И јас за 3ти и закажав. Би имале ние додуша и поголеми дечиња неколку. Мојава секако по игротеки не оди по тие за пентарење, ама кога бевме ние на роденден ок им беа играчките, дали до нашиот роденден ќе останат читави ќе видиме. Мене ми се свиѓаше и персоналот и тој ако не се смени до роденденот
Сме биле гости, мене ми се допадна игротеката. Нова, голема, пространа има реквизити и за помали и за поголеми деца.
За 2 е најзафркнато. Лани во Плеј славевме втор, на синко му беше интересно, се пентареше, скокаше на трамболината, ама годинава со тоа вртелешеката зафркнаа работа. Кај беше кнап, сеа уште покнап е. Lovley е убава за таа возраст, ама 6000 ден е закуп. Ако ти одговара на буџетот, можеш да ја видиш. Исто Планета Среќа во Ново Лисиче е соодветна за таа возраст. Единствено нешто што не ми се свиѓа таму е што делот за децата е одделен со ѕид од делот за возрасните и децата ги гледаш на екран што им е ставен во делот за возрасните. Инаку е преубава. Исто Happy Kids во Кисела вода е убава за таа возраст, ама и таму закуп е 5500. За под 15 деца е 4000 ден. Тие ми текнуваат во моментов, ако се сетам на уште некоја ќе ти пишам.
Искршена е цела планета среќа. Не знам кога успеаа децана да ја искршат. Ние славевме роденден крај на октомври се разочарав. Скоро сите играчки искршени.
Офф како бее?! Не сме биле ние од септември, па не знам у какво стање е. Штета, баш убава игротека...
Мислам дека сите игротеки ги поминав закажав денес во Дримпарти. Големка е, убав простор имаат за возрасни, а што ми беше најважно е да има активности за 2 годишни. 2000 денари закуп Ако некој од вас славел таму, ме интересира дали сте задоволни
И ние закажавме крај на септември, и баш се разочарав на денот на роденден. Тие инструментите за свирење искршени, фудбалчето, маркетот, сите играчки беа фалични.
Одиме редовно на играње, детенце скоро 3 години, цела ја трча, има играчки за помали, ама он се пентари, скока по трамболина, тобогани, за таа возраст е супер, не знам точно колку место има за возрасни, ама не е премал тој дел. Нас ни одговара и оваа игротека, може да се качи до горе, скока и си игра и кај топчињата и кај делот за помалите деца
Ауу стварно? Како бе,си натпишувале или многу скапи се? Фуј баш штета,значи со ова игротекиве човек да не знае...
18.000 плати за 28 гости. Најголем дел кафе пиевме...и јас сум од тој реон со истата мака, 1 месец се тупам кај да славиме..
Прошла недела бевме онака на играње. За нас две мајки кафе и сок, за 3 деца по еден густ сок, и плус за играњето, 1100ден вкупно. За споредба вчера во друга игротека во ново лисиче скроз исто седевме и пиевме, плативме 580ден. Да не правам муабет дека во Штрк е 5000ден закуп за роденден, а внатре дали 35 луѓе собира. Јас сфаќам дека се нови, убави играчки, ама нека не се занесуваат. Јас секоја недела одам во некоја игротека, барам за роденден за зимава, не можам да речам дека некоја апла не ми се свиѓа, ама да платиш негде дупло, а минимална разлика во услуга и услови да има, нема никаква смисла.
@azelea Имаме отидено само за игра, се плаќа 200 ден. од дете, колку време сакаш се седи, во таа цена има и сокче за детето. Но, е за до 3-4г. возраст. @Spidy Која е таа игротека во ново лисиче и колку се плаќа од саат за дете?
Toy&Joy кај рамсторот позади ново лисиче. Мислам дека беше 100ден без ограничено време, не ја загледав сметката, вкупно сосе пијачките беше 580ден. Големите ни се скоро 6год, малиот 2ипол, сите тројца убаво си поминаа. Не е многу голема, ама според мене сосема доволно играчки има.
Да стварно се занесуваат со цените,ако е така тогаш се скапи ..И јас барам за јануари исто,сакав во Лавли ама термин нема на нашиот ден и сега барам друга низ Аеродром.Лани славевме во Бајка ,ама некако малку играчки имаат,4 ти родеден ни е и си сака кујнички,шминкерници тие им се интересни а ваму нема ништо такво или нешто за пеење. Исто има една на 3 та Македонска бригада,Спиди ѕирни ја може за твојата ќе одговара интерактивна е некако. https://www.facebook.com/kinderkafeskopje
На список ми е да ја посетам, ама јас имам мака со број на возрасни. Затоа сега шетам по игротеки, со свои очи да видам колку место има, да не ми викаат собира 50, а реално имаат 6 маси и со 30 веќе е гужва. Обично не ставаат многу слики од масите, само од делот за децата.