Mislam deka sega peeiodov voopsto ne raboti,eventualno na zakazani rodendeni i jas mislam deka e preskapo i te obvrzuvaat od restoranot da zemes hrana koj mkmentalno i toj ne raboti.
Gi razgledav, uspat i vo avantura na rodenden bevme. Se resivme za mojot svet deka detevo mn pesokot go saka. A od gorenavedenivr samo mojot svet i avantura mi se za deca ovaa vozrast 2-3...drugitr nekako ko za pogolemi decinja mi bea. Na kraj kraeva na slavenickata nek i e zabavno za dr ne im se sekiram bas
И ние славевме сега 2 роденден пред еден месец во Мојот свет,убаво поминавме имавме околу 10 деца сите на различна возраст од 1 до 8 год,моиве од песокот не излегоа
Паа добро, пример на мојава и се досадни тие, сака да скока по транболини, да секачува секаде.. многу сака песок и во мојот свет само во песокот играше ама друго и беше се досадно, и Авантура исто така. Иначе исто тогап беше 2 години кога бебме Авантура, аа сега на 3 мојот свет. Крај краева шо викаш и на твоето кај му е интересно таму.
Здраво. Некој искуство да не има со роденден во зоолошка? Инаку лани ни беше роденденот Во мојот свет, топла препорака.
Здраво, дали може да ми предложите некоја игротека во околината на ѓорче, влае или хром. Нови сме таму и уште не го познаваме просторот
Во игротеката во Лиса центарот имаат свои менија/ кетеринг или се плаќаат само пијачките, а за храна сами се организирате? Исто така дали се најмува целиот простор или ко у Киндерпарк може да има и други посетители во истиот термин?
Имаат менија за храната без пијачки. Може да се изнајми и целата игротека само за вас, без надворешни гости.
Ве молам за препорака за доволно голема игротека во (околината на) Аеродром за 25 деца. Мојот свет ептен ми се свиѓа ама мислам дека е премала за таа бројка И да не е Бајка- не ми се свиѓа што е непрегледна и со собички;
Дримленд Аеродром 2 - позади тобако 2, таму славевме и во ред беше и услуга, не беше скапо во однос на пијачките што мора да се од таму, чисто беше. Во однос на анимација од страна на вработените, се обидоа демек да ги седнат на масичката да бојат, редат слагалици ама не успејаа пошто мали ни беа и гостите и славеникот - 2/3 години и сакаа да трчаат и да си играат. Возрасни имавме 30+ луѓе така што собира.
Ние кога бевме на роденден воопшто не ги анимираа децата. Не само што не ги анимираа, туку не ги ни пазеа внатре кај играчките. Имаше деца што се тегнеа за играчка,помали деца што може да се повредат. А масите за возрасни од делот за играње се навистина оддалечени. Едно време им текна ги седнаа на маса за редење сложувалки, сите деца ги наредија и толку беше од анимација. Беа 3 вработени, цел роденден го преседоа на шанк. Да нарачаш пијачка требаше сам да одиш на шанк,а како гостин малку е непријатно. Потоа половина час пред да заврши роденденот почнаа да собираат и храна и пијалоци од масите,па ништо друго не ни преостана освен да си одиме.
Ние генерално имаме позитивно искуство, шетаа по маси и прашуваа за пијачки, носеа торта итн. Внатре децата ги пазеше 1 вработена - ги туркаше во количките, сликаше, одеше во лавиринтот со нив, а другите две беа едната на шанк, другата по маси да прашува гости.
Мајки препорака за детски роденден за аниматор само да не е маскота. Полниме три години и сакаме аниматор