И ние секој викенд со истите маки Ние планираме во Астера. Можеш Дион, Бедром ако сакаш ресторанче + игротека. Не се нешто вау, ама тој е изборот. Од игротеки Лавли, Хепи Кидс, Штрк, Планета Среќа, Тој енд Џој, Мојот Свет (ова реонски аеродром -кисела вода). Ваљда немаат родендени толку рано. Ако ти текне нешто друго, пиши. Од пред 7 сме будни, више 2 живота изживеавме
Сите игротеки ќе ги лајкнеш на инста и секое сабајле ставаат на стори дали има слободни термини за игра. Секој ден ги следам, па ако ми текне денес негде да одам да си знам каде е слободно.
Немам инста, олд скул вртев кај сите. Штрк имаа слободно па поигравме, не е лоша игротеката ама посолени цени дефинитивно, барем од другиве.
од Грил енд гарден тие што се нарачувале за роденден дали пакетите им се за толку луѓе или повеќе има? Пример ако земам пакет за 30 луѓе дали е како за 35 или баш си е точно пресметано. И секако дали сте задоволни од истите?
За 30 луѓе ни рекоа да нарачаме од менито за 20 луѓе и една третина храна остана. Зборам за 2 саати роденден во игротека. Храната е вкусна, разновидна и тазе. На повеќе родендени сум го начекала кетерингот, никогаш не недостасувало храна.
Да ви препорачам едни многу многу подобри: https://www.instagram.com/d.gozba?igsh=cXUwNTh2ZThpamt5. Лани за роденденот на синко од тука порачавме, немаше кој не ми ја пофали храната и речиси сите гости нарачаа од тука. Немам подобар кетеринг пробано до сега.
Moже е не е најсоодветната тема но не најдов друга соодтветна гледам почнуваат новогодишни фотосесии? Имате некој да препорачате ао убава средина и окау цени? Лани не успеавме ни во еасте гате што беа да се сликаме па годинава сакаме порано
Бевме прееска во wowland, па до joyland. Првата е преубава и делот за возрасни е убав и простран, плус со затворенава тераса е топ за пушачи, ама дефинитивно за поголеми деца. Мн малку играчки има за помали деца, мојов е плашлив се качи нагоре низ јажињата и почна да плаче, така да ја отпишавме. До joyland само поминавме да прашаме за цени и термини, убава изгледаше и голема е, имаше дел со повеќе играчки за мали а и делот за поголемите не беше толку висок. Едино делот за возрасни е потесен ама мислам ќе собере 40 луѓе со тоа шо секако некои ќе се стани седни со деца. Мислам таму ќе закажам се надевам убаво ќе пројдеме. п.с. дефинитивно лавли има причина за цената шо ја држи, 10 пати повеќе играчки има од игротекиве кои што ги видов деновиве.
Која е цената сега за во лавли за закуп? Да се согласувам супер е сли за паркинг е хаос и таму ретко која игротека има се хаха
Помина и нашиот роденден. Презадоволсни од WowLand дури и пријатно изненадени. Надворешниот дел им е затворен така да доста комотна е за оние кои имаат поголема бројна на возрасни гости. Децата се изнаиграа не ги осетивме дека се таму, возрасните гости редовно услужени друри келнерот трчаше по мене да ме праша што сакам да ми донесе зошто само јас не сум нарачала ништо. Девојчињата исто така присутни со паметот и услужливи. Од сметката пријатно изненадена за 30-35 гости плативме 9000 денари дури поефтино од лани во Плеј. Закупот 5000 денари. Единствено нешто што претплатив беше јадењето,нарачав од 2 сестричиња не класичен кетеринг туку 40 врапови (кои се всушност 20 на пола сечени) 40 канапеи лапни-голтни и оние од француско лепче како мали кришки машкани со крем сир/павлака и сл и 2 даски похованици. Се вклупно ме кошташе 9.400 што според мене е некако многу ама ајде пројде наредна година ке барам некоја поефтина варијанта. Се на се презадоволна од игротеката и целата организација околу роденденот. BTW керче полнеше 4 години и повеќето деца беа околку нејзина возраст така да им беше забавно не видов некое дете да се досадува и сл.
Кетерингот мораше од 2 сестричиња? Пошто и ние кога бевме од кај нив беше, а гледам и на страната ги ставаат. Стварно е ту мач 9500 за не цели 2 саати.
Премногу, маж се шокираше коа му кажав колку пари треба да дадеме. Не знам мислам дека нарачав во 5-12 пошто некако првиот план ми беше од Силбо да земам мини сендвичиња, од тие малите пици, бисерки ама се залажав со овие како боље да изгледа и ме изгореа. За наредна год деф нема да земам од нив, иако доста квалитетно им беше јадењето го пофалија гостите.
И јас имав првично нарачано од таму па и откажав пошто некако многу ми се виде. Сега во недела ќе видиме од grillandgarden како ќе биде