@Tiny Love пчеличка има доволно простор, од она што сум идела по родендени. Посебно е убав надворешниот дел, ама за јадење не знам како стојат. Обично тие што правеле си носеле/нарачувале јадење.
@Tiny Love имаат и затворен, ама не знам колкав им е, плус простор за децата. Најдобро прашај си дали собира толку.
Ние 4 години славиме по ред во Пчеличка. Ние имавме 60 возрасни и 25 деца и се беше комотно, не се чуствуваше гужва. А сестра ми славеше внатре и доста просторно е. Цените се ок, ние си носевме храна а они ни ја сервираа.
Дали имате предлог за фотограф за роденден кој има некоја нормална цена? Сепак се работи за 3 роденден, за 1 роденден плативме поскап фотограф, сега ми треба само да имаме по некој спомен, а не да замарам гости да не сликаат. Благодарам однапред
Здраво , за која игротека се одлучивте , нас ни е во август уште не знам каде што.... исто ќе полниме 2 , и тој реон ни одговара
И јас сакав нест ама некако се предомислувам , во која плеј ? 1 или 2 кај олимпико ? Како сте задоволни и мене таа ми е втора опција
Имате некои понуди од плау што вклучува во цената? 1 мене лично ми е поубава а пособро плау него нест мали се за нест…
Мојот свет дали е соодветна за 2 годишни деца, или повеќе е за поголеми? Ќе одиме да ја видиме деновиве, ама многу убави коментари има по форумот па ме интересира и која е цената ако знаете?