо може е ок, ама не ми се допадна што торта дадоа у стаклени тањири на децата, нормално на едно му падна, се скрши, се извади дете од памет. Не видов некој да дојде да собере дур јас бев тука. Малце ми беа спори за носење на торта на децата, па и за тоа имаше плачки. Како и да е, децата секаде си поминуваат супер. А тоа е најбитно.
Пошо слики нешто на Инстарам немаат, а од 16ч се со родендени, никако да најдеме време да ја ѕирниме во живо. Кажи ми, дали е повеќе наменета за помали деца или и за поголеми? Дали има нешто кај што би можеле да се качуваат/тобоган?
Па искрено имаше повеќе играчки за поголеми од 2-3год нагоре. Имаше некои мали камиончиња,делови од кујна,нешто од алат за помали