@24.07 Таа кај здравствен дом што е(уред). Во уличката карши бензиската макпетрол. Бамби мислам се викаше ама не сум сигурна за името. Сестра ми таму славеа, имаа маскота за роденденот платена од игротеката, слики со апарат, и сокчиња сето за 1500. Епа мислам дека е добра цената.
Мами, кажете ми дали за 20возрасни и неколку дечиња се исплати 13.500 да се даде? Има 2пици,2даски, 1кифли, за деца сокче и грицки и неограничено пиење? Ова за Бедрум се однесува. И дај кажете обично колку ви искача за 20луѓе роденден
Мене ми беше супер, дете се изнаигра, ние уживавме, храната како и сегде иста, пијалок колку сакаш, убава атмосфера и топличко беше. Услугата е крш ама најмала декорација, и јас се мислам за таму ама немам поима дали е скапо или не, незнам колку излегува на друго место
Истата дилема ја имав и јас за овој роденден. Имав многу возрасни а неколку дечиња. Закажав па откажав игротека Дома поминавме одлично. Три дечиња и 10тина возрасни на по една пијачка, кафе и торта. Деца се изнаигра ние си се видовме.
Оф ми здосади дома гости да имам, спремај,чисти,сецкај,трчи сто пати по продавници, после гости пак чисти, средувај, немам сила искрено, сакам да одам и се да ми биде спремно и дома на чисто и средено да си се вратам и да си легнам, башка повеќе луѓе сакаме годинава, лани дома славевме прв роденден
Имаше кај 40возрасни и 25деца. За пијачки платив нешто помалку од 14.000ден. Храна од дома и се ме кошташе +/- 7.000ден. Простор не платив. Кенди маса имав па таму беа грицките, мада сите знаеме големо кесе смоки, соленки, пукнаки колку чини, максимум 200ден ќе дадеш. Е сега види на тоа дека и за 200е ќе идеш како гостинка, со ништо не би се замарала, што знам дали ти е многу или малку, се ставиле на сметка секако. Дома ич не се лажи да правиш.
Ништо не земав од кај нив, ниту еден пакет, имав сметка над 6.000ден мислам им е таргетот и платив само за пијачки. Само простор без разлика на пијачки, пакети не се наплаќа кај нив. Не, Бајка.
Па не си платила малце, една мајка од градинка баш сега ми кажуваше дека за 34 гости платила 8500 у Бајка. Голема разлика некако, шо знам
Зависи дали имале отворено мени, можеш да го ограничиш. Скако и дали се пијачи луѓето Мене "евтино" ми дојде, лани помалку бевме, а исто платив, ама се пиеја коктели и јас пиев
Истото ја прашав и јас, ми рече дека не ограничиле и дека нејзиново друштво пиело сите џин-тоници и као неа и дошло скапо. Јас прв пат ќе правам роденден вака па неам претстава како се цените и што е скапо. Ма да, се зависи колку ќе се испие
Ние правевме во Плеј минатата недела. 40тина возрасни плус 20тина деца плативме околу 11.000 за пиење, закуп на просторот 3.700. Искрено не ми се свиѓаше што во делот за децата тоа што збореа демек од нив дека има грицки беше преоскудно шака смоки и чипс а јадење пици такви работи ништо немаа поставено. За сокчиња не знам колку имаше пошто децата повеќе беа растрчани не седеа нешто многу. Игротеката ми се свиѓаше иако делот за седење за возрасни р малце кнап и набиен за таа бројка јас што ја имав.
И јас ќе ја имам таа бројка на деца и возрасни. Сегде игротекиве се или мали или пак не се соодветни за нашата возраст (2 годинки полниме и горе-доле сите деца ни се врсници). Утре планиравме капар да оставиме ама ако викаш дека е пренабиено за 40 гости, шо знам да ја видам Авантура ако не. Толку игротеки видов, више стварно незз шо да правам. А бтв, имаа пишано дека понудата е 3500 а не 3700. Wtf им е сеа со тие 200 ден плус? Не е wow разликата, ама нека си кажат точно колку е.
Може и ја да сум грешка за тие 200денари на толку пари дадени Иначе да некако збиено беше, имаше за сите за седење ама малце у врат си дишевме Авантура ми е уште потесен и позбиен делот за возрасни не би ја одбрала за 40 возрасни.
Не знаев дека може ништо да не се земе, т.е ниеден пакет. Ние го имавме основниот 2900ден, во тоа влегуваше анимација (добивме само рам сам сам) сликање (околу 50-60 слики) и покани ,не дека ни беа неопходни,побаравме неколку за мерак на малиот да покани гости. Пиењето кај нас фати 10 000ден (40 возрасни-меѓу кои 4 тинејџери) и 20 деца. На фискалната гледам 33 тетрапак сокчиња искуцани,кој ќе води ред дали се вистина толку Нашиве гости воглавно пиеле по две пијачки,од кои најчесто кафе и сок. И ние ограничивме мени,од жестоки само шток и џин пиеле. Едит: да знаев дека може да не се земе воопшто ниеден пакет немаше да земам,за тие пари ќе платев аниматор со фул анимација. И вие имавте аниматор така? Вработените ги надгледуваа ли децата барем од безбедносен аспект?
Добив вкупно 408слики. Имав аниматор, децата беа стварно убаво анимирани, пред се договорив и што сакам да прават. Нивните две девојчиња беа и сувишни, па се шуткаа, ете сликале . Лани немав аниматор, дупло и помалку деца имав, помали и двете девојчиња ништо не ни можеа да прават, ни па рам сам дам, само трчеа по нив да не се потепаат Ни лани имав земено некој пакет, само пијачки и тогаш платив.
Емка ти ова со врски нешто . Ние лани таму правевме. Не памтам колку плативме за пијачките ама си плативме за изнајмување, немаше друга опција @bybeDkid Lovely ја виде?