знам дека има многу низ темава пишувано, нешто и разлистав ... но сепак ќе ми биде многу од помош да ми предложите игротека за втор роденден, кај што би биле многу малце деца на иста возраст, значи се работи за деца до 2 години... вкупно ни искачаат 4 деца само и доста возрасни, ама сепак би сакала да е игротека или некоја комбинација???
Да не претерам ама мислам дека вкупно 3 има во Скопјево игротеки со место за возрасни, Биг Банг во Лиса, таа во парк и на првомајска не ми текнува како се викаа. Зошто не видиш дали има аниматор кој може да ги занимава/игра децата со активности што ти би ги зела, боење, сликовници, книги, стикери, балони. Мене ми фаќа око kidly игротеката, не знам дали прават родендени, ама ми е совршена за таа возраст поготово па за помалку дечиња.
многу е убава, ама не знам дали прават родендени, иначе ја пикирав Киндерленд, поише е за возрасни и мал дел игротека
Sunshine во Автокоманда. Има место за возрасни, малечка е. Дечињата одма се гледаат и од надворешниот дел и од внатрешниот за возрасни. Најди ја на Фб. Имаат и океј понуди со кетеринг нивни и неограничен пијалок.
Мајки предлог игротека за 3ти роденден? Центар ,Тафталиџе или Карпош. Аеродром ни е далеку. Сме биле до сега Дримленд и Плеј 1. Од прилика за 15 деца и 30 возрасни
Карпош имаш 2 сега една се отвори на 20ти во ГарденИнн FunTime и Киндерленд али повеќе би ти ја препорачала Фан тајм зошто нема животни внатре не е пет френдли, за разлика од Киндерленд каде што секојдневно се шетаат улични мачки и луѓе со кучиња си влагаат внатре. Авантура ти е добра, а можеш и плеј2.
А кажи ми споредба меѓу плеј 1 и 2 ? Се разбира ако си била во двете . Или евентуално некој друг зошто плеј 1 ептен ми се допадна.
Плеј2 има лизгалка голема со топчиња и плус како видео има на самата лизгалка. Малце е помала ама ѕирни ја може ќе ти се допадне
Kidobar е преубава игротека се наоѓа во Влае во зградите на фабрика Карпош-Александрија ние славевме и лани и годинава за детето. Пред се е чисто убаво голема прекрасна тераса можеш да ѕирнеш слики на инстаграм #kidobarbykinderlend. Постојано е со родендени кога нема објавуваат на инстаграм а и тогаш е фул. Ти ја препорачувам зашто е преубав амбиент и за возрасни и за дечињата. Не се наплаќа за играње на децата Отидете еднаш ќе се уверите А и најдобро кафенце има право уживање !
Беше порано, а сега кога стана пет френдли извини ама не може да биде најчиста игроотека. Се знае каде се носат деца, а каде животни малце е ту мач. Порано беше океј и можеше раат да седнеш да испиеш кафе, сега и не баш.
Мене па Плеј 2 ми се виде поголема од Плеј 1. Баш вчера ја капарисав Плеј 1 и тоа за крај на Ноември едвај термин, ама некако сеа се мислам мала да не е делот за гости .. Како и да е многу ми се свиѓаат и двете.
Ние бевме за Н да си игра. Реално според мене е за помали од нашиве деца. Башка не ми е јасно за шо толку скапо, кога поќе занимација имаат дома децава. Жими песокон и една лизгалка.
За Ловли ова? Не ми е ни мене нешто вау, куп небезбедни ствари приметив, пример лизгалката е многу надоле, со многу малку топчиња, ни мека подлога нема. Таргет им е до кај 5г максимум, за поголеми не е, за многу мали па ич со толку дрво. Чисто, ново, пространо, средено, ама пак ми е ту мач 100е само за простор, грицка и сокче.
Здраво, дали можеби имате предлог за игротека за 6 роденден со околу 20 деца, скоро сите се на таа возраст во реон на Аеродром или евентуално Гази Баба. Ви благодарам.
Ано ти си Капитол човек Си била во игротека и кугланата горе? Добра е за 5 ти роденден? Секој ден гледам прават родендени па се мислам таму да правиме.
Игротека? Па јас колку што знам таа карши кугланата ја затворија одамна. Додуша не сум се качила горе нешто ново да не има. Инаку ако мислиш баш на кугланата, снаа ми не беше задоволна. Намерно им ги затвораа лентите за куглање, анимација никаква на крај мораше ургентно да вика аниматор зошто децата збеснаа. Ама ако има нова игротека не сум била и не знам .