За тој зборам, 2 пати сум била на роденден, два пати истото катастрофално искуство. Незз како воопшто опстојуваат со таа услуга и тие реквизити стари 20 год.
Ние прв роденден славевме во игротека и искрено не требаше. Сите дечиња беа на таа возраст од прилика, повеќето не ни одеа, ништо од тоа не им беше интересно. Зависи колкави ви се децата што ќе ги поканите. Од игротеки мене лично ми се допаѓаат Плеј, Мојот свет, Wow Land, Happy Kids. Сите се со различен капацитет за гости и понуди. Но за прв, би правела повеќе во кафана/ресторан. Дион Аеродром ви е убава опција, имаат игротека во самиот ресторан. Само што не им е воопшто организирано за родендени, во игротеката влегуваат деца што си се тука во ресторанот ко гости, зборам за големи деца и тука може да ги потепаат маливе, ќе мора многу да внимавате.
Ние закажавме во Плеј 1 на Теодосиј Гологанов игротеката Терминиве ко луди им одат. За 1ви декември уште 2 имаат слободни Ќе споделам како сме прошле
Ние славевме на малата , искрено ми се допадна зошто немавме мн дечиња ама и сметката на крај Ок беа и девојчињата храна ние си носевме. @apple12 сега славеше сестра ми на малата таму,игротеката е пространа , чиста , девојчињата не се љубезни, делот за седење на возрасни е ужасно мал и тесен
Аууу Јас имав околу 30 возрасни тука некаде и ние плативме .Вода носеа флаширана на сите дечиња , ај тоа ама кога видов во делот за пијачките мислам дека поштено не искрадоа
Да ти кажам баш се мислев за Нест за роденден да си планирам,ама после муабетов,тешко.Tnx за споделеното.
Ако едни украле апла, којзнае колку украле што не приметиле, или ги украле помалку па не чувствувале потреба јавно да се жалат. Башка примеров какви бројки кажува, лудо е да мислиш дека нема да ти прават лоша реклама после тоа. Едино ако некој вработен се занел со крадење, а игротеката не е во тек, ама тоа само ако немало фискална на крај.
Нас не покрадоа, кога спомнав на другарки таму што славеа испадна дека сите се покрадени убаво, враќав филм по маси, 80% пиеа кафе и вода само а сметката како да седеле во кафана и се гостеле со саати
Значи исто, кога им кажав на едни пријатели што пола година пред тоа правеа роденден, ми вика абе и мене ми се виде голема сметката ама ај си викам се запил некој, не ја ни погледнав.
Ја и кажав на газдарицата кога ми се јави да се оправа. Викам ако бе расправај се, ќе ве изрекламирам на Фемина кај мамичките и на цела градинка 30 деца. Ако е на форум сигурно ќе и текне која сум
Алал да ти е. За такви само така. Како мислат да работат на долг рок на ваков начин не ми е јасно... Еве од тука само колку потенцијални клиенти испуштија. На крајот они губат...