Дечки, кажете добра игротека за втор роденден во Аеродром? П.С. дали има некој славено во Magic House, и ако да, искуства?
Катастрофа. Бев летово на роденден таму, искрено мизерно ми изгледаше. Мала и оскудно опремена. Од персоналот никој не ме послужи а кога отидов сама да си зеам сок од шанк, вработената ме погледна ко бубрег да сум и побарала. Никогаш не би славела роденден таму.
Lovely playground, бев на роденден и океј беше местото, убаво средено и за децата и за возрасните. А во Magic house, сеа се сетив, да, и таму сум била, и како што кажа членката, катастрофа е, мало, тесно некако безвезе, не личи на игротека тоа.
Какво ви е искуството со игротека Том и Џери некаде пред Влае таа што е? Ул Мраморец, да не има и друга со исто име, на оваа мислам.
Никако викаат дека е прљава како депонија дека е како што е направено не е пипнато да средат. Таму ти е фан тајм во александрија и киндерленд.
Поминав пред некој ден не беше прљаво, ама некако ладно беше, таа вика не греам преку ден, демек после 4 попладне
Ако си во можност.. Појди лично и види како е внатре. Едно е тоа што другите го пишуваме, а друго е кога сама ќе ги видиш условите. Јас во игротека не сум славела роденден, ама сум одела кај блиски. Не сум задоволна од Дримленд (кај Алумина). Беше нечисто и прашина имаше.
Видов, бев, ама немаше роденден моментот. Беше ладно, таа вика после 3,4 уклучувам, ајде логично, ама да е така. Прљаво не беше, тесно да, ама за нас доста. Пристапни цените и обезбеден паркинг
Мајки има некоја што може да сподели искуство за Sunshine во Автокоманда? Да сте славеле или да сте биле таму на роденден?