Резервирав роденден во Лавли и нарачав кетеринг од grillandgarden, ама не ги прашав ни едните ни другите дали имаат прибор за послужување. Да не знае некој случајно? не можам да ги добијам на тел, а ќе изумам на крај Дел од игротеките имаат прибор само за торта, не знам како е ваму.
Имаат лавли прибор. @Sofi.ja славеа две години по ред во Авантура кумашините. Супер анимација има за децата таму, ич не ги мислиш, нема потреба ни од аниматор. Мене едино ми пречи што 10+ години е игротеката, немаат обновено играчки и доста се скршени.
Ќе ја видиме за дневна игра. А на фб ми излезе игротека Вондерленд,во пегла зградата во Кисела вода биле. Бил некој таму?
@Sofi.ja не знам за колку луѓе ви треба, амс види ја Планета Среќа, во Ново Лисиче е. Малечка е, ама има многу супер играчки. Децава од градинка 5 годишни се изнаиграа пред некој ден на роденден
Ние да. Игротеката не е лоша, имавме многу помош од вработените и за местење и многу се ангажираа околу децата, но зависи колку сте возрасни. Делот за возрасни е тесен ние бевме 15тина возрасни па беше комотно. Сега и надвор може да седите. Пијалок од таму имате носиш само храна и торта. Слики ни пратија на маил.
До сега сум зимала кетеринг од Дрмун. Грил енд гарден пробал некој? Ме интересира споредба некој што ги пробал двата ако има
И мене ме интересира. Во Авантура 3.700 не вреди за тие пари. Внатре е тесно за седење , надвор не ги збира сите. Сакавме Бајка ама сепак ми доаѓа за поголемки деца. Па се мислиме и ние каде. Мене Планета и Тој & Џој не ми се допаѓаат, нема воопшто играчки. Во Lovely не планирам 100 евра да ги фрлам за закуп , за два саати, се занеле. Нест ни беше исто опција , ама да плаќам закуп за 2 саати и плус да имам други луѓе отстрана , не фала. @Трепетлика а Мојот свет имаше дел надвор за седење? Зимата бевме и не се сеќавам. Колку е закуп?
Да се убацам јас, сега скоро закажувавме роденден и прашував. Во мојот свет е 3700 закуп и цело е надвор за седење на возразните како стакларник. Некако ми се виде дека нема многу маси а и цело е зачадено пушална, отворена е вратата и се влегува и внатре кај децата.
Па искрено не би . Штета девојчињата баш се посветени на децата, мора некако да го решат тој проблем бар да поделат пола пушална пола не.
Да, исто и ајкос кога пушат во затворени игротеки. Тоа ни се случи во К.Вода во една игротека на роденден и ептен мирисаше
Овој што е у близина на Френдс кафичот. Иначе ја поучена од предходната година капарисав месец ипол унапред така нешто. Мене за оваа год у план ми е онаа киндерленд или џунгла пошо маж џунгла ептен ја бендиса. Здравје има време до ноември.
Исто во Тафталиџе. Пиши на гугл Џунгла ќе ти отвори одма. Ако ти е роденденот сеа лето има убава тераса за луѓенца надвор да си седат и доста е пространа.