Мајки дали знаете некој ресторан или хотел во кој има игротека (од затворен тип)? Бевме во Кавадарци на роденден во Ангро Кидс и преубаво поминавме. Па барам нешто слично во Скопје
Си закажавме денес роденден за во Бајка, вака ок ми се виде внатре, делот со анимации им е интересен, па ќе видиме како ќе си поминиме. Кетеринг од каде нарачувате? За свадбата имале кај маж ми од кај Биберче нарачано, па сега гледам имаат и за детски родендени според тема ги прават јадењата. Другу ваши препораки?
Искуство со Биг Бенг во Лиса? Сакам да закажам за трети роденден, дали има реквизити, анимации..цени..се што ќе ви текне
Игротеката врв, нема поубава, ама скапо, прескапо Со мени е и мора од таму, имаш и за возрасните и деца, по човек идат, пијачките башка и се со "најновите" цени. Само за игротеката да биде само ваша, без деца од надвор се плаќа 5.000ден. Јави се, ќе ти пратат менијата на Вибер.
Мене не ми оставив впечаток. Има пишувано. Организација хаос. Јадење оскудно. На вкус не ми се допадна, само пицата ми беше ок. На децата торта им принесоа у порцелански тањири, едвај поделија на сите, па имаше плачки, па мораш да ургираш за да добие дете торта. Едно дете нормално скрши тањир, од памет се извади, плачеше, не видов никој да дојде да смете собере, родителиве шо беа тука само ги тргнаа децата.
Ако сакаш хартија/пластика тањир треба да си донесеш, може рече и они може да набават, но чим не донеле значи они мораат да сервираат во нешто.. Баш те прочитав тогаш и прашав
@Bubish26 Која цена е за изнајмување? Вака што ги разгледувам на интернет со слики најубав впечаток ми остави оваа игротека. Имаат опција кетерингот да е од друго место од кај нив само пиење така? Баш сподели искуство кога ќе помине роденденот на малата.
Роденденот е тек за месец дена ама ние закажавме порано, баш сабота и се паѓа ова година и сакавме да си имаме сигурно за тој датум. 2900 е основната понуда и таа е сосема доволна, кетеринг имаш опција да земеш од Хотел Русиа или да си донесиш од каде сакаш.
Има ли некоја мајка што славела роденден на детенцето во jungle kids или во дримленд во влае, да ми каже искуства, најмногу ме интересира дали се пространи игротеките, со оглед што ќе имаме околу 20 дечиња.
Сум била на роденден скоро во jungle и баш е голема, имаа 20 деца и 50 возрасни на роденден покането, стварно има место.
Не знам зошто си реков годинава да не брзам, има време . Плеј, Авантура, Бајка, Киндер парк... нема место. Биг Бенг чекам понуда ако ми пратат и Џангл кидс кај што сака синко е слободно. Мене во џангл некако не ми се допаѓаше, ептен некако разлеани гостите на сите страни а и темна ми беше. Он најинтересно си помина со тоа јажето . Во светот на децата исто има место ама некако многу иритантен ми е човекот . Искуство во овие две и предлог за друга?
Многу праат и во џамбо таа игротеката.. јас би од тие опции во џунгла, пишав погоре дека бевме на роденден и ми се бендиса, да разделени се некако гостите ама ние бевме сместени кај што се знаеме сите и баш со другиот дел воопштп не се замарав, а и шо има кога не ги знам. Ние во Бајка резервиравме средина на ноември, а роденден јануар.
Има една нова отворена сега Тафталиџе, во близина на Плеј и Дрим Парти, не е нешто голема, ама е нова и чиста. Таму гарант би имало место оти не е уште толку позната.
Да ве прашам во овие игротеки може ли така да се отиде без роденден? Во работен ден или викенд.. Има ли некоја кај што може да се испие некое кафе а децата да си поиграат? Не многу далеку од Карпош 1 би било идеално...
Тешко, резервирани се за родендени претежно, јави се само и прашај, можеш во Киндер Парк да одиш они и да имаат роденден не затвараат за други гости, таа во Еадт Гате и во Капитол, Рамстор мислам имаше Дримленд. Друго се е тешко