Препорака за игротека каде треба да бидат повеќе возрасни отколку деца? По можност отворено? И кои се нормални цени? Ништо не знам
Правел некој роденден во Меџик хаус во лисиче,спроти џевахир? Како се со цени,простор,персонал? Лани правевме во Бајка ама сега сакам да смениме Или пак Мојот свет на тобако како е?
Ние не сме правеле ама сме биле на роденден. Лани просторот не беше ништо посебно, ама гледам годинава е реновиран. Вон тоа, мноооогу позитивен впечаток од посветеноста на девојчињата. Подеднакво со анимација на децатадиско/ цртање/ игри и внимание… Плус надвор има дворче за возрасните. Роденденот беше летен па мене ми остави супер впечаток. Во мојот свет исто сме биле и исто многу ми се допадна. Просторот е за помалку дечиња/ возрасни ама девојчињата и таму беа прекрасни. Инаку, не е дека ми се ниски критериумите за вработените во игротеките, туку конкретно овие две баш ми имаат оставено најубав впечаток од тој аспект. Туку, дали некој има нарачувано кетеринг за роденден од grillandgarden? Ми излезе реклама со нивна понуда и скроз пристојни ми се видоа цените во споредба со соте други.
Ние нарачавме од грил енд гарден кетеринг ама роденденот е дури за месец дена , од игротеката ни ги препорачаа, соработувале со нив. Инаку мое мислење единствено што не ми се свиѓа во мојот свет е што сите маси за седење се пушална и не се дише а и споено е со игротеката и децата поминуваат од таму. @Lea.Messi
Ние таму закажавме роденден а сме биле вака на играње. Сега за сега се е убаво дека се е ново и има доста играчки а и има обично една од девојките кај децата и ги пази.
Здраво, сакаме вториот роденден на малата да и го славиме во игротека. Сега малце глупи прашања. Бидејќи не сум била на роденден во игротека и не знам како одат тие работи ако може некој да одвои време и да ми појасни, би му била благодарна Ќе бидеме од прилика 25 луѓе од кои 7,8 дечиња. Се плаќа закуп за локалот? За јадење како е, со оглед дека ќе има возрасни. Само пијачка се дава или? Ајде за дечињата може пици да порачаме. Ама за возрасните ? И дали правите нешто декорација со балони кај тортата што ќе биде?
Обично се откупува просторот со термин за 2 саати и тука ти спаѓа обично сокчиња за децата, некаде и грицки а за возрасните се плаќаат посебно пијачките. За храна дозволуваат што сакаш и за торта исто. Ние кај што ќе славиме соработуваат со кетеринг, погоре пишав.Јас за декорација оваа година не правам балони, планирам една 2ка со хелиум само и така да не ми зафаќа од просторот.
Не сум била ни во меџик ни во мој свет ама закажав за во меџик,сепак крај на јуни веќе е топло и може надвор да се седи И јас најверојатно од тој кетеринг ќе нарачам,бидејќи за недела ми треба
Колку време однапред закажувате во игротека? Првпат правиме роденден во игротека и многу не ми е јасно. Од мал град сме имаме две игротеки ама скоро секогаш има родендени. На 09ти јули е роденденот. И дали канивте деца од градинка? Роднини неколку деца имаме само, не за да бројка потполниме туку има и дечиња од градинка што сака и си игра со нив таму. Како каните? Им давате на учителките покани и тие ги ставаат во ранчето на децата?
Во Скопје месец ипол пред роденденот закажав, ама дека е во јануари, па морав уште пред празниците да се организирам. Од градинка каневме годинава, во групата на вибер пуштив покана. Така сите си прават, недела до две пред роденденот се испраќа за да може да си планираме да дојдеме, од 3тите родендени почнаа да канат сите. Некогаш на денот кога части детето во градинка, плус даваат физичка покана, ама тоа е ретко.
За оваа недела или ден недела? Ако е за скоро, те молам ако не ти е проблем да споделиш после впечатоци
Одлична е за летни родендени на отворено. Не сме славеле, ама сум била на роденден и надвор и внатре, мене многу ми се допаѓа. Прв избор ми беше за роденденот на малата во јануари, ама тогаш се реновираше и не работеа.
Здраво, искуство некој да сподели од Пчеличка во Кисела Вода?[/QUOTE] За големиот сме славеле таму роденден, во јуни, супер беше, има голем двор со реквизити за надвор и внатрешен дел, имаше 1 девојка што ги анимираше внатре. Се на се, задоволни сме од таму. А јас сакам да прашам што мислите за фиеста во к.вода, често ми излегува на фб. Нашиот роденден е во најжешкото.