Kinder Park се со менија како на свадба од 600 ден па нагоре без вклучен пијалок за возрасни и 200 денари за деца.
Здраво. Може не е за во темава, но предложете игротека во моловите каде може да ги однесеме денес децава да поиграат да има и храна...
Dream zone во Дајмонд и во Веро Џамбо има игротека во цел еден дел. Има за мали деца и интерактивна со екрани и слично во друг дел.
Од Wowland искуство? Гледам некои од вас закажаа родендени таму, па пишете како сте поминале Јас сакав во Плеј, они ми се проверени, ама со тоа вртелешката што ја ставиле ќе нема децата кај да се свртат, многу е се некако набиено. Wowland ми е многу убава, само да не крадат на пијачки.
Ние бевме пред некој недела на роденден. Не знам колкави деца ќе имаш на роденден ама мојава со 3 години не можеше да стигне до тобоганот. Три спрата за качување, јажиња,мостови ....за толку мали деца тој дел не. Се изнервира мојата ама па има супер играчки доле да се занимаваат помалите.
Денес бев да ја видам и да видам какви опции имаат за роденден. Се откажав од причина што дете ќе ми прави 2 години, а игротеката не нуди активности за таа возраст. За 3+ е убава. Ако сте поголеми можеш да ја имаш во предвид. 5000 денари им е закуп
И јас планирав да ја посетиме деновиве, ја имав во предвид за 2 роденден ама со твоево искуство се предомислувам. За Киндер Парк мене ми кажаа дека било најскапа опција пошо е со мени по човек и за возрасни и за деца без пијалоци, а јас со 40 возрасни ѓавол ипол ќе ме кошта. Ако најдеш нешто соодветно или ако некоја мајка има некој предлог за 2 роденден ве молам споделете. Инаку јас сум била во Плеј на гологанов ама не ми е соодветна за 2 роденден малиот си играше само во топките и со една количка друго се беше за качување лизгање.